Претходна статија
Конкурс за идејно решение за нов објект на охридскиот театар
Следна статија
Се бараат идејни решенија за шест нови видови на типски куќи

„Геинг“ ќе го проектира патот Крива Паланка – Деве Баир

Објавено на 10.02.2016 во категорија Вести.

Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за изготвување на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на делницата Крива Паланка – граничен премин Деве Баир од државниот пат А2. Проектната документација во наредните 15 месеци ќе ја изработи фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“ за сума од 22.879.000 денари, односно околу 370.000 евра. Оваа делница е составен дел од патниот Коридор 8, која треба да се надоврзе на планираниот експресен пат од Ранковце до Крива Паланка. По изработката на неопходната документација, државата ќе треба да ги изнајде неопходните финансиски средства за реализација на инфраструктурниот проект.

 

Тендерот за избор на најповолен понудувач за изработка на проектната документација за патот Крива Паланка – Деве Баир беше објавен кон крајот на октомври 2015 година. Само неколку дена претходно, македонската влада се задолжи кај Светска банка со 83 милиони евра, средства кои ќе бидат искористени за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.