Претходна статија
Одложено уредувањето на Спомен костурницата во Неготино
Следна статија
10.141 жители на Валандово ќе одлучуваат в недела за рудникот „Казандол“

Град Скопје по секоја цена сака да ја продолжи изградбата на Панорамското тркало

Објавено на 16.08.2017 во категорија Вести.

 

Откако новата влада одлучи да го сопре финансирањето на Панорамското тркало, Градот Скопје се обидува самиот да ја продолжи изградбата на овој контроверзен објект од „Скопје 2014“. Драги Давчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, обвинува дека модел за субвенции за ЈСП-Скопје се искористува за покривање на изградбата на Панорамското тркало. „На овој начин, ЈСП ќе добие субвенции од 3,5 милиони евра, не за санкционирање на потешкотиите во јавниот превоз, туку за Панорамското тркало за кое имавме разумен предлог за негово стопирање и конзервирање“ вели  Давчевски.

 

 

Градските власти преземаат вакви чекори откако централната власт ги прекина донациите од државните институции за Панорамското тркало. Од СДСМ истакнуваат дека сето ова се случува во услови на остварување на буџетот на Град Скопје од под 30% за период од првите шест месеци. Со ребалансот на градскиот буџет се зголемуваат средствата за Панорамското тркало.

 

Изградбата на оваа градба од проектот „Скопје 2014“ ќе чини околу 20 милиони евра. Инвеститори формално се ЈСП и Градот Скопје, но во изминативе три години за панорамското тркало беа префрлени милиони евра од неколку владини институции. Новата власт на СДСМ веќе им предложи на градските власти проектот да се пренамени во пешачки мост за граѓаните.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект