Претходна статија
СДСМ со нови наводи за плацот кај „Мајчин дом“, „Орка холдинг“ демантира
Следна статија
Нов мини парк на булеварот „Св. Климент Охридски“

Гаражата „Смилевски конгрес“ непредвидено зема уште 13,5 милиони денари

Објавено на 10.04.2017 во категорија Вести.

Изградбата на катната гаража „Смилевски конгрес“ спроти Стариот театар поскапе за нови 13,5 милиони денари. АДСДП склучило дополнителен договор за предвидени работи со италијанската фирма „Scientia Srl“, која се јавува како изведувач на објектот. „Непредвидени работи и тоа градежно-занатски, хидроинсталации, спринклер систем, ПП водовод, електроинсталатерски работи, вентилација тоалети и информациски ознаки, мораат да се изведат заради неусогласеност на проектната документација со предмерот, како и од измени во проектната документација настанати поради пропусти и недостатоци во проектот“ се наведува во објавеното образложение.

 

 

Крајната цена за изградба на новата катна гаража нарасна на над 275 милиони денари со најновиот договор потпишан од АДСДП. Ова е втор дополнителен договор склучен во изминатиов период, додека претходните непредвидени работи чинеле 14,8 милиони денари. Градежните работи требаше да бидат завршени до минатото лето, но истите се одолговлекоа за неколку месеци. Објектот има површина од 10.037 метри квадратни и треба да обезбеди вкупно 169 паркинг места. Покрај од паркирање, станбеното претпријатие планира да ги поврати инвестираните средства и од деловниот простор од 1.539 метри квадратни што е лоциран во рамките на самиот објект.