Претходна статија
„Емпорио Мол“ предизвика судир меѓу СДСМ и општина Ѓорче Петров
Следна статија
Природниот гас ќе стигне до Тетово и Гостивар за две години

И во Кавадарци ќе се изведуваат енергетско ефикасни фасади на колективните згради

Објавено на 14.03.2017 во категорија Вести.

 

Општина Кавадарци објави јавен повик за прибирање на барања од граѓаните за остварување на правото за реконструкција на фасадите на станбените згради во градот. Градежните активности предвидуваат поставување на термоизолациски фасади и покривни конструкции на колективните згради. Проектот е првенствено насочен кон објектите во кои живеат семејства со ниски примања. Локалната самоуправа ќе направи рангирање на пристигнатите барања од граѓаните, по што ќе се одлучи кои станбени објекти ќе бидат вклучени во проектот.

 

 

Општина Кавадарци ќе покрие 25 отсто од вкупниот износ на секоја одобрена апликација. Финансиските средства ќе бидат доделени во форма на субвенција. За оваа намена од општинскиот буџет се обезбедени 1 милион денари. Останатите средства за градежните зафати ќе треба да бидат обезбедени од станарите, при што на жителите на зградите им се нудат кредити на седум годишна исплата, со 5% камата. Проектот се реализира во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, кое работи во склоп на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.