Претходна статија
Обновена четвртата фасада од старата градска архитектура во Штип
Следна статија
Опасност за пазарот на недвижности, граѓаните не купуваат станови

Гостивар со „Мост на демократијата“ го премости Вардар

Објавено на 13.04.2017 во категорија Вести.

 

Градоначалникот на општина Гостивар Невзат Бејта денеска го пушти употреба новиот мост и улица во градот. „Мостот на демократијата“ и сообраќајницата ги поврзуваат улиците „ЈНА“ и „Живко Брајковски“ и две населби на бреговите на Вардар. Со реализираниот проект се растоварува сообраќајниот метеж во центарот на градот, а се обезбедува и побрз проток на возила. Новиот мост е долг 42 метри и широк 20 метри. Инфраструктурниот објект се состои од четири коловозни ленти, велосипедски патеки и тротоари. Во проектот се инвестирани 23,6 милиони денари (околу 380 илјади евра) обезбедени од Фондот за развој на инфраструктурата на општините од Луксембург.

 

„Од сите проекти што ги имаме реализирано најзначаен проект е мостот и отворањето на новата улица. Овој проект на кој нашите сограѓани чекаа со децении сега стана реалност“ изјави градоначалникот Невзат Бејта. Изградба на „Мостот на демократијата“ почна лани во мај, кога беше поставен камен-темелникот. Со проектот сообраќајно се поврзува западниот дел на Гостивар со населбата Дутлок, селата Горња и Долна Бањица и населените места кои се на другата страна на реката Вардар.