Претходна статија
Проектот „Скопје 2014“ е стопиран од Владата, но не и од Народната банка
Следна статија
Кулуминира револтот против изгласувањето нов ДУП за Карпош 3

Ќе се пробива улицата „Васко Карангелески“ кон булеварот „Трета Македонска бригада“

Објавено на 30.08.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје објави оглас за избор на проектант што ќе го изготви инфраструктурниот проект и основниот проект за пробивање на улицата Васко Карангелески“ кон булеварот „Трета Македонска бригада“ во населбата Аеродром. Зафатот би се извел на недовршената траса кај Воениот музеј, со што булеварот „Јане Сандански“ би добил дополнителна сообраќајна врска во правец кон железничкото депо „Лисиче“. Градските власти процениле дека за проектната документација ќе бидат потребни околу 960.000 денари. Заинтересираните субјекти имаат рок до 18 септември за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка.

 

*Булеварот „Трета Македонска бригада“ би се поврзал со улицата „Васко Карангелески“

 

Градските власти пред неколку дена ја завршија реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Јане Сандански“ до раскрсницата со булеварот „АСНОМ“.