Print Page | Close Window

City Center - Гостивар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=502
Printed Date: 11-May-2024 at 21:27


Topic: City Center - Гостивар
Posted By: pbanks
Subject: City Center - Гостивар
Date Posted: 29-Dec-2007 at 21:23
Објектов е супер. Единствено не сум сигурен како треба да изгледа приземјето, но објектот како целина ми се свиѓа. Гостивар и не е така далеку доколку стварно се гради објектов како што тврди авторот на проектот треба да се удри некоја фотка.

1


2


Објект: Станбено-деловен објект "In The Game"
Локација: Гостивар
Површина: 12,000sqm
Година на проектирање: 2005
Година на изведба: во тек

Извор: http://www.dscdesign.com.mk/ - ДСЦ дизајн



Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Dec-2007 at 01:29
Многу ме радува проектов, иако името е катастрофално, изгледа многу интересно и модерно.



Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 11:40
Овој објект мислам дека е модификувана верзија на http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=15&PID=2886#2886 - In the game кој го постиравме тука пред неколку месеци. Незнам дали е истиот проект но не налетав на ништо слично наоколу. Дефинитивно светла точка од сето тоа што го видов во Гостивар а и објект на кој може да му позавиди било кој друг град во МК вклучувајќи го и Скопје. Изработката е добра, користени се квалитетни материјали а дизајнот спрема мене е на место.








Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:10
Објектов е стварно многу добар. Drool

Со право викаш дека може да позавиди секој град во МК, вклучувајќи го и Скопје.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Dec-2008 at 00:03
Cheers


ТЦ „Гетро“ најдобро архитектонско дело

Автори на наградениот објект се Ѕвонко Тасевски и Ирина Бојаџиева

Билјана Ангеловска

Архитектите одлучија годишната награда за реализирано архитектонско дело да им ја доделат на архитектите Ѕвонко Тасевски и Ирина Бојаџиева за трговско-деловниот центар „Гетро“ во Гостивар. Големото признание, кое Асоцијацијата на архитектите на Македонија годинава традиционално го доделува по 14. пат, на авторите на делото завчера им го врачи покровителот на наградата, претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски.

„Ова признание го доделуваат колеги на своите колеги во професијата која важи за една од најреволуционерните во доменот на осмислувањето на квалитетот на живеењето, но и една од најкритичните во однос на проектирањето и градењето на животниот простор“, рече Црвенковски при врачувањето на наградата, потенцирајќи дека со тој чин се заокружува успешната година за македонската архитектура како плод на посветеноста на Асоцијацијата за домашна и меѓународна афирмација на македонското архитектонско творештво.

Изведениот објект ја освои наградата во силна конкуренција на седум исклучително квалитетни градби: комерцијален центар во Скопје (познат како „Лумикс“ - н.з.), едносемејна куќа во Битола, комерцијален објект во Ѓорче Петров, административна зграда на регионален катастар Скопје, „Супер Тинекс“ - Скопје, спортска сала „Борис Трајковски“ и наградената „Гетро“ во Гостивар.

„Заслужни за овој објект се повеќе луѓе. Зад носителот на идејата стои цел тим ’борци‘ - архитекти кои се справуваат со многу проблеми, но и со позитивни работи кои, за среќа, ги има се' повеќе и претставуваат се' поголема можност за докажување. На Запад секогаш се наоѓа некој што ќе го оствари сето што ќе го замисли архитектот, додека кај нас е сосем друг случај. Тука мора реално да се сонува, па секое докажување и ваква награда носат поголема заслуга за себе“, вели еден од авторите на наградениот објект, Ѕвонко Тасевски.

Трговско-деловниот центар „Гетро“ е со површина од 9.000 квадратни метри и е силен објект што отскокнува од околината. Висински не е доминантен, има приземје и четири ката, но, како што вели Тасевски, со својата форма и облик го поведува целиот град со себе. Се наоѓа на простор помеѓу три големи сообраќајници.

„Во почетокот се двоумевме која страна би била примарна, кој агол би бил доминантен, зашто локацијата е таква што речиси сите три агли влечат на своја страна. Објектот е различен по големата слобода што е внатре. Инвеститорот не инсистираше на традиционални ходнични системи, венци и традиционални излози. Не' остави слободно, со слободни форми да ги водиме луѓето низ објектот и движењето да биде поинакво“, појаснува Тасевски.

За објектот се користени таканаречени вентилирани фасади познати под името титаниум. Објектот е малку потемен и подоминантен од целата околина со поголеми застаклувања од сите типови трговски центри, многу повеќе стакло и многу поголеми пространства пуштени внатре, со цел посетителите да се чувствуваат слободно. Авторот објаснува дека, покрај голем број дуќани, во внатрешноста има и фонтани, прекрасни скали кои се наизменично делумно застаклени со расвета, а делумно од цврст материјал, додека холовите се искршени и централно распоредени за да се пополни внатрешноста. На последниот кат има ресторани и две киносали.

Наградените архитекти Тасевски и Бојаџиева, како дел од проектантското биро „ДСЦ дизајн“, исклучително се задоволни од соработката со инвеститорот на објектот, Насер Идризи, кој искажал голема доверба кон нив и кон нивните идеи. Заедничката соработка, за која Тасевски вели дека претставува „среќна паралелна двојка“, всушност, и им ја донесе наградата за најдобро архитектонско дело во 2008 година.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8237A50794A93B44B44B3C21D78EE996 - Утрински весник


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 25-Dec-2008 at 09:54
interesna gradbaThumbs%20Up


Posted By: dejan
Date Posted: 25-Dec-2008 at 13:44
Зградава е одлична за градче како Гостивар! Баш ме израдуваSmile


Posted By: Insomnia
Date Posted: 20-Jan-2009 at 19:58
A koga se otvara cudovo:S???Znae nekoj nekoj datum???i uste edno prasanje dali znaete vo PEVEC (na vlezot vo gostivar ) dali ima prehrana vo marketot.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2009 at 20:00
Originally posted by Insomnia

A koga se otvara cudovo:S???Znae nekoj nekoj datum???i uste edno prasanje dali znaete vo PEVEC (na vlezot vo gostivar ) dali ima prehrana vo marketot.


Ако не е веќе отворено сигурно е пред отварање. Последен пат во Гостивар бев пред 2 месеци и објектот изгледаше завршен.

Певец воопшто не се бави со прехрана.


Posted By: Insomnia
Date Posted: 20-Jan-2009 at 20:01
Fala!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2009 at 16:49
Во новата Порта 3 има поголемо интервју со ДСЦ Дизајн. Дефинитивно убаво сме претпоставиле дека "In The Game" објектот со кој што почнува нишката е всушност првата варијанта на ТЦ Гетро. Објектот морал да биде ревидиран пред се поради усогласување со урбанистичките норми. Штета иако и втората варијанта е навистина добра.

Како дополнителна информација веднаш до овој објект била започната изградба на уште еден објект (уште поголем) како резултат на соработка помеѓу ДСЦ Дизајн и инвеститорот во ТЦ Гетро.

Cheers



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Aug-2009 at 01:09
„Гетро“ отвори два трговски центра во Гостивар

Трговската фирма „Гетро“ отвори два нови деловни објекта со површина од над дваесет илјади квадратни метри во Гостивар.

Поголемиот објект, со површина од 12.000 квадратни метри, минатата година ја доби наградата за најдобар архитектонски објект во државата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01F8C07F0111D14DA6FC9B1C994512D2


Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Apr-2010 at 15:19





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: alexgizh
Date Posted: 05-Apr-2010 at 22:51
Одличен објект по кој на нас Скопјани може само лигите да ни течат...


Posted By: M@RKO
Date Posted: 13-Dec-2010 at 21:50
видов еднаш реклама на тетовска телевизија дека има и кино во city center
убав е направен како за Гостивар,дај боже нешто вакво да изградат и во Тетово



Print Page | Close Window