Претходна статија
До јануари 2019 година на македонските пруги ќе пристигнат новите електрични локомотиви
Следна статија
Новиот скопски градоначалник ја сопре изградбата на 95 барокни фасади

„Гранит“ основаше нова фирма во Австрија

Објавено на 03.11.2017 во категорија Вести.

 

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје основаше ново Друштво со ограничена одговорност во австрискиот главен град Виена, со име „Гранмак – експорт импорт – ГМБХ“. „Основачкиот влог изнесува 60.000 евра. Дејност на Друштвото е трговија со стоки од секој вид, вклучувајќи трговија и извоз на стоки од секој вид, посебно градежни машини и резервни делови за такви машини, вршење на услужни дејности за други претпријатија, препроектирање, градба и надзор, инвестициони работи во странство, организација и изведба на комплексни објекти и друго“.

 

 

Од „Гранит“ засега нема податоци за идните активности што поконкретно ќе ги врши нивната нова фирма во Австрија. Во историскиот развој на оваа компанија, забележана е изведбата на поголеми проекти на австрискиот пазар. Скопски „Гранит“ има свои претставништа во Германија, Русија, Албанија, Бугарија, Украина, Хрватска и Црна Гора. Меѓу позначајните реализирани проекти во странство во последниве години е изградбата на две делници од босанскиот автопат Бања Лука – Добој.