Претходна статија
Конкурс за просторни инсталации за деца низ парковите
Следна статија
Втор тендер за изградба на отворен пливачки базен во Шуто Оризари

Годинава ќе се реконструира улицата „Втора македонска бригада“ во Чаир

Објавено на 06.02.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје денеска го објави тендерот за пронаоѓање на изведувач за реконструкција на улицата „Втора македонска бригада“ во општина Чаир. Планирано е да се обнови коловозот во должина од 1.300 метри, на потегот од раскрсницата со улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ до кружниот тек со улицата „Лазо Трповски“. Градежниот зафат е проценето дека ќе чини околу 15 милиони денари, кои се обезбедени од градскиот буџет за 2017 година. Заинтересираните компании имаат рок до 24 февруари за да ги достават своите понуди до Град Скопје.

 

 

Улицата „Втора македонска бригада“ во моментов се наоѓа лоша состојба, поаѓајќи од фактот дека асфалтот на оваа сообраќајница не е променет со децении наназад. Градот Скопје планираше да ја реконструира оваа улица во текот на 2016 година, но проектот беше префрлен за годинава. За реализација на зафатот веќе е изготвена проектната документација неопходна за реализација на зафатот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk