Претходна статија
Архитектот Јан Гел в среда ќе одржи предавања во Скопје
Следна статија
Јавен повик за доставување на предлози за изработка на ДУП-ови

Граѓаните и компаниите од денеска ќе имаат он-лајн увид во сите урбанистички планови

Објавено на 27.02.2017 во категорија Вести.

 

Агенцијата за катастар на недвижности од денес им овозможува на граѓаните и на компаниите да имаат увид во урбанистичките планови за сите македонски општини преку нова он-лајн опција: http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP. Оваа алатка на катастарот беше промовирана од премиерот Емил Димитриев и од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Сите физички и правни лица можат по електронски пат да ја видат вредноста на конкретна градежна парцела, но и да проверат што е предвидено да се гради на нивното земјиште во согласност со важечкиот детален урбанистички план. Агенцијата за катастар на недвижности веќе има вклучено над 1.000 урбанистички планови.

 

 

Графичкиот регистар за градежно земјиште ги прикажува урбанистичките планови во просторот, заедно со катастарските планови. Алатката овозможува да се утврди дали на одредено земјиште е изграден објект или, пак, истото е слободно за градење. Граѓаните и компаниите можат да добијат увид за намената на одреден објект, неговата катност и површина во согласност со важечкиот урбанистички план. „Новата услуга на Катастарот ќе има далекусежни позитивни последици во работењето на градежните компании и кај луѓето, бидејќи дава огромна транспарентност, прилично голем број информации и е од голема помош“ посочи премиерот Димитриев.