Претходна статија
Граѓаните и компаниите од денеска ќе имаат он-лајн увид во сите урбанистички планови
Следна статија
Со „Виз ер“ од јули ќе се лета од Скопје кон Малта, Рим и Ваксјо

Јавен повик за доставување на предлози за изработка на ДУП-ови

Објавено на 28.02.2017 во категорија Вести.

 

Министерството за транспорт и врски денеска го објави јавниот повик за доставување на предлози за изработка на урбанистички планови, регулациски планови на Генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации. Повикот до локалните самоуправи, општините во градот Скопје и Градот Скопје е отворен до 1 април, при што предлозите до надлежното министерство може да се достават во електронска или во писмена форма. Во согласност со Годишната програма, проектната документација за 2017 година ќе се изработи од Агенцијата за планирање на просторот.

 

Изработката на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации утврдени во Годишната програма ќе се финансираат од државниот буџет, со можност средствата да бидат обезбедени и од општинските буџети и од заинтересирани правни и физички лица.