Претходна статија
Отворена изложбата „Скопските вертикали“ - приказна за 50 висококатници на Скопје
Следна статија
Архитектонски конкурс за изведба на едукативна просторна инсталација во паркот во Чаир

Избран дизајнот на опремата за организирање на изложби на отворено во Скопје

Објавено на 09.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Град Скопје го избра идејното решение на авторката Македонка Тошевска како најсоодветно при идната изведба на монтажно – демонтажни елементи за изложби под отворено небо во главниот град. На распишаниот конкурс од пред еден и пол месец биле доставени два труда, се наведува во резултатите објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки. Оваа авторка се стекна со првата награда во висина од 90.000 денари. Избраниот дизајн ќе се употреби при поставување на предвидената опрема на јавните површини во Скопје – подвижни преградни ѕидови, постамени за скулптури и дрвени штафелаи.

 

„Со овој проект ќе се овозможи аматерите и професионалните работници од областа на културата и уметноста почесто да ги промовираат сите активности преку користење на јавните простори за презентирање на своите содржини“ беше наведено во Конкурсот објавен од Град Скопје кон крајот на март годинава.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk