Претходна статија
Скопски „Бетон“ со намалени приходи на почетокот од годинава
Следна статија
Велосипедската патека на Вардар се продолжува кон Горно Лисиче

„Гранит“ со добивка од 12,6 милиони денари во првиот квартал од 2017 година

Објавено на 15.05.2017 во категорија Вести.

 

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје во првиот квартал од годинава остварила добивка од 12.669.000 денари. Сепак, позитивното финансиско работење е намалено за 8% во однос на истиот овој период лани, покажуваат податоците од Македонската берза. Намалениот профит е последица на зголемените расходи во првите три месеци од 2017 година. Оперативните расходи на компанијата изнесувале 999.025.000 денари и истите биле зголемени за 46% во периодот јануари-март 2017 година.

 

 

Неконсолидираниот и неревидиран извештај за работењето покажува дека оперативните приходи на „Гранит“ од Скопје изнесувале 1.014.716.000 денари, односно за 38% повеќе во однос на истиот период од 2016 година. Оваа градежна фирма минатата година ја завршила со пораст на добивката од 6%.