Претходна статија
Грчки „Onflow“ во рок од шест месеци треба да го репарира гасоводот од Деве Баир до Скопје
Следна статија
Дополнителен рок за реконструкција на улицата „Втора Македонска бригада“ во Чаир

ФОТО ВЕСТ: Наместо во нов базен, охриѓани ќе пливаат во темелите на недоградениот објект

Објавено на 10.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Измина зададениот рок за изградба на затворениот базен во Охрид. Наместо спортско здание со две базенски корита, на локацијата кај „Билјанини извори“ досега се изградени единствено темелите на планираниот базен. Во споредба со состојбата од пред седум месеци, на терен се изведени малубројни градежни активности за подигање на ветениот спортски објект. Забавената динамика на работа во февруари годинава беше надополнета со штрајк на дел од градежните работници коишто работат на подигање на затворениот базен во Охрид.

 

 

Во меѓувреме, Агенцијата за млади и спорт во јавноста досега нема споделено информации за новите рокови што се зададени за завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид. За изведувач на работите е избрана фирмата „Бауер БГ“ од Скопје, која што во изминатиов период требаше да го комплетира издигнувањето на спортскиот објект. Инвеститор во проектот е Агенцијата за млади и спорт, која што од државниот буџет има обезбедено околу 5.000.000 евра за изградба на зданието со проектирана површина од 15.000 метри квадратни.

 

Базенот во Охрид почна да се гради во ноември 2015 година, со ветување дека до април 2018 година ќе бидат изградени две базенски корита. Поголемиот базен со димензии од 33 х 25 метри беше наменет за ватерполо натпревари, вклучувајќи и трибински простор за 500 гледачи. Малиот базен со димензии од 12,5 х 6,25 метри беше наменет за деца и за обука на непливачи. Иако има најголем потенцијал за развој на пливачките спортови во земјава, Охрид со децении наназад не поседува затворен базен.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk