Претходна статија
Распишани три тендери за реконструкција на електропреносната мрежа во Македонија
Следна статија
41,6 милиони денари за изградба на фекална канализација во прилепскиот и струшкиот регион

И неизградбата на штипскиот аеродром постана инвестиција за владата

Објавено на 12.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Наместо во натамошен развој на воздухопловниот превоз во Македонија, владата и официјално се одлучи 45 милиони евра од предвидената обврска на ТАВ за изградба на карго аеродромот во Штип да ги пренасочи за други намени од локално значење. Ваквата скандалозна одлука од владината прес – служба во денешното соопштение се оквалификува со терминот „инвестиција“. Премиерот Зоран Заев остварил средба со главниот менаџер на групацијата ТАВ Мустафа Сани Шефер, на која биле утврдени приоритетите за пренасочување на финансиските средства од 45 милиони евра во други проекти.

 

 

„Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациони мрежи и локални и регионални патишта, она што им е реално потребно на нашите граѓани“ изјавил премиерот Зоран Заев. Од турската компанија ТАВ изјавиле дека ќе ја спроведат донесената одлука од извршната власт. Од македонската влада не излегоа со информации за тоа дали ја вклучиле експертската јавност при донесувањето на одлуката за пренасочувањето на инвестициите од воздухопловниот превоз во канализациони системи.

 

Покрај доделените 45 милиони евра за проекти од локално значење, турски ТАВ во наредните години ќе треба да инвестира и 15 милиони евра за обнова на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Од владата немаат соопштено никаква информација во врска со реализацијата на овој проект, иако истиот веќе беше обелоденет од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Во предизборната програма на СДСМ, но и во актуелната владина програма за работа, е споменато ветувањето за изградба на ново железничко поврзување на скопскиот аеродром со главниот град, но ниту еден чекор за реализација на ова ветување не е направен.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk