Print Page | Close Window |
Обезбедување и видео надзор Printed From: build.mk Category: Главни теми Forum Name: Урбани прашања Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија... URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=459 Printed Date: 07-May-2024 at 20:49 Topic: Обезбедување и видео надзор Posted By: beTon Subject: Обезбедување и видео надзор Date Posted: 11-Nov-2008 at 05:25
Replies: Posted By: beTon Date Posted: 11-Nov-2008 at 05:25
потреба или луксуз, претпазливост или жигосување?! во секој случај работа која нема да не одмине и со која ќе треба да научиме да живееме. иако позитивно ќе влијае ваквиот пристап во спроведувањето на законите, сепак има и големи негативни последици за кои не верувам дека народот е свесенниту пак некогаш ќе се освести. гледајки на негативностите на видео надзорот, за мене е “спореден“ моментот на војаерство и крадењето идентитет, повеќе (ќе)ми пречи појавата на менталното и душевното ропство кои (ќе)се јавуваат како последица на постојаниот скриен страв од поимот CCTV. http://www.youtube.com/watch?v=MDutK2XGVyE&feature=related - сигурно ова му било и на Која инспирација за да направи добар камбек и тоа ни помалку ни повеќе во срцето на пазачкиот експеримент - лондон... кај нас сеуште каскаме зад останатиот софистициран свет, но за некое време масовно и ние ќе ги употребуваме голите скенери и биометриските венски идентификатори... за сега со пасошите и личните карти покажавме дека и ние знаеме да фатиме чекор со овие контролни експерименти, па веќе имаме и покриеност од 300.000 биометриски пасоши! како сосе народ во нато да влегуваме добро е може ако ни фрлат уште некој “бенчмарк“ и за импланти и тоа ќе го завршиме подмачкано! инаку следењето т.е. обезбедувањето е загарантирано и со овие нови пасоши и лични карти кои поседуваат електронски бесконтактен и машински чип
единствено што јавно не се кажува за овој систем на лични документи е дека содржи http://en.wikipedia.org/wiki/RFID - RFID чипови т.е. нема потреба да се тревожи народот бар не засега!
http://www.zazivot.org/archives/308 - Uprava grada Beograda pokušava da uvede totalni nadzor pozicije građana - www.zazivot.org - 14.07.2007 |
|
закон нема а и да го има прашање е за кого ќе важи и кој се ќе го почитува(за кого се ќе важи)! загриженоста е оправдана заради неадекватниот процес, каде прво на сите ќошиња и плафони ќе се инсталираат камери, а дури на крајот ќе се бараат модели за нивна легализација и регулација... кога веќе се наметнува ова прашање, а што е со снимки со мобилни зар тие не ја нарушуваат приватноста на граѓаните или закон за тоа ќе важи само за во музеј и театар! абе друг нека му го бери гајлето за тоа, сега дајте да ги отвориме срцата и атрибутите, па сеирот поспокојно да го тераме...
|
тоа што секој става камера кај сака не го оправдувам воопшто, но во голем број јавни установи задолжително мора да има видео надзор, за безбедноста на граѓаните, а видео доказ е најцврст доказ за било кој криминал Ова на пример го поддржувам „Секој објект каде што има поставено камера треба да биде јасно обележан дека тој простор се снима. Известувањето треба да биде ставено на видливо место, зашто граѓаните на таков начин ќе знаат дека просторот е сниман и ќе можат да си ја заштитат својата приватност.“ исто така, постои систем за надзор на сообраќајот во кој спаѓаат и камери, и мислам дека и тие се потребни за безбедноста на сообраќајот најубаво е да има правилник и услови за поставување на камера, кога ќе бидат исполнети ќе може да си земеш дозвола за камера П.С. Само нека пробаат да ја укинат на идивиди камерата |
|
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=991274ED77BAF74CBA4C3B9FF63B71CB&arc=1 - Тајна е за што МВР потрошило 10 милиони евра - 10.03.2008
...она што го кажува министерката е точно дека опремата е аут, пример до пред некое време граничната полиција немаше панцир ни за лек (само секој трети граничар), а за останатите во внатрешноста не треба ни да се зборува! сепак пополека ги подновуваат, но за доста работи јавноста незнае што точно и колку точно од опрема имаме, ова сигурно е само заради безбедносни причини или евентуално од срам која опрема се набавува мислам дека од прилика се знае, униформи за различни услови, оружје, опрема за набљудување (која дефинитивно ниту е ефтина ниту пак доволна) тука се и ред други муабети но за тоа без одобрение ќорка!
|
ова бројкава или е од ракав истресена или 10 пати повеќе камери има поставено во јавното здравство! излегува муабетов дека една камера е 1000 евра, инаку камерите кои се монтирани во клинички се статички и не чинат повеќе од 50 евра. ај еве и софтверот да бил изгор и каблите оптички и камерите ротирачки и со висока резолуција и power mac конзоли да имаа, и пак цената немаше да стрефи еден милион! ова или е класичен новинарски фол или некој не е доволно транспарентен! па со волку пари ќе имаше за секој лекар и видеофон
|
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A5638B74CAEA1A418A3BD22D5E823A9B - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A5638B74CAEA1A418A3BD22D5E823A9B ------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded. |
|
главната поента на последниов напис мислам дека е изјавата на проф. Ѓорѓи Марјановиќ, се што не е правно забрането, воедно е и дозволено... а дали нарушување на јавен мир (снимање без согласност) е дозволиво!? можеби толкувањата на законот треба да се гледаат и од нешто пошарен агол, како што е размислувањето на проф. Гордан Калајџиев во текстов. сепак законски неуредено, снимањето освен за надзор во реално време, не може да послужи за ништо друго, освен ако не се извршува по налог на обвинител или судија. ќе видиме ли конечно и правна рамка за избаждарени камери, особено ако сакаме истите и да имаат некаков ефект бар во безбедноста на сообраќајот! |
http://www.voanews.com/macedonian/2009-05-13-voa15.cfm - www.voanews.com/macedonian/2009-05-13-voa15.cfm |
|
се се, али во WC кога ќе видам камера неможам да се изначудам.. ај во тој предниот дел за миење раце, али по кабини бе.. ендоскопија е*ате ------------- |
Ја лично ја подржувам идејата за поставување на камери во градот,со тоа ќе се спречат и побрзо откријат сторителите на прекршочни и кривични дела а и ќе допринесе за безбедноста и на градот од вандализам. |
и јас, со тоа што треба да се внимава на кои места се поставуваат затоа што на некои навистина се нарушува приватноста. ------------- http://www.facebook.com/suvenirimakedonija |
Знае ли некој која е процедурата за поставување безбедносна камера на влез во стамбена зграда? Има ли законска регулатива? Каде се чува снименото и кој има пристап до тоа? Има ли закон (или здружение) кој го штити станарот доколку тој смета дека таква камера ја нарушува приватноста на неговиот дом? ------------- "Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски |
Ова е регулирано со закон. Повеќе детали имаш тука: http://dzlp.mk/mk/video%20nadzor |
Фала многу, токму тоа го барав. Таму стои следното: За вршење на видео надзор во станбените згради потребно е да се добие согласност од сите сопственици во станбената зграда. Каде треба да се реагира доколку ова не е испочитувано? Дали ДЗЛП е адресата и доколку е се знае ли што тие преземаат понатаму? Интересно е што тука не важи правилото на мнозинска согласност. Значи ли дека и само ако еден станар не се согласи камерата не смее да се постави? ------------- "Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски |
во разговор со претставници од една од фирмите-управители, токму на тема инсталација на опрема за видео надзор во мојата зграда, разбрав дека е потребна точно 100% согласност. ова се строго пропишани правила и доста чувствителна тема. ако реагираш до ДЗЛП, сигурен сум дека ќе преземат нешто. до сега се покажале дека се ажурни (една од ретките државни агенции кои работат како што треба). |
веројатно се вадат дека членов го имаат пропуштено токму во правец на Јавен Надзор По Улици И Јавни Места , сепак ко таков засегнува поголем распон на слобода за безбедносните служби, кои вака имаат право да ви влезат Дома и без Судски Налог да ве снимаат 24/7, иако таквата снимка не важи на Суд ... просто вака ќе можат да се закачат и на вашата http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3583&PID=242655#242655 - Ви-Фи Kамера подома која сте ја стаиле заради Видео-Надзор како заштита од криминалци, и буквално да ве набњудуваат и во спална ако сакаат, без притоа да сносат некаква одговорност, она чим закон не го забранува значи дозволено е, и иако се ветуваа промени сепак ова е муабет кој е и’ постојно во тек! како тоа го чинат имате абер во видеото од следниот фус [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=646&PID=240256#240256 - 1 ] a кој посекако утре (веќе денес) ќе биде дополнително во оптек преку 5g ( http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1766&KW=2020&PID=243561#243561 - 2020 последното видео во линков ) оперативни мерки за "x-ray" освен видео и аудио снимки!
прашање е само дали и колку ваквиот Законски Фор За Мас Надзор ко таков нема да биде злоупотребен од некого, ко во случајот со Ало-Бомбите, кои ко што гледаме континуирано продолжуваат да бидат тренд, а што знаејќи дека е можно и да се монтираат подобно, дефакто ова значи потенцијал да долгорочно некој си ги користи службите не само за нарушување нечија Приватност туку и ограничување пр. на Слободата На Говор, Бизнис, Политика итн. кому доколку е потребно ќе му се лиферуваат како уцени, практично нема јасни подзаконски акти кои би ја пенализирале злоупотребата на вака прибавени материјали, а дополнително нема ни строги казни во однос протечени снимки во јавност, во основа ова се предуслови за тоталитарна држава, што впрочем како беше злоупотребена државната опрема за масовно прислушување по истиов основ од страна на груевци, потоа истото украдено и (спинувано или не) пуштено во јавност заради политички агитпроп и билдање ало-рејтинг на зајковци, на страна тужбите на сјо (кои логично ќе паѓаат во Стразбур), дефакто еве гледаме дека нема П од промени на овој план, е сега дали нема натака да се злоупотребува од удбалитичари повторно систем, хм, сега откако насила ја отанизираа земја ми се чини и дополнително нели им се може по линија на Патриотски Акт кај надагата во отан, та ништо чудно да дочекаме и Легализирање На Ваквите без налог прибавени снимки а нело доколку се сторени со државна опрема, што ќе ја сведе држава на супер-тоталитарно општество во кое ако им се сака на удбашана или удбалитичари ќе ви сместат ко во времето на озна клевета од разговор подома заради кој ќе ве легнат за нарушување на државниот поредок, нели онака некој рекол претседателот треба да е маркер во едикоја кланица, онака малџиски за изречено во населба куршум за диктаторот потенцијално ако тој некој тоа го повторил повеќекратно сигурно ќе му го земат за намера а снимката за доказ, иако може само глумел лудило! |
Print Page | Close Window
|