Претходна статија
Сопрена изградбата на двата кинески автопати - новата влада пронајде низа пропусти
Следна статија
Од црквата кај „Сити мол“ остана само камен-темелникот

ФОТО ВЕСТ: Доцни изградбата на булеварот Х.Т. Карпош кон скопската обиколница

Објавено на 21.06.2017 во категорија Вести.

 

Пробиена е трасата на новиот сегмент на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, помеѓу крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ и крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, но пробиен е и рокот за реализација на проектот. Градежните работи започнаа на 05.12.2015 и требаше да се завршат до јануари годинава, а според состојбата на терен, проектот тешко дека ќе финишира и во текот на летово.

Оваа нова булеварска делница со должина од 700 метри е прва фаза од значајниот проект за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница. Засега од Град Скопје воопшто нема најави кога може да се очекува почеток на работите на втората фаза, односно на сегментот од крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ до клучката „Бутел“.

 

» Форумска дискусија за булеварот Христијан Тодоровски Карпош