Претходна статија
Во Тетово ќе се гради театар и библиотека
Следна статија
Хипериум ги отвора вратите

Камен темелник за зграда на Обвинителството и Финансиската полиција

Објавено на 12.10.2010 во категорија Вести.

Извадок од ДУПЗапочна изградбата на уште еден објект од проектот „Скопје 2014“. Вчера официјално беше удрен камен темелник на нова зграда за Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција, лоцирана на кејот на Вардар, на платото пред Македонската опера и балет. Засега обвинителството е кираџија во објектот на ССМ, а финансиската полиција е сместена на улица Димитрија Чуповски, близу нејзиното матично Министерство за финансии.


Објектот ќе има цилиндрична форма и ќе располага со површина од 9.620 метри квадратни. Реализацијата на овој проект ќе чини 813 милиони денари, односно над 13 милиони евра. Изведувач е „Бетон“ А.Д. Скопје, а ангажирани се уште дваесетина други фирми како подизведувачи и слично. Се проценува дека во изградбата секојдневно ќе бидат вклучени помеѓу 150 и 200 луѓе. Рокот за завршување на градежните работи е 12 месеци.



Форумска дискусија за овој проект » овде