Претходна статија
70 милиони денари за нови водоводи во Виница и Желино
Следна статија
Ново одложување на пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица

Градежниот сектор оптимистички гледа на иднината

Објавено на 10.10.2017 во категорија Вести.

 

Македонските градежници во третиот квартал од 2017 година имале оптимистички ставови за идните придвижувања во нивниот сектор. Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2017 година е еднаков како и во второто и изнесува 10,9 проценти, а зголемен е за 2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година. Државниот завод за статистика во најновиот извештај наведува дека очекувањата за вкупните порачки за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје.

 

 

Раководителите на градежните компании очекуваат намалување на бројот на вработени во наредните три месеци. Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на претходниот квартал, а поповолна во однос на третото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки на нивните деловни субјекти е поповолна, а оценката за финансиската состојба е понеповолна во однос на претходното тримесечје.

 

Во наредниот период се очекува продажните цени во градежништвото да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата. Најголемо влијание врз ограничувањето на подобрувањето на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22,6%, нема побарувачка со 16,8%, конкуренција во сопствениот сектор со 14,5%, и зголемени финансиски трошоци со 12,8%.