Претходна статија
ЈСП ќе почне со замена на старите билетарници
Следна статија
Во завршна фаза е изградбата на новото шеталиште во Охрид

И во Битола ќе се субвенционира купувањето на печки на пелети

Објавено на 21.02.2017 во категорија Вести.

 

Општина Битола од буџетот за 2017 година ќе издвои 6 милиони денари за субвенционирање на купувањето печки за греење на пелети од страна на граѓаните. Јавниот оглас ќе биде објавен кон крајот на февруари, а пријавувањето на граѓаните ќе трае до 31 март. Локалните власти планираат да извршат поврат на финансиски средства во износ од 20.000 денари за секое домаќинство што ќе купи ваков уред за греење. Очекувањата се дека со проектот ќе се набават околу 300 печки за греење на пелети, со што ќе се ублажи проблемот со загадувањето на воздухот во Битола во текот на зимските месеци.

 

 

Како и во случајот со Скопје, битолските домаќинства ќе треба да достават барање за надоместок на купеното грејно тело во рокот пропишан за пријавување. Заедно со апликацијата, тие треба да достават фискална сметка или друг доказ за набавената печка за греење на пелети. Барањата на граѓаните ќе бидат разгледани од страна на општина Битола, по што ќе се реализира повратот на финансиските средства. Заедно со локалните власти од Битола, во наредниот период и Градот Скопје треба да распише оглас за субвенционирање на купувањето печки за греење на пелети за 2017 година.