Претходна статија
Охрид конечно ќе работи на изработка на сообраќајна студија
Следна статија
Прилеп ќе купува нови автобуси за градскиот превоз

Ќе се реконструира плоштадот „Чинарот“ во Охрид

Објавено на 07.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Идејно архитектонското решение на авторот Климе Малезан се стекна со првата награда на распишаниот Конкурс за реконструкција на охридскиот плоштад „Чинарот“. Авторот ја доби првата награда во износ од 100.000 денари, додека второнаградениот труд со 30.000 денари е дело на „Хидро Градежен Инженеринг“ од Скопје. На архитектонскиот Конкурс распишан од општина Охрид кон крајот на март годинава учествувале двајца учесници, се наведува во објавените резултати на Електронскиот систем за јавни набавки.

 

 

Општинските власти планираат да ја опфатат јавната површина на потегот од булеварот „Туристичка“ до самиот чинар во правец исток – запад и од постојниот паркинг до крајот на чаршијата во правец север – југ. Со проектот би се извршило поплочување на плоштадот „Чинарот“, поставување на нови канделабри и урбана опрема и партерно уредување околу самиот чинар. Постојниот паркинг би се отстранил, а планирано е со зафатот да се изврши и реконструкција на фонтаната.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk