Претходна статија
Ќе се градат две училишта во скопски Хиподром и во тетовско Фалише
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Отворена новата Филхармонија

Груевски не одмина да го посети објектот за ФДУ и јавна администрација

Објавено на 20.05.2017 во категорија Вести.

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и денеска продолжи со посетата на објекти од проектот „Скопје 2014“. Тој изврши увид во градежните работи на објектот за Факултетот за драмски уметности и јавна администрација, чие пуштање во употреба доцни речиси две години. Во објектот со приземје, седум ката и поткровје се потрошија над 20 милиони евра од државниот буџет. „Вкупно 11 институции се прекрасно замислени, со сопствен простор, а тоа е најважно бидејќи претходно тие во минатото беа под ќирија“ посочува Никола Груевски во образложението за изградба на овој „барокен“ објект.

 

 

Вселувањето во новиот објект треба да заврши до јули годинава. Просториите со површина од 19.134 метри квадратни ќе бидат распределени за потребите на Факултетот за драмски уметности, но и за канцеларии на Управата за финансиска полиција, Комисијата за односи со верски односи, Агенцијата за администрација, Агенцијата за планирање на просторот, Државниот завод за индустриска сопственост, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Бирото за регионален развој и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, Дирекцијата за технолошки и индустриски зони и дел од Управата за јавни приходи.

 

„Барокната“ зграда од проектот „Скопје 2014“ се изгради врз основа на идејното решение изработено од „Неимар инженеринг“. Градежните работи ги изведоа фирмите „Бетон“ и „Гранит“ од Скопје, додека фасадата на објектот е дело на фирмата „Нипром“ од Струмица.