Претходна статија
Потврдена подршката од Светската банка за Луково Поле
Следна статија
Потпишани договори за реализација на колонадата од Скопје 2014

Ќе се градат две згради спроти „Бристол“, ќе се затвора Зеленото пазарче

Објавено на 26.09.2011 во категорија Вести.

Невообичаено, во 5 часот наутро помеѓу петок и сабота советниците од општина Центар ги донесоа измените на Деталниот урбанистички план „Го­лем ринг,  ју­жен дел – ис­ток“ (потегот помеѓу Старата железничка станица и големиот паркинг кај Холидеј Ин) за изградба на две нови десеткатни згради во зелениот простор спроти хотелот „Бристол“, за изградба на катна гаража кај зградата на „Автомакедонија“, за затворање на Зеленото пазарче и за изградба на новопроектирани улици.

 

Според најновите измени на ДУП-от, просторот на сегашното Зелено пазарче ќе се пренамени во парковско зеленило и место за спорт и рекреација. И покрај собраните потписи од 1.400 граѓани од урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ против изгласаните измени од Советот на општина Центар, во парковското зеленило спроти хотелот „Бристол“ ќе се градат два нови административни објекти со височина од 29 метри.

 

ДУП Голем ринг, јужен дел - истокСпорните новопредвидени административни објекти во паркот спроти Хотелот Бристол, кои предизвикаа најогорчени реакцииДел од паркот спроти Хотелот Бристол

 

 

Бојан Блажевски