Претходна статија
Високоградбата останува примарен двигател на градежниот сектор во земјава
Следна статија
Утре јавна дискусија во „Кино Култура“: Што треба да се прави со „Скопје 2014?“

Ќе почекаме за реконструкција на Кејот „13 Ноември“ во Скопје

Објавено на 28.06.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје го поништи тендерот за избор на изведувач за реконструкцијата на Кејот „13 Ноември“. „Договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на Законот за јавните набавки согласно членот 210 од Законот“ е наведено во образложението на градските власти објавено на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Тендерската постапка беше распишана на почетокот од март годинава, во период кога стана актуелна изградбата на надземната улица на скопското шеталиште.

 

 

Реконструкцијата на скопскиот кеј требаше да се реализира со финансиски средства во износ од 58 милиони денари. Градежниот зафат беше планиран на потегот од Камениот мост до хотелот „Холидеј Ин“. Овој сегмент од централното градско подрачје во моментов се наоѓа во незавидна состојба. Клупите и останатата урбана опрема се испокршени, додека од некогашното партерно уредување се останати големи дупки кои сметаат во движењето на пешаците и велосипедистите. И покрај поставената рампа, на целиот потег се движат автомобили, со што се загрозува безбедноста на пешаците за кои е наменет овој јавен простор.