Претходна статија
Се продаваат локации за изградба на винарии во неготинскиот регион
Следна статија
Општина Кисела Вода продава земјиште кај паркот Шопен

Градот Скопје се подготвува за реконструкција на Кејот на Вардар

Објавено на 16.02.2015 во категорија Вести.

Уништениот скопски Кеј на реката Вардар наскоро ќе се реконструира. Девастираното шеталиште ќе добие нов лик, со што ќе се реши и проблемот со континуираното паркирање возила на овој дел од централното градско подрачје. Градот Скопје објави оглас за избор на проектантско биро што ќе го изготви основниот проект за реконструкција на партерното уредување на кејот, на потегот од Камениот мост до хотелот Холидеј Ин.

 

 

 

За изработка на неопходната документација е предвидено да се издвојат 1.525.424 денари, без вклучен ДДВ. Понудите од субјектите заинтересирани за учество на огласот треба да се достават најдоцна до 9 март. Градот Скопје планира да ја почне реконструкцијата на Кејот на Вардар откога ќе завршат градежните активности, кои во моментов се одвиваат во овој дел од центарот на градот. Засега е непозната висината на финансиските средства што е предвидено да се потрошат за уредување на омиленото шеталиште на граѓаните. „Билд“ уште во октомври минатата година пишуваше за хаотичната состојба во која се наоѓа скопскиот Кеј.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски