Претходна статија
Со дрон ќе се откриваат загадувачите на воздухот во Скопје
Следна статија
Музејот на град Скопје со едукативен центар, кафетерија и библиотека ќе привлекува нови посетители

Градските власти го подготвуваат зелениот покрив за ГТЦ

Објавено на 13.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје во моментов ги превзема сите административни процедури околу реализацијата на проектот за изградба на зелен кров на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Откако ќе бидат склучени сите договори со институциите, ќе се пристапи со јавната набавка на проектната документација за изведба на овој проект, којшто ќе овозможи оформување на нов парк во строгиот центар на Скопје поголем од паркот „Жена борец“. Од Градот Скопје информираат дека подетални информации околу вредноста на проектот, видот на зеленилото и изведбата на неопходните инсталации ќе се знаат по изработката на проектот.

 

*Постојниот неискористен покрив на ГТЦ има површина еднаква на паркот „Жена борец“

 

„Врз основа на искуствата и резултатите од овој проект, Град Скопје во иднина би размислувал и на проширување на овие зелени покриви и на покривите на објектите на институцитие кои се во надлежност на Град Скопје“ велат за „Билд“ од градската администрација. И покрај тоа што допрва ќе се работи проектот, не е тешко да се предвиди дека зелениот кров на ГТЦ би имал далекусежни позитивни последици. До кровот на самото здание и денес е обезбеден пристап за граѓаните со скали, што значи дека идниот зелен кров би можело многу едноставно да се претвори во нов јавен простор за одмор и рекреација на граѓаните. Од друга страна, зголемената фреквенција на граѓаните како резултат на достапниот кров би овозможила покачување на атрактивноста на дуќаните што се лоцирани на двата горни ката на ГТЦ.

 

Изградбата на зелениот кров на ГТЦ би ги решила и досегашните маки на дуќанџите од горните катови, кои имаат проблеми со прокиснување при поголеми дождови. Доколку се изведе проектот, со поставување на идното зеленило ќе мора да се најде солуција и за нова хидроизолација на постојниот рамен кров. Реализацијата на овој проект ќе овозможи севкупно зголемување на атрактивноста на Градскиот трговски центар во наредниот период.

 

Од Градот Скопје посочуваат дека постапката за изработка на проектот за изградба на зелен кров на покривот на ГТЦ се прави во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) преку проектот „Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk