Претходна статија
Објектот на Министерството за транспорт и врски се подготвува за пуштање во употреба
Следна статија
Излагање на архитект Мартин Пановски на Архитектонскиот факултет при УКИМ

Ќе се изработуваат проекти за изградба и реконструкција на градинки

Објавено на 30.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за труд и социјална политика денеска го објави огласот за избор на проектантско биро што ќе ја изработи неопходната документација за реконструкција на постоечки објекти и за изградба на нови детски градинки во земјава. На министерството му е потребна комплетна проектна документација – основен проект со сите фази, проект на изведена состојба (во случаите кога тоа е потребно) и ревизија на основниот проект. Капацитетот на детските градинки и локациите за нивна изградба ќе бидат дополнително дефинирани.

 

 

Како што се наведува во огласот објавен на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, заинтересираните фирми ќе имаат рок до 11 декември за да ги достават своите понуди до надлежното министерство. Изработката на проектната документација е проценето дека ќе чини околу 1,2 милиони денари. Најповолниот понудувач ќе има рок од 30 дена од денот на прием на нарачката за да ја изработи проектната документација за идните детски градинки.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk