Претходна статија
Нови три милиони евра за ентериерно уредување на седиштето на владата
Следна статија
Скопје ја доби првата автоматизирана катна гаража

ФОТО ВЕСТ: Празничните денови донесоа нови споменици во Скопје

Објавено на 09.09.2014 во категорија Вести.

Македонската метропола во текот на изминативе празнични денови доби неколку нови споменици. Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија го искористи денешниот државен празник за да ги постави неодамна најавените пет споменици на Пере Тошев, Никола Петров Русински, Андон Лазев Јанев – Ќосето и на генералот Михајло Апостолски, додека за два други новопоставени споменици пред Македонска опера и балет и на плоштадот „Македонија“ нема никакви информации за тоа кој ги поставил, ниту пак за кои историски личности станува збор.

 

 

 

 

Просторот пред седиштето на Телеком на плоштадот „Македонија“ осамна со нов споменик, идентично како и зеленилото пред Македонската опера и балет, на кое до досега се наоѓаше спомен – обележјето за одржаната прва конференција на Народноослободителниот фронт на Скопје. Пред Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ никнаа спомениците на Никола Русински и Пере Тошев, додека Андон Ќосето доби споменик во зеленилото пред Судската палата. На кружниот тек кај хотелот „Континентал“ е поставен споменикот на генерал Михајло Апостолски, а споменикот на Ѓорѓи Сугарев е предвидено да се смести кај комплексот факултети.

 

 

Вредноста на новопоставените споменици во Скопје засега останува непозната, идентично како и нивните автори. Во текот на вчерашниот ден единствено реагираа политичките партии ДУИ и СДСМ, кои го критикуваа владиниот проект „Скопје 2014“. Социјалдемократите соопштија дека власта нешто крие околу спомениците, напоменувајќи дека тие веќе поднеле барање за даночна инспекција до Управата за јавни приходи и до Управата за финансиско разузнавање, со цел да се утврди потеклото на парите на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради.

 

Генерал Михајло Апостолски

###

 

Андон Ќосето

###

 

Никола Русински

###

 

Пере Тошев

###