Претходна статија
ЕЛЕМ ќе вложи 270.000 евра во проекти и истражувања на обновливите извори на енергија
Следна статија
ЕЛЕМ сака модерна фасада на заедничкиот објект со ЕВН

Хил интернешнл и ЕЖИС ќе го вршат надзорот над изградбата на патот Градско – Дреново

Објавено на 09.11.2017 во категорија Вести.

 

Американската компанија Хил интернешнл, заедно со француската фирма ЕЖИС, ќе бидат вклучени во надзорот на градежните работи за изведба на експресниот пат Градско – Дреново. Договорот е склучен со македонската влада и е со времетраење од 50 месеци. Неговата вредност е 3,57 милиони евра, од кои трошоците на Хил ќе бидат 1,3 милиони евра, соопштуваат од оваа компанија. Изградбата на оваа делница од експресниот пат Прилеп – Градско веќе ја најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

 

Вкупната должина на трасата е 15,5 километри. Со проектот е предвидено да се изведат пет нови вијадукти, две клучки, четири подвозници, четири надвозници и останати објекти на патниот правец. Изградбата на делницата од Градско до Дреново треба да започне до крајот на годинава, а рокот за нејзина изведба истекува до крајот на 2019 година. За нејзината реализација беше одобрен неповратен грант во висина од 35,4 милиони евра од страна на Европската унија.

 

 

» Форумска дискусија за експресниот пат Градско – Прилеп