Претходна статија
Автобускиот превоз во подем во второто тримесечје од 2017 година
Следна статија
Се реконструира игралиштето кај салата „Партизан“ во Центар

Градот нема да ја финансира изградбата на Панорамското тркало

Објавено на 18.08.2017 во категорија Вести.

 

Електронска наплата на билети и поставување на автоматски локатори во сите автобуси од јавниот превоз во Скопје. Градските власти тврдат дека за оваа намена ќе се потрошат издвоените 210 милиони денари од локалниот буџет, кои беа одобрени на последната седница на Советот на град Скопје. Од Градот Скопје ги негираат тврдењата на СДСМ дека издвоените средства ќе се наменат за доградба на Панорамското тркало. „Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа информација е неточна и дека овие средства немаат никаква врска со изградбата на овој објект“ велат од Град Скопје.

 

 

Тие наведуваат дека двата проекти за осовременување на јавниот превоз во Скопје чинеле околу 3 милиони евра. Субвенциите од Градот Скопје ќе се наменат за имплементација на електронската наплата на билети во скопските автобуси, која започна да се спроведува уште од 1 јануари годинава. Воедно, со овие средства ќе се имплементира проектот за автоматска локација на автобусите, за што веќе се поставени преку 50 информациски дисплеи на автобуските постојки во Скопје.

 

СДСМ пред два дена го обвини Градот Скопје дека планира да ја продолжи изградбата на Панорамското тркало во центарот на Скопје. Тие посочија дека моделот за субвенционирање на ЈСП-Скопје се искористува за затскриено финансирање на натамошната изградба на контроверзниот објект од проектот „Скопје 2014“.