Претходна статија
Скопска Топаана бара нормални услови за живот
Следна статија
ААМ ќе побара ревизија на „Скопје 2014“

Изложбен центар за електрична енергија отворен во Матка

Објавено на 10.05.2017 во категорија Вести.

 

Дел од старата хидроелектрана „Матка“ од денеска е Изложбен центар за електрична енергија. Станува збор за прв ваков објект отворен во поширокиот регион низ кој е прикажана историјата на производство на електрична енергија во Македонија и промените што настанале со електрификацијата. ЕВН Македонија инвестираше во ревитализација на некогашната хидроелектрана, која се става во функција на натамошен развој на туризмот во кањонот Матка.

 

 

Покрај експонатите со историска содржина, Изложбениот салон се состои од експонати за различни типови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, интерактивна плазма панели и плазма топка, како и Ван де Графт Генератор. „Изложбениот центар „Матка“ го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест и се надеваме дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма“ изјави Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

 

Покрај употребата на Изложбениот центар за образовни намени, просториите од овој сегмент на хидроелектраната „Матка“ од денес се отворени за индивидуални и групни посети на сите посетители на локалитетот Матка.