Претходна статија
Град Скопје ќе ги зазеленува јавните површини
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Наместо во нов базен, охриѓани ќе пливаат во темелите на недоградениот објект

Грчки „Onflow“ во рок од шест месеци треба да го репарира гасоводот од Деве Баир до Скопје

Објавено на 10.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Акционерското друштво ГА – МА од Скопје ја избра грчката компанија „Onflow“ од Солун за претстојното репарирање на гасоводниот систем од Деве Баир до Скопје. Работите ќе се изведуваат во наредните шест месеци, при што за претстојниот зафат се издвоени 8.910.120 денари. Како што се наведува во информациите објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, на декемврискиот тендер учествувале две компании со своите доставени понуди. Главен критериум за избор на грчката фирма била понудената најниска цена.

 

 

Репарирањето на гасоводниот систем во сопственост на ГА – МА ќе ја вклучи неопходната санација на внатрешните и надворешните дефекти на гасоводот, на оние места каде што е појавена корозија на самите цевки. И покрај минималната должина на кородираните цевки од само 10 метри, задолжително е да се поправат оформените недостатоци на магистралниот гасовод од Деве Баир до Скопје. Ова гасоводно поврзување со Република Бугарија е единствениот извор за снабдување со природен гас на нашата земја, коешто беше изградено во 90 – тите години на минатиот век.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk