Претходна статија
Штипски „Бетон“ со загуби во работењето во првите шест месеци од 2017 година
Следна статија
Офицерскиот дом во Битола ќе биде централна тема на овогодинешниот АКТО фестивал

„Гранит“ со позитива во првото полугодие од 2017 година

Објавено на 31.08.2017 во категорија Вести.

 

Позитивни финансиски резултати од работењето на градежната компанија „Гранит“ од Скопје во првите шест месеци од годинава. Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2017 година бележат пораст од 19%, заокружувајќи ја сумата од 2.270.265 илјади денари. Остварените консолидирани вкупни приходи во идентичниот период изнесувале 2.947.486 илјади денари, што е за 7% помалку во однос на истиот период од 2016 година. Остварените единечни вкупни расходи се во износ од 2.176.830 илјади денари, односно бележат пораст од 19% во однос на периодот јануари – јуни 2016 година.

 

 

Остварените консолидирани вкупни расходи на скопски „Гранит“ се во износ од 2.743.654 илјади денари, што претставува намалување за 7% во споредба со идентичниот период лани. Во првото полугодие од 2017 година се инвестирани 133.789 илјади денари во основни средства.