Претходна статија
Петта сесија на меѓународната Летна школа за архитектура во Охрид
Следна статија
Ќе се решаваат пропустите при адаптацијата на арената „Филип Втори“ за Супер купот на УЕФА

Градежните фирми лани потрошиле повеќе градежни материјали

Објавено на 23.06.2017 во категорија Вести.

 

Зголемениот обем на работа на градежните компании во 2016 година довел до раст на потрошувачката на градежни материјали и енергија. Според податоците на Државниот завод за статистика, деловните субјекти кои вршат градежна дејност лани потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 12.925.251.000 денари, што е за 11,1% повеќе во однос на 2015 година. При изведбата на новите објекти, компаниите најмногу средства одвоиле за материјалите за врзување, за кои се потрошени 4.630.015.000 денари.

 

 

Деловните субјекти од градежниот сектор за потрошеното гориво издвоиле 1.774.866.000 денари, додека за изолациските материјали и премази при изведбата на проекти се потрошени 1.487.167.000 денари. Во текот на минатата година најмалку средства од градежните компании биле одвоени за материјалите за покриви, кои учествувале со само 11.325.000 денари при изведбата на новите објекти.