Претходна статија
Центарот на Гостивар ќе се трансформира според решението на проектантите од „БИНА“
Следна статија
И во јуни огромен раст на бројот издадени одобренија за градење на станови

ФОТО ВЕСТ: Неокласицистичката палата „Лазар Поп Трајков“ ги чека административците

Објавено на 14.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Привршува изградбата на неокласицистичката палата „Лазар Поп Трајков“ кај хотел „Бристол“ во центарот на Скопје. По четиригодишна работа, компанијата „Бетон“ од Скопје ги заврши изведбените активности за издигнување на ова здание од проектот „Скопје 2014“. Во градежниот дел, објектот е ентериерно и екстериерно комплетиран, а допрва ќе треба да се опремуваат административните простории и да се реализираат завршните работи. Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, за неокласицизмот на централната пешачка зона во Скопје како граѓани досега сме платиле 14.453.405 евра.

 

####

####

 

 

Владиниот административен објект со приземје, седум ката и поткровје се издигна врз основа на идејното решение изработено од авторите Никола Стакинов, Лазар Димов и Живка Ристова. На подготовка на проектот за оваа палата работеше фирмата „Неимар Инженеринг“, додека за надзорот над градежните работи на терен беше задолжен „Евро Консалтинг“. Во канцеларискиот простор на улица „Македонија“ ќе бидат сместени Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, АД за воздухопловна навигација М-НАВ и АД за ИССПДП од значење на Република Македонија.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk