Претходна статија
Отворени објекти за фитосанитарна и ветеринарна инспекција на ГП Блаце
Следна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Десетици земји му подарија свој објект на разрушеното Скопје

„Карпош АД“ ќе го надградува булеварот „Босна и Херцеговина“

Објавено на 25.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ја избра компанијата „Карпош АД“ за изведувач на првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“ во населбата „Скопје север“. Во првичната етапа ќе се работи на трасата од булеварот „Словенија“ до булеварот „Хрватска“, во должина од 1.366 метри. На распишаниот тендер учествувале 7 градежни компании, при што избраниот изведувач доставил најниска цена за изведба на проектот. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Градот Скопје за првата фаза од овој проект ќе издвои 149.777.324 денари.

 

 

Првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“ е предвидено да се заврши во рок од 18 месеци. Градежниот зафат ќе се одвива по основниот проект изработен од „ГЕИНГ КуК“ од Скопје. На пократок рок, изведбата на оваа фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“ ќе овозможи побрзо и побезбедно движење на жителите од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk