Претходна статија
Втор обид за избор на идејно решение за катната гаража во Охрид
Следна статија
Пет нови станбени згради ќе никнат во населбата Маџари

Град Скопје упорен во намерата да изгради 20 „барокни“ сендвичарници

Објавено на 13.07.2016 во категорија Вести.

И покрај тоа што претходниот обид заврши без интерес од приватниот сектор, градските власти се упорни во намерата да го преплават централното градско подрачје со 20 „барокни“ сендвичарници. По втор пат годинава, дневните весници денеска осамнаа со огласот на Град Скопје за изведба монтажни демонтажно објекти на различни локации во главниот град. Заинтересираните компании имаат можност да ги добијат на користење овие објекти од „Скопје 2014“ за период од 15 години. Замислените „барокни“ сендвичарници ќе се градат врз основа на изготвениот авторски труд на Жарко Чаушевски, кој беше избран уште пред неколку години.

 

 

 

Фирмите кои имаат намера да учествуваат на распишаниот оглас ќе треба да ги достават документите најдоцна до 16 септември. Усното јавно наддавање за поставување на објектите во „барок“ стил ќе се одржи на 23 септември. И покрај континуираниот напор да ги продаде локациите за поставување на ваквата урбана опрема, на територијата на Скопје досега не проработе ниту една од овие „барокни“ трафики.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk