Претходна статија
Делови од скопската обиколница ќе треба одново да се градат
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се издигнува „барокниот“ објект на АДСДП кај МОБ

Ќе се гради спорниот плоштад во населбата Карпош 4

Објавено на 09.08.2016 во категорија Вести.

Општина Карпош ја избра фирмата „Лутарико“ од Скопје за изведба на градежниот дел од плоштадот во скопската населба Карпош 4. Според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, јавната површина од 2.900 метри квадратни треба да биде завршена најдоцна за 12 месеци. Договорот за изградба бил склучен кон крајот на јули и е во вредност од 18,8 милиони денари. Дополнителни средства ќе се одвојат за поставување на целокупната опрема на плоштадот, вклучувајќи го и хортикултурното уредување на локацијата. Од општина Карпош пред неколку месеци информираа дека на просторот ќе се изведе и детско игралиште.

 

 

 

Најавениот плоштад во населбата Карпош 4 е спорен за дел од жителите од околните згради, кои во март излегоа на протест против намерите на локалните власти да градат плоштад. Тие се жестоко против поставување на бетон на местото на постоечкото зеленило и преку социјалните мрежи укажуваа дека плоштадот ќе им донесе и многу врева на станарите, а дека сегашното зеленило им е доволно за одмор и рекреација.