Претходна статија
Забрзано се работи на рехабилитација на магистралниот пат Гостивар - Кичево
Следна статија
Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се продолжи до скопската обиколница

Ќе се работи на проектна документација за експресен пат Битола – Меџитлија

Објавено на 08.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

ЈП за државни патишта во претстојниот период планира да избере компанија што ќе ја изработи техничката документација за идниот експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија. Ова јавно претпријатие објави покана за учество во спроведување на технички дијалог, со што секоја заинтересирана фирма најдоцна до 19 јуни може да достави свои предлози и коментари за претстојниот тендер за избор на проектантско биро што би ја комплетирало техничката документација.

 

ЈП за државни патишта планира наеднаш да ја комплетира целосната документација – идеен проект, проект за инфраструктура и основен проект за идната делница со должина од околу 20 километри, која што ќе ја вклучи и изведбата на обиколница на Битола. Рокот за изведба на целокупната техничка документација е 18 месеци од склучувањето на договорот. Експресниот пат Битола – Меџитлија би постанал составен дел од паневропскиот Коридор 10д, а од грчка страна би се поврзал на автопатот A27.

 

Грција уште пред три години ја заврши изградбата на модерен патен правец кон граничниот премин со Македонија. Целокупната траса од 78,5 километри во моментов е комбинација од автопат и експресен пат, којшто до 2025 година е предвидено да прерасне во автопат долж целата траса. Автопатот А 27 се поврзува со главниот грчки автопат „Егнација Одос“, којшто обезбедува врска на југозападниот дел од Македонија со Солун и пристанишниот град Игуменица на Јонското море.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk