Претходна статија
И во Дојран ќе се одржи референдум за рудникот во Казандол
Следна статија
Распишан повикот за надомест на трошоците за купување велосипед во Скопје

Ќе се проширува градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче

Објавено на 12.05.2017 во категорија Вести.

 

Општина Аеродром спроведува тендер за доградба на објектот „Буба Мара“ на детската градинка „Буба Мара“ во скопската населба Ново Лисиче. Проектот предвидува објект со приземје и еден кат, со вкупна површина од околу 1.200 метри квадратни и капацитет да згрижи повеќе од 250 дечиња. Во рамки на приземјето се предвидени четири занимални за деца на возраст од 2 до 4 години. На катот, пак, ќе бидат изградени четири занимални. Доградбата ќе има и сопствени санитарни јазли и кујни, како и канцеларии и гардероби.

 

Објектот е предвидено да ги задоволи законските мерки за енергетска ефикасност и да биде изграден од еколошки прифатливи материјали. Проценката на општината е дека инвестицијата ќе биде во висина од околу 45 милиони денари.