Print Page | Close Window

Македонски пронајдоци и патенти

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Наука и технологија
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=334
Printed Date: 04-May-2024 at 05:34


Topic: Македонски пронајдоци и патенти
Posted By: lslcrew
Subject: Македонски пронајдоци и патенти
Date Posted: 24-Jul-2008 at 13:35
Дејан точна ти е информацијата. Да боинг користи софтвер од машински факултет Скопје.



Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Jul-2008 at 14:07
Еве да истакнам уште една македонска фирма за која многу малку се знае
Погледајте ги нивните клиенти кој се далекууууу... импозантни:


http://www.seavus.com.mk/ArticlePage.aspx?PageID=151 - http://www.seavus.com.mk/ArticlePage.aspx?PageID=151


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 17:52
падна муабет за ваков топик но никој да го почне, еве нека оди од мене...

ако некој имал инспирација во светот дефинитивно тоа се луѓето кои живееле на македонскиот полуостров, да не бев скромен ќе речев Македонците, но нејсе нека биде вака, па зар не сме единствените во светот кои се најмалку заразени со национализам а воедно и најмногу отворени кон сите, така и после Александар Македонски и неговиот космополитски пристат да ги признае сите народи во Македонското царство за еднакви, денес Ние современите Македонци сме единствени во светот кој сите малцинства во својата држава ги прогласивме за народи, не еден или два или три - сите...

изумите на ова тло се многу нормална појава, дали е тоа до географијата, традицијата, виното и веселите души или пак е нешто генетско за сега само ќе нагаѓаме, но на крајот времето ќе си ги ја каже тајната! ...
 ...во продолжение ќе дадам малку мои квантни размисли за тоа како се по малку влијаело на генерирањето на иновативна енергија на овој полуостров.
од горе спомнатите влијанија држи се по малку вода и тоа мирна езерска Yes па така географски овој регион и полуостров доколку го барате на пан-светскиот континент од кој се настанати денешните континенти т.е. ако истите ги составите на карта во еден и направите пресек вертикално и хоризонтално под прав агол Ние сме во центарот - мислам на Македонскиот полуостровот (кој во 18 век неправедно е наречен балкан, а по логиката на нештата треба да го носи името по најголемата империја која постоела на него), па за случајностите да се наредат во недоглед од цел свет баш тука паѓа сончев метеор или плазма т.е. на Кожув каде уште во времето на Александар е експлоатиран рудникот Алшар од каде е вадено злато со лорандит(талиум)...
што е до традицијата таа нормално главен момент имала во генерирањето или подобро кажано издигнувањето на Македонската изворна народна музика до степен на над Баховски опус, каде акапелата на пр. сме ја имале како нормална појава 10ина века пред (мислам дека е)Бах да ја открие како форма, но главната причина мислам лежи во испустниот вентил на изразување преку кој сме успеале да ги амортизираме секаквите обиди за асимилација и поробување, па така најдобрите ора и песни се создадени во турското, кога маката со песна се лечела, старите кога имале мака не плачеле како денес што е случај - туку пееле, за ова имав пример во мојата фамилија, но верувам дека и кај останатите тоа било нормална појава, како велат кој пее зло не мисли бидејќи песната ги брка дерманите...
има нешто вистина и за виното т.е. вистина во виното и веселите души, па зар е можно после толку многу несреќи и наезди од секакви диви племиња ние да продолжиме да постоиме како култура и извор на секаква уметност, наука, соживот а тоа да не е поврзано со таман опуштениот менталитет кој веќе денес комплетно се исчуручил...
генетски гледано ако може цвеќето преку едногодишно вештачко мутирање да ги задржи карактеристиките и подоцна, зошто не би можеле ние во нашиот колективен код да имаме регистри од праисторија па се до денес, па ако тоа држи - а држи, за нашиот иновативен дух доказ се Александар, Свети Константин, Свети Јустинијан, Самоил, Никола Тесла, Паскал Сотировски и многу други градители и научници кои ги поставели темелите на светот во кој живееме тогаш генетскиот момент е неодминлив.
Александар Македонски преку наследената традиција воспоставил(но на голем план) финансирање во науката и технологијата(научно-истражувашка експедиција) па така тој период од антиката е наречен Светол(златен) бидејќи биле усовршени сите дотогаш откриени работи а воедно и биле форсирани сите истражувачки зафати, па така во негово време е направен првиот официјален урбанистички план во светот - планот за Александрија кој е дело на http://en.wikipedia.org/wiki/Dinocrates - Динократ македонски архитект и научник (интересно е дека за новото име на градежен се одлучувало меѓу Динократ и Дамјанов, но на крај и на Дамјанов бистата му ја направија без раце, абе саде симболика за архитект), тогаш Аристрах далеку пред Коперник го спознал сончевиот систем, Хипарх ја основал тригонометријата, Ерастот ги раководел првите посериозни мерења на земјата, Архимед ги конструирал неговите машини и го основал бескрајното сметање, Еуклид поставил јасно научно ниво во математиката итн. итн. накратко почнала да се бетонира науката која нешто подоцна ја сопира рим преку повторно воведување на ропството како категорија а за истото да функционира беспрекорно наука не смее да има, па затоа и ја палат александриската библиотека, благодарејки на што се враќаме повторно на почеток и нешто малку пркнува кога со доаѓањето во египед арапите откриваат мал број заборавени(скриени) списи во пустињата кои прво почнуваат да ги преведуваат а подоцна и да ги распространуваат преку Сицилија и Андалузија во Европа...
Свети Константин родум од Ниш го растурил римското царство одвнатре и повторно го воспоставил старото македонско царство и традицијата од своето поднебје, па така преку наследениот космополитски дух го Признава Христијанството за државна вера и самиот го прифаќа бидејќи бил растен во монотеистичка средина која единствено негувала култ кон извор на светлинат - Сонцето, па во спомен на традицијата во истиот тој ден а во духот на Христијанското учење неделата ја прогласува за неработен ден и ја нарекува Ден на Сонцето(Sunday) што се задржува до ден денес на западот...
Свети Јустинијан I родум од Таор го востановува денешното право, ја гради Света Софија и Јустинијана Прима како сведоштво за своите корени и традиција и ја воздигнува на ниво на Архиепископија, а Архиепископот го превзема приматот од тогашниот Солунски викаријат за непосреден претставник на римскиот епископ во Илирик...
Самоил го поттикнал обновувањето на Јустинијана Прима преку востанување на Охридската Архиепископија во Девол(Преспа) а подоцна Патријаршија во Лихнид(Охрид), што значело сигурно трасирање кон враќање на власта од страна Василиј 2 http://en.wikipedia.org/wiki/Macedonian_dynasty - (кој се зацарил како македонец но всушност бил грк) во Источна Румелија(Византија), но најверојатно неуспехот се должи на суровиот однос кон своите браќа кои заради жедта за власт и слава сите ги отепал па дури и последниот брат Давид кој бил монах, само да го осигура престолот, па најверојатно затоа и не му бил благословен походот на Беласица (колку е ова веродостојно незнам но така ме имаат учено)...
Никола Тесла - нема потреба да набројувам што се открил доволно е да се каже само дека заради него во моментов пишувам на компјутер и живеам во материјална илуминација, а за родот дека е македонски тоа не е спорно бидејќи сите православни во Личкиот крај се пребегани Македонци од некогашна Матија кои по падот на кралството на Ѓорѓија Кастриот бегаат во Далмација, Венеција и Сицилија, каде имале сигурно прибежиште, плус доказ е гајдата како инструмент кој освен во Македонија на југ во северниот дел од овој полуостров се среќава во Лика и Далмација, сличен муабет е и со Шкотска па дури таму и презимињата им се титулирани со префиксот „Mac“...
Паскал Сотировски Thumbs%20Up  http://mk.wikipedia.org/wiki/Паскал_Сотировски - ја поставува најреволуционерната теза за детекција на неутрино честичките со помош на Лорандитот од Алшар...
http://mk.wikipedia.org/wiki/Паскал_Сотировски -
листата нема крај тука се набројани само великаните кои трасирале или пробале да трасираат нешто што би донело напредок и благосостојба достигнувајќи своевиден врв на хоризонтален план, а за возобновувачите на старата македонска писменост браќата Свети Кирил и Методиј, како и основоположниците на првиот современ универзитет во Европа Свети Климент и Свети Наум Охридски, и многу голем број Светители кои пред се го откривале и се стремеле кон вертикалниот пат, откривајќи и зголемувајќи ја свеста на луѓето за Божјата Слава и Создание, помагајќи ни во духовниот раст како битија на Љубовта, за сите нив тука нема ни доволно простор ни доволно време за да ги наведеме и опишеме нивните подвизи и сили, за тоа би ве упатил на форумот на http://www.preminportal.com.mk - www.preminportal.com.mk  ...

денес работите се малку искилавени бидејќи опкружени со секакви задоволства и забави прво децата а подоцна истите веќе возрасни, се стремат само кон задоволства и опуштања, тоа мислам дека е веќе општествена беља, http://www.newswithviews.com/Seese/dorothy29.htm - но за тоа се криви исклучиво наследниците на рим и нивниот развратен начин на живот кој го имплантираат едноставно дури и на исток кај арапите кои се длабоко конзервативни, што милом што силом, па така се случува да место многубројна маса на истражувачи да постојат во светот, постои само малцинство од луѓе кои не седат пред телевизор туку во својата лабараторија, било тоа во подрум на универзитет или во село, па поголем технолошки бум имало во 19 век него што има денес, сега се е сведено на теории на млака вода и празна слама, доколку бевме мобилизирани досега ќе шетавме по галаксии како што одиме во шопинг Bash ...

за сите понови изуми како и за сотојбите и условите во кои опстојуваат денешните иноватори во Македонија се надевам дека ќе направиме добра збирка натака во темава...


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 17:59
Пронајдоците остануваат само на хартија

Мал број од иновациите - чаевите, сосовите, лековите и филтрите - доживуваат масовно производство

Секоја година околу 200 нови пронајдоци се измислуваат од Македонци, од нив само 50-тина се регистрираат во Заводот за индустриска сопственост, а уште помал е бројот на тие што доживуваат да бидат применети. Според податоците на Сојузот на пронаоѓачите и авторите на технички унапредувања на Македонија (СПАТУМ), во земјава има околу 3.000 активни иноватори. Нивниот број е поголем ако се вбројат и тие што откриваат нови изуми во фабриките, што ретко или воопшто не се регистрираат.
 - Најчесто македонските пронајдоци се од областа на екологијата, енергетиката и машинството. Меѓу изумите, најмногу има нови типови турбини, разни филтри и инструменти за прочистување на воздухот, водата и почвата. Македонските иноватори најчесто се полицајци, економисти, правници, лекари. Тие малку или воопшто немаат познавања од машинството и техниката, но создаваат технички изуми или се надрилекари што се занимаваат со треварство и алтернативна медицина и откриваат масти, чаеви што потоа ги заштитуваат. Забележителен е и порастот на бројот на жени иноваторки и на млади што посебно бараат работа и инвестиција - вели професор д-р Георги Филипов, претседател на СПАТУМ.
Тој објаснува дека, според профилот на истражувачите, македонските иноватори спаѓаат во групата на визионери и големи патриоти, а поретки се тие што до изумите доаѓаат во текот на работењето и со стекнатото знаење.
 - Интересно е тоа што најголемиот број пронајдоци откриени во последните петнаесеттина години се таканаречени перпетуум мобиле. Секој пронаоѓач сака со својот пронајдок да ја спаси земјава, но и преку ноќ да стане милионер - вели тој и додава дека мал број од иновациите, на пример, чаевите, сосовите, лековите и филтрите, доживуваат масовно производство.
Меѓу македонските изуми најпознат е уредот за прочистување на издувните гасови, што го изумил еден кочанчанец, кој во 1996 година ја добил наградата Гран при на саемот за иновации "Еурека" во Брисел, Белгија.
Филипов додава дека од регионов досега најдобро се продал антибиотикот *Азиттримицин, патент на хрватската фармација "Плива", што го купила светски познатата фармацевтска компанија "Фајзер".
Според бројот на пронајдоци и жители, Македонија, како што вели Филипов спаѓа во земјите со просечен развој на иноваторството. Меѓу земјите со најголем број иновации спаѓаат Јапонија со 300.000 и САД со 150.000 изуми годишно.
 - Некои земји се јавуваат и како сопственици на патенти. Владата на САД е сопственик на најголемиот број патенти против СИДА. Македонската влада не е сопственик на ниеден патент. Примерите на Сингапур, Тајланд, Јапонија и Кина покажуваат дека рецептот за стабилен економски развој е инвестирањето во голем број мали откритија и во заштитата на индустриската сопственост - вели Филипов.
Секоја година во Скопје се одржува саемска манифестација "МАКИНОВА", на која се претставуваат по 200 нови изуми како од македонски така и од пронаоѓачи од земјите од регионов и од Јапонија. На годинашната саемска манифестација, што ќе се одржи од 19 до 24 октомври, приоритет ќе им биде даден на еколошките иновации. На саемот "Еурека", закажан за ноември, Македонија ќе се претстави со пет пронајдоци што ќе се најдат во конкуренција меѓу 1.000 нови откритија од 50 земји од светот.



http://217.16.70.236/?pBroj=2584&stID=41737 - извор дневник 18 март 2006

ајде повелете на демантирање, понекогаш ова новинариве се толку песимисти што ти доаѓа да ги депортираш со се редакција во ирак, се интересираат или набројуваат само ексцентричност најверојатно такви огледала чуваат дома Question!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2008 at 18:02
Лорандитот е единствено парче од сонцето кое паднало на земјата. Таму има нуклеарно гориво во изобилство, само што не е најдено како тоа може да се активира.


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:12
следните неколку поста ќе постирам преземени постови од форумот на http://www.macbro.org - www.macbro.org во секцијата  http://macbro.org/macbro/viewtopic.php?f=18&t=277 - Македонски Достигнувања од темата Технолошки Достигнувања  форумот е инаку со, за и на Македонци од белиот свет т.е. дијаспората...

19.08.2007

Марко Чалосан

Иако има само седум години, Марко Чалосан е најмалиот добитник на сертификат од компјутерскиот гигант „Мајкрософт“. Ова чудо од дете е пример дека не се важни годините за да се биде дел и да се следат најновите светски технолошки достигнувања.

Од свои четири години знаел да зборува одлично англиски. Гледајќи ги како работат неговите родители, почнал да ги повторува работите.

„Од време на време му дававме нешто да направи, му покажувавме и гледавме дека тој премногу брзо тоа го совладува и немаше по вторпат повторување за истата тема којашто ќе му ја покажевме“, изјави Радица Чалосан, мајка на Марко.

Неговиот талент и дарба семејството одлучило да ја верификува и побарало од „Мајкрософт“ да го провери неговото знаење.

„Го спроведовме испитот онака како што тоа го налагаат безбедносните процедури на компанијата“, рече Александар Марјановиќ, академија Александрија.

Дека детето е вистинско чудо покажало и успешното решавање на тестовите, со максимум поени.

„Компресија, енкрипција, инсталирање обична автоматска инсталација, актив директори и други работи“, вели Марко Чалосан.

Седумгодишниот Марко има диплома за инсталација и проблеми со ХП оперативен систем и десктоп апликации.




Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:16
8-2-2008

Ербас користи македонски софтвер



Европскиот гигант во авиоиндустријата Ербас од неодамна користи високософистициран софтвер изработен на Машински факултет во Скопје. Ова се наведува во соопштението што вчера го дистрибуираше Машинскиот факултет, во кое се појаснува дека станува збор за пакет од 20 компјутерски програми од областа на ладење, греење и пресметки на термодинамички величини и циклуси.

- Со оглед на фактот што Ербас е компанија која работи со технологија на највисоко ниво, ова претставува голем успех за нас - се вели во информацијата од факултетот.

Автор на софтверот е професор д-р Ристо Цицонков, којшто работи на развивање на овој софтвер почнувајќи од 1980 година. Но, меѓународната афирмација почнува од 1994 година кога софтверот беше првпат изложен на Меѓународниот саем за ладење и климатизација во Нирнберг - Германија.

- Оттогаш Машинскиот факултет е редовен учесник на саемот со свој сопствен штанд. Нашите компјутерски програми ги користат голем број институции и фирми од повеќе земји во светот - се вели во соопштението.

...

http://www.hitech.com.mk/en/index.asp?idJazik=1 - www.hitech.com.mk

Погледнете ја странава. Тоа е Македонска компанија кој ја произведува електрониката за Airbus, Boeing и други големи авиони. Компанијата се наоѓа во близина на с. Орешани.



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:20

Македонски куќи во Франција



http://www.hot-hot.com.mk/ - Македонската фирма „Хот-хот” потпиша договор со француската фирма „Асс” за извоз на 100 македонски куќи за источна Франција, на брегот на Атлантски Океан. Договорот вреден 1,5 милион евра е потпишан во Париз.
Фирмата „Хот-хот” веќе работи на пазарите во Турција, во земјите од поранешна Југославија, а со Грција неделава треба да потпишат договор за соработка. До крајот на годината ист таков договор ќе биде потпишан и со Бугарија.
Оваа фирма постои 9 години, а има изработено повеќе од 350 објекти во Македонија. Тие изработуваат колипки, фамилијарни куќи, бунгалови и градинарски материјали. Фирмата стана веќе препознатлив бренд во Македонија.



- При градбата се користат исклучиво квалитетни материјали, совршени системи на градба, професионална комуникација со инвеститорите и широка палета на готови производи. Се разбира и цените се пристапни - вели Роберт Хот, сопственикот на фирмата.

За производите на оваа фирма постои голем интерес во Македонија.
Роберт Хот вели дека идејата за ваков вид на производство ја добил на еден саем во Лос Анџелес и до денес може да се пофали со успешно реализирање на оваа идеја.

В.С.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1105&ArticleID=71702 - Време, број 1077, 21.05.2007




Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:24
Maкедонски мозоци

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија присуствуваше на меѓународната изложба на пронајдоци BRUSSELS INNOVA 2007, која се одржа од 22 до 25 ноември 2007 во Брисел, Белгија.

На изложбата учествуваа 400 претставници од 21 земја со вкупно 425 пронајдоци. Република Македонија учествуваше со 5 пронајдоци. За изложените пронајдоци одлучуваше стручно жири составено од Нациоанално белгиско жири и Меѓународно жири составено од експерти од земјите учеснички. Стручното жири ги додели следниве награди:

ЗЛАТЕН МЕДАЛ со почесна диплома на пронајдувачите Иван Поповиќ и Ванѓел Димановски за пронајдокот “ 1000 ВАТИ 1 ОМ АУДИО ЗАЈАКНУВАЧ НА СНАГА СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ”;

ЗЛАТЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Стефан Поп Дучев за пронајдокот “ДИГИТАЛЕН МИКРО ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА МЕРЕЊЕ И АНАЛИЗА НА ВИБРО СПЕКТАРОТ И ТЕМПЕРАТУРАТА КАЈ ИНДУСТРИСКИТЕ ТЕХНОЛОШКИ КОНФИГУРАЦИИ”;

СРЕБРЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Зубер Рамани за пронајдокот “УРЕД ЗА ПРИДУШУВАЊЕ НА УДАРНИОТ БРАН КАЈ ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ “;

СРЕБРЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Костел Шекутковски за пронајдокот со назив “СЛОЖУВАЛКА СО ЧЕТИРИ ТОПКИ”;

БРОНЗЕН МЕДАЛ на пронајдувачот Славе Герасимоски за пронајдокот “ЏЕБЕН БЛОК ОД ХАРТИЈА ЗА ЗАВИТКУВАЊЕ НА ИЗЏВАКАНА ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ (МАСТИКА)”

Специјални награди им беа доделени на:

- пронајдувачите Иван Поповиќ и Ванѓел Димановски за пронајдокот “1000 ВАТИ 1 ОМ АУДИО ЗАЈАКНУВАЧ НА СНАГА СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ”, ПЕХАР од Претседателот на Меѓународната Бизнис Асоцијација од Полска како и диплома од Канцеларијата на службениот претставник на изложбата Брисел Еурека за Босна и Херцеговина;

- пронајдувачот Стефан Поп Дучев за пронајдокот “ДИГИТАЛЕН МИКРО ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА МЕРЕЊЕ И АНАЛИЗА НА ВИБРО СПЕКТАРОТ И ТЕМПЕРАТУРАТА КАЈ ИНДУСТРИСКИТЕ ТЕХНОЛОШКИ КОНФИГУРАЦИИ”, ПЕХАР со диплома – ARTA PRIX 2007 од Сојузот на пронајдувачи на Република Хрватска како и диплома од Канцеларијата на службениот претставник на изложбата Брисел Еурека за Босна и Херцеговина;

- пронајдувачот Зубер Рамани за пронајдокот “УРЕД ЗА ПРИДУШУВАЊЕ НА УДАРНИОТ БРАН КАЈ ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ “, ПЕХАР од Министерството за цивилна одбрана на Руската Федерација;

- пронајдувачот Костел Шекутковски за пронајдокот со назив “СЛОЖУВАЛКА СО ЧЕТИРИ ТОПКИ”, медалја со диплома од Управата на “РОСПРОМ” од Република Украина;

- на пронајдувачот Славе Герасимоски за пронајдокот “ЏЕБЕН БЛОК ОД ХАРТИЈА ЗА ЗАВИТКУВАЊЕ НА ИЗЏВАКАНА ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ(МАСТИКА)”, диплома од Канцеларијата на службениот претставник на изложбата Брисел Еурека за Босна и Херцеговина.


Посебна награда на Државниот завод за индустриска сопственост му додели Украинскиот меѓународен салон за иновации и нови технологии за заложбите за промоцијата на пронајдоците и настап на BRUSSELS INNOVA 2007.



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:26
Македонски иноватори наградени на Меѓународна изложба во Белград

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје освои сребрен медал на Меѓународната изложба за пронајдоци „Изумителство - Белград 2008“. Наградата со ликот на Никола Тесла во областа „Пронајдоци“ е доделена за „Нервно инферентен двоножен робот“, чии автори се Драган Аврамовски, Мирослав Павлевски и Александар Цветановски.

Со признание се врати и Технолошко-металуршки факултет кој, исто така, освои сребро, но во областа нови технологии за „Одредување геометриски параметри на кристализатори и технолошки параметри на процеси за континуирано лиење алуминиумски правоаголни профили“.

Бронза со ликот на Никола Тесла во областа „Нови технологии“ доби и Александар Цветановски за „Развоен систем за микроконтролори од фамилија Пик-микро“. Меѓународната изложба на пронајдоци се одржа во белградскиот Етнографски музеј од 5 до 9 мај. (МИА)



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:30
МАКЕДОНСКИ ИНОВАЦИИ
Анаеробната станица што не троши струја

Анаеробната станица за пречистување на комунални и индустриски отпадни води што ја изумил и патентирал македонскиот инженер и технолог Јоти Поповски е добитник на наградата на австриската фондација Енерџи Глоуб. Наградата што е под покровителство на ОН, Поповски ќе ја прими на 26 мај годинава во Брисел. Предноста на оваа станица е што при нејзиното работење не троши струја и не ја загадува околината. Тој за својот изум и во 2001 година добил златен медал за иновација, истражување и нови технологии во Брисел. Наградата Поповски ја доби во конкуренција на 853 проекти од 109 држави во светот.

Драги Петрушевски, директор на компанијата Интермонт која ги произведува овие станици вели дека 60 од нив веќе се пласирани на три континенти во светот, а во земјава од 1998 до 2001 година се монтирани 18 вакви станици. Првата е поставена на Исламскиот факултет во скопско Кондово во 1998 година и работи веќе 10 години. Тој нагласи дека во Прилеп во моментов се инсталира станица од 15 милиони евра, што е странска инвестиција, која годишно само за струја ќе троши еден милион евра.

Според Петрушевски, ако би се инсталирала анаеробната станица таа би чинела четири милиони евра и за нејзино работење нема да се потроши ни еден киловат електрична енергија, а нема да се користат ниту дополнителни хемикалии.

Според објаснувањето, заштедата на енергија е по пат на алтернативни методи, а водата се пречистува со едновремено произведување на гас со многу висока концентрација на метан (87%), што, пак, исто така може да се користи како гориво.



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:32
Македонец ја побива теоријата на Ајнштајн

Теоријата за релативитет на Алберт Ајнштајн не е целосна и не е разработена до крај и во неа постојат многу нелогичности, тврди македонскиот физичар Стефан Пеев. Тој поаѓа од тврдењето дека равенката за релативитет, откриена на почетокот на минатиот век, не е разбирлива, зашто науката се уште нема целосно сознание за времето, просторот, но и за брзината на светлината. - Моите математички истражувања ја побиваат познатата теоријата на релативитет, дека енергијата е еднаква на масата по брзината на светлината на квадрат, Е = МС . Брзината на светлината не треба да се степенува на квадрат, бидејќи не е изедначена со соодветна мерна единица. За таа теорија да биде целосно точна, потребно е да се воведат нови мерни единици, како што се маса на време и маса на простор, во функција со времето - смета Пеев. Ајнштајновата теорија за релативитет се темели на две тврдења. Во првата се образложува човечкото движење низ времето. Пеев тврди дека тоа воопшто не е точно, бидејќи појавите во вселената не течат истовремено, туку зависат од променливата брзина на времето. За погрешно го смета и тврдењето за движењето на човекот низ светлината. Тој смета дека брзината на светлината не е константна, туку зависи од брзината на времето и од просторот. - Основната грешка на Ајнштајн е користењето погрешни мерни единици, а тоа во физиката е недозволиво. Брзината на светлината ја мерел со единици мерки за просторот и за времето, а треба да се мери со единици за брзината на времето и за брзината на просторот, бидејќи станува збор за брзина - вели Пеев во неговиот научен труд „Космос“.
За истражувањата на Пеев за микросветот и за макросветот, на кои работел повеќе децении, интерес покажала американската Академија на науки, која што за истражувањата за да се потврдат заклучоците на Пеев досега вложила околу милијарда долари. Приказната за велешкиот научник стигнала и до страниците во прочуениот „Њујорк тајмс“ и во најпознатите весници во Кина. Во нив, според Пеев, се укажува дека ова истражување би можело сериозно да ја промени теоријата на Алберт Ајнштајн, еден од најголемите научници во светот.



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:35
Светско признание за македонскиот иноватор Јоти Поповски

Пречистителната станица на македонскиот иноватор инсталирана и на Антарктик

БРИСЕЛ - Службена зграда што троши нула енергија, станбени комплекси исклучиво на еколошка енергија, технологии за заштеда и заштита на околината - се проектите на иднината што се најдоа на листата на наградени на австриската фондација „Енерџи глоуб“, а официјално беа објавени на целодневна свечена церемонија во Европскиот парламент во Брисел. Меѓу нив беше и проектот на Јоти Поповски од Македонија - пречистителна станица за отпадни води која, како што изјави самиот, работи без енергија, нема потреба од резервни делови, а водата што излегува е чиста речиси колку и домашната за пиење.

Поповски беше еден од стотината наградени од целиот свет кои во конкуренција од над 800 проекти го добија ова светско признание, во присуство на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, поранешната министерка за екологија на Индија, Манека Ганди, и филмската ѕвезда од Боливуд, Амир Кан.

Спектаклот на кој присуствуваа и првиот човек на ЕК, Жозе Мануел Баросо, претседателот на ЕП, Ханс Герт Потеринг, и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, покажа на кое ниво се издига потребата од користење чиста и обновлива енергија, од нејзина заштита и од заштита на човековата планета.

Поповски, горд на иновацијата што се применува веќе десетта година, изјави дека ваквата пречистителна станица е значајна за Македонија, бидејќи има дефицит од електрична енергија што би требало да ја троши за заштита на околината. Според него, станицата се продава на три континента и е прва што е инсталирана и се применува на Антарктикот, каде што опстојува на минус 40 степени. Последната пречистителна станица на Поповски е продадена на Дубаи и е инсталирана на островот на шеикот. Со неа можат да се пречистуваат индустриските води од пиварниците, металските комбинати, од месната индустрија и слично, а функционира со инсталирање бактерии кои ја уништуваат нечистотијата. Според производителите на оваа станица, компанијата „Интермонт“, нејзина предност, освен некористењето енергија, е и тоа што работи на природен начин, но само 18 такви се продадени во Македонија, бидејќи повеќе им веруваме на странските технологии.

Дека екологијата не треба веќе да се запоставува најдобро илустрираше Манека Ганди, која предупреди дека со растот што го има сега Индија до 2013 година ќе ги дуплира емисиите на штетни гасови и ќе ја качи светската глобална температура за шест проценти. Таа ги посочи САД како најголеми произведувачи на штетни гасови и апелираше до сите да ја сфатат важноста на ваквите проекти.



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:39
Македонска идеја во полуфиналето на Дизајн лаб

„Ајрон Глоув“ или „Ракавица за пеглање“ е насловот на решението кое Нена Бошковска го пријавила на натпреварот
Во конкуренција на 600 студенти од 42 земји во светот, македонката Нена Бошковска од Архитектонскиот факултет во Скопје, се избори за пласман во полуфиналето на престижниот меѓународен студентски конкурс Електролукс Дизајн Лаб 2008.
- Првите реакции беа проследени со 2 минутен молк...измешани чувства, еуфорија! Бидејки воопшто не е мала работа, и е голема чест да се биде избран помеѓу 21 полуфиналисти од вкупно 600 пријавени студенти од целиот свет! Тоа е дефинитивно еден огромен успех за мене - изјави Бошковска за „Кирилица“.

Решението што го дизајнирала таа е прогласено за едно од 21 најкреативна технолошка иновација во светот, кои влегуваат во полуфинале на годинашниот натпревар со тема „Дизајнирај за интернет-генерацијата“.

Над 600 пријавенистуденти со своите иновации годинава се натпреваруваа кој ќе осмислинајдобар уред за домаќинство кој се однесува на скорешна иднина (две до три години од сега), а е наменет за т.н. интернет генерација.

Насловот на решението кое Бошковска го пријавила на натпреварот е „Ајрон Глоув“, или „Ракавица за пеглање“.

- Станува збор за еден нов вид на пегла, која што ќе биде во форма на ракавица, пред сè наменета за модерните луѓе, кои што често патуваат, кои се во постојана трка со времето а воедно секогаш сакаат да изгледаат убаво и уредно. Идејата произлезе по долги размислувања и истражувања кои ги спроведов со помош на луѓето од т.н. „интернет генерација“ со цел да стигнам до ваквото решение – објаснува Бошковска.

Таа, заедно со уште 20 други полуфиналисти, ќе се бори за влез во големото финале што ќе се одржи во Цирих на 9 октомври 2008 година, каде ќе учествуваат 8-те најдобри студенти - дизајнери.

Македонија, земја со наголем број на апликанти во Балканскиот регион, учествува по трет пат на Електролукс Дизајн лаб 2008, а ова е најголем успех што досега го постигнал наш студент на овој престижен меѓународен студентски натпревар по дизајн, кој постои од 2003 година.



*******

Originally posted by lslcrew

Бетон можеш ли да најдеш за оној копјутерот што беше скоро дизајниран од македонски иноватор, оној лаптопот во форма на топка, што проектира IR тастатура и има вграден прожектор како монитор.


http://macbro.org/macbro/viewtopic.php?f=18&t=277&sid=a31b47d82987f9b11e15c048fba6c87f&start=11 - на форумот на w http://macbro.org/macbro/viewtopic.php?f=18&t=277&sid=a31b47d82987f9b11e15c048fba6c87f&start=11 - w http://macbro.org/macbro/viewtopic.php?f=18&t=277&sid=a31b47d82987f9b11e15c048fba6c87f&start=11 - w.macbro.com баш на истата страна со изумот на Нена Бошковска е наведен и дизајнот на Апостол Тноковски кој успеал од 1000 концепти да влезе меѓу 80 најдобри на натпревар на Мајкрософт за дизајн на нова генерација на персонални компјутери што е голем успех , но не е она златен или блиску до златен медал за иновација па затоа и не го постирав текстот за да не се распламтиме наоколу т.е. ја разводниме темата со сите аплицирани проекти наоколу, мислам дека најдобро е да се држиме до нај извиканите и нај потенцијалните, исто не ги набројав наградите за вина и за ракии бидејќи сепак ова е технички форум...
сепак доколку некој смета дека вреди да се посвети на нешто внимание бујрум, сепак ова е слободен форум!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2008 at 19:46
Бетон можеш ли да најдеш за оној копјутерот што беше скоро дизајниран од македонски иноватор, оној лаптопот во форма на топка, што проектира IR тастатура и има вграден прожектор како монитор.


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 20:41
Originally posted by lslcrew

Лорандитот е единствено парче од сонцето кое паднало на земјата. Таму има нуклеарно гориво во изобилство, само што не е најдено како тоа може да се активира.


дека доколку се улови т.е. се детектира неутриното ќе можеме да држиме секој по едно сонце во рака тоа е точно бидејќи истото тоа е докажано, додека Македонецот од Сорбона академикот Паскал Сотировски докажа дека тоа е најизводливо - детектирањето со Лорандитот минералот на Талиумот кој единствено во Македонија- на Кожуф планина го има во изобилство , проценката е дека има од 90 па се 250 тони чист лорандит, кој во останатиот дел од светот го има во незначителни количества или е помешан со други елементи што го прави неупотреблив...она што е интересно е дека уште во 70ите тиле им дал на америте само 3 грама за експеримент додека на русите 3 кила, и на тоа останало, се до ’96/’97 кога бране наш им го отстапува на 10 годишно експлоатирање рудникот на наса, е сега под кои услови и како незнам, за ова имам само чуено неофицијално, потврда немам, но знам дека имало теренски сондажи од страна на америте остај друго обезбедувани од нато патем...абе да знае народов што пари се фрла на овие експерименти за детекција на неутрино честичките и сам ќе инвестира во некој поголем експеримент кога веќе имаме суровина на претек, но тоа требаше да биде уште додека беше жив академик Сотировски, но никогаш не е касно...

еве кои се експерименти биле активни на полето на детекција на неутриното:

http://www.mpi-hd.mpg.de/hfm/CosmicRay/CosmicRaySites.html#acc-nu - High-energy neutrino and underground muon experiments

Neutrino experiments at particle accelerators
(including long-baseline neutrino beams)

  • BooNE [Booster Neutrino Experiment]: planned experiment at Fermilab
  • CHORUS [CERN Hybrid Oscillation Research apparatUS]: experiment at CERN
  • COSMOS [COsmologically Significant Mass Oscillation Search]: Experiment E803 at FermiLab (??)
  • KARMEN [KArlsruhe Rutherford Intermediate Energy Neutrino Experiment]
  • KEK-PS E362 (K2K: KEK to Kamioka) New long-baseline neutrino oscillation experiment from KEK PS to SuperKamiokande
  • LSND [Liquid Scintillator Neutrino Detector] at Los Alamos
  • MINOS [Main Injector Neutrino Oscillation Search] Long-baseline experiment with neutrino beam from FNAL to Soudan. For live event display go here.
  • NOE [Neutrino Oscillation Experiment]: planned CERN to Gran Sasso long-baseline experiment.
  • NOMAD [Neutrino Oscillation MAgnetic Detector] experiment at CERN.
  • NuTeV (Fermilab experiment E815, measures mainly sin2thetaw).
  • OPERA [Oscillation Project with Emulsion-tRacking Apparatus]: proposed CERN to Gran Sasso long-baseline experiment.
  • TAU (Fermilab experiment E 872)
  • TOSCA [Topological Oscillation Search with kinematiCal Analysis]: intended CERN short-baseline experiment.
Reactor neutrino experiments
  • CHOOZ (reactor neutrino oscillations experiment, Ardennes, France)
  • Double-CHOOZ (a project to measure the theta_1_3 neutrino mixing parameter)
  • HLMA [High LMA-Solution of MSW-Effect] a project study for reactor neutrino measurements complementing KamLAND.
  • KamLAND (in the Kamioka mine, Japan).
  • MUNU (at the Bugey nuclear power plant, France).
  • Palo Verde neutrino oscillation experiment (See also here.)
Underground neutrino and muon experiments
  • BOREXINO experiment at Gran Sasso (see, among others, also pages of the Princeton, Munich, and Heidelberg groups).
  • CERN underground muon experiments Cosmics with L3 and CosmoLEP
  • GALLEX [GALLium EXperiment] a former solar neutrino experiment at Gran Sasso
  • GNO [Gallium Neutrino Observatory] is the successor project of GALLEX. See also here.
  • Various GRAN SASSO experiments [GALLEX, LVD, MACRO, and others]
  • GERDA [GERmanium Detector Array] at LNGS
  • HELLAZ [HELium á la tempèrature de L'AZote liquide] (proposed but discontinued solar neutrino detector project; see also French page)
  • HERON R&D project
  • Homestake chlorine experiment (no link known).
  • ICARUS [Imaging Cosmic And Rare Underground Signal]: Liquid argon TPC detector to be build at Gran Sasso.
  • IMB [Irvine Michigan Brookhaven] experiment. (Link unavailable, see experiment entry here or visit this page.)
  • LENS [Low Energy Neutrino Spectroscopy] project for sub-MeV solar neutrino spectrum.
  • LVD experiment [Large Volume Detector] at Gran Sasso.
  • MACRO [Monopole, Astrophysics, Cosmic Rays] (see also pages prepared by Boston, Caltech, and Pisa participants).
  • OMNIS [Observatory for Multiflavor NeutrInos from Supernovae]
  • SAGE [Soviet-American Gallium Experiment]
  • SNO [Sudbury Neutrino Observatory] (see also pages at U. of Washington, U. of Guelph, and LBNL)
  • SOUDAN-2 (Tower-Soudan Iron Mine, Minnesota, USA, operated until 2001). See also here.
  • Super Kamiokando (S-K): see also the S-K pages from Seattle Irvine, and Hawaii)
Underwater neutrino experiments
  • ANTARES [Astronomy with a Neutrino Telescope and Abyss environmental RESearch]
  • Baikal (underwater neutrino experiment in Lake Baikal, Russia).
  • DUMAND [Deep Undersea Muon and Neutrino Detector], from Hawaii U.
  • NEMO [NEutrino subMarine Observatory]
  • NESTOR, planned for deployment off the coast of Greece. (Unreliable link, see also experiment entry here.)
Experiments in Antarctic ice (at the South Pole)
  • AMANDA [Antarctic Muon and Neutrino Detector]. (See also the AMANDA page from Wisconsin)
  • IceCube (a kilometer-scale neutrino observatory)
  • RAND [Radio Array Neutrino Detector]
  • RICE [Radio Ice Cerenkov Experiment]
Other cosmic neutrino experiments
  • Goldstone (searching for radio signals from UHE neutrino interactions in the moon)

најверојатно истиве денес се заменети со понапредни експерименти но едно е сигурно трката трае веќе две децении, затоа изгледа толку се инвестира во сместувачки капацитети на кожуф може ќе почнуваат нешто, но нормално ние последни ќе дознаеме за тоа...едно е сигурно со ваков потенцијал сме жива мета за големите риби освен доколку не поитаме под нечија закрила но и тогаш индиректно ко вазали ќе им бидеме во скут, но бар нема да не сомелат LOL


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jul-2008 at 20:45
еве една реакција во утрински на Преспанецот Спасе Шуплиновски на тема Лорандит

"Алшар" времеплов - фантазија

Спасе Шуплиновски

Повод: (Научници од НАСА ќе се вклучат во проучување на рудникот "Алшар" 31.12.2002 - 03.01.2003 година).

Освен Интернет-изјавата на професор д-р Доне Гаршановски, речиси сў друго наликува на романтична, на нова фантазија за "Алшар" во турска компанија "Алатини-Шарто" - Солун). "Алшар" не паднал од Сонцето, ниту е единствен рудник на светот со лорандит, туку во него, на пристојна длабочина, има количества од овој минерал со најголема концентрација во светот. Освен научна, нема друга употреблива вредност. Штом се извади на светлина, станува релативно безвреден пурпурно-црвеникав "кристал", кој не е неопасен. Се стравува од неговите арсенички својства и од радиоактивно зрачење. Според тоа, нема потреба од занесување за некаков си научно-туристички "вселенски" центар, па треба да преовладува критичкото гледиште.

Теоријата на стандарден сончев модел нема практична потврда, затоа што не може да се вклопат претпоставените со вистинските бројки на неутриното, честички кои во милијарди минуваат низ нашиот организам. Кога тие честички ќе допрат во лорандитот го трансформираат овој минерал и со броење може емпириски да се добијат величини за компарирање. Кога хипотетичното и емпириското ќе се поклопат, ќе ја имаме "формулата" на Сонцето и ќе можеме вештачки да произведуваме сонца, со што ќе отпаднат сите други досега познати енергенси. Упростено, станува збор за два нуклеарни процеса: за фисија (цепење, атомска бомба) и за фузија (спојување, сончев извор). Никој не знае како таа фузија ја "прави" Сонцето создавајќи топлинска и емсиона енергија во што е и предизвикот. Уште поупростено, сонце "во чаша вода" ќе движи автомобил неограничено време, а кога изворот ќе се потроши се заменува со "нова чаша вода". Тоа е, сепак, преголем предизвик за човештвото во сегашниот степен на неговите поимања, со нужното сомневање заради неизвесноста поттикнат од искуството со "обратната" фисиона атомска, нуклеарна) бомба и нуклеарната централа.

Прв кај нас (и во континуитет две и пол децении) пишував за "Алшар" - уште во 1978 година, откако две години пред тоа до претседателот Јосип Броз Тито се обратија претседателите на САД и на СССР со интересирање за "Алшар". Во меѓувреме, Американците вршеа испитувања под површината на езерото, а Русите во длабочините на рудник на Урал. "Алшар" беше тогаш атрактивна мистерија. Во поново време најмногу напреднаа Јапонците во светските истражувања на неутриното. Се смета дека интересирањето за "Алшар" е веќе застарена работа. Неутриното е "фатено"! Но е потешко да се произведе фузиона одошто фисиона (нуклеарна) централа. Лорандит има во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија, Јужноафриканската Република и други.

Она со Александар Македонски (лепење лорандит врз штитовите, а имало 45.000 штитови по најмалку еден квадратен метар) е чиста фантазија. Точно е само тоа дека сите военопроизводствени научни истражувачи пројавуваат интересирање дали Александар Македонски имал ласерско оружје. Ако го имал, тогаш е од два кристала во фокусот на обратно завртен штит низ кои повратно поминуваат сончевите зраци или, како што има најнови сознанија, елкетричен графитен лукс од батерии за постоењето на кои има и писмено сведоштво. Тајна е кој или каков ("црвен"?) кристал е употребен, по кој Американците во Македонија трагаат веќе цела деценија.

http://217.16.70.245/?pbroj=1064&pr=9&stID=5549 - Утрински - 16 октомври 2006




http://forum.kajgana.com//showthread.php?t=2591&page=3 - ова го ископав од кајгана каде има почнато нешто муабет на оваа тема , се надевам дека тука ќе ни се приклучи некој од геолошки па да ни нафрли и научни подробности и видувања за капацитетот како научна сила, дали можеме да истуркаме и ние некаков експеримент, колку го изнајмуваме или продаваме минералот на останатите итн...
http://217.16.70.245/?pbroj=1064&pr=9&stID=5549 - ______________________________

http://www.newscientist.com/article/mg19826521.500-hunting-for-neutrinos-under-the-south-pole.html - Hunting for neutrinos under the South Pole - NewScientist - 19.04.2008

[tube]SskyDuTfH0o[/tube]




Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2008 at 23:07
Бетон, за Алшар доста се имам интересирано и многу фасцинантни податоци имам прочитано. Во архивата на утрински има некои статии, ама од стариот страница архивата, сеуште стои на интернет. Една знам дека, тоа што може еден кубен cm од лорандитот да заврши работа, во Швајцарија тоа го правеа со огромен базен со вода.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 00:23
да експериментите со тешка вода се огромни зафати , најголемиот таков се работи во канада каде подземја е направен огромен контејнер во форма на сфера и е полн со тешка вода, но нивните теории и експерименти не ги имаат ни блиску доведено до неутриното, она што Академик Сотировски го докажа како теорија треба дефинитивно да го пробаме во пракса, но чекај малку прво треба да фрламе пари на научен кадар т.е. турбо едукација и специјализација па после ако остане нешто на страна од буџетот за туризам дури тогаш нешто има шанса и да пробаме...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2008 at 00:35
Бетон не се секирај, некој веќе тоа го пробал лабараториски и увидел стратешка точка на балканот. Барем јас така сум убеден.

А незнаев дека се работи за тешка вода. Знам дека нешто се сликаше со high-res камера, па требаше да се гледаат некои линии светлечки демек нешто некоја честица незнам кај мавала.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 00:59
http://www.sno.phy.queensu.ca/ - www.sno.phy.queensu.ca/
еве инфо за експериментот во канада, нешто јадат трици но пак им е празна слама муабетот http://www.sno.phy.queensu.ca/ -
http://en.wikipedia.org/wiki/Sudbury_Neutrino_Observatory - http://en.wikipedia.org/wiki/Sudbury_Neutrino_Observatory



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2008 at 01:53
Бетон ја еднаш изстражував кој е релевантен да говори на тв за ова. Сакав на Миленко да му предложам да викне гостин за ова, пошто он е единствен со емисија од сличен тип на темава и тогаш разбрав дека г-динот Сотировски е починат. Мечутоа тогаш дојдов и до едно друго име Блажо Боев, сега незнам што е со овој човек, мислам дека и он е дел од овие истражувања на Сотировски.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 15:21
http://www.kiwanis.org.mk/Fondacija%20PS.htm - ФОНДАЦИЈА „ПАСКАЛ СОТИРОВСКИ“

Најсилното оружје со кое се брани и гради сопствената држава не се војниците со пушки и бајонети, туку прекрасниот спој помеѓу младоста и знаењето и мудроста и визионерството на луѓето кои го спознале светот и принципите на кои тој почива и со бескрајна упорност и љубов осознаеното сакаат да го вградат во својата држава, во неговата најкорисна форма.

претседател на фондацијата е Боби Спирковски најверојатно екс министерот за транспорт и врски, но освен скудното мото на фондацијата, нема никакво друго инфо за проекти, цели, насоки... имаше во дневник излезено постхумно некаков буклет за животот и делото на академик Паскал Сотировски но неможам да го најдам, мислам дека тоа беше нивно издание?! повеќе ми изгледа фондацијава на стипендии преку рака него на истражувачки спонзор, треба да се провери...



Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 19:12

Македонски систем за сопирачки ќе се вградува во европските возови

 

Македонски систем за сопирачки ќе се вградува во европските возови. За изумот на година 2006-та на Христијан и Иван Мицковски веќе се заинтересирале германски производители.

Станува збор за автоматски менувач на притисок на воздух во сопирачките кај шинските возила.

По успехот на саемот за иновации во Германија и во Македонија, ја доби престижната награда. Втората награда ја делат двајца. Љупчо Трајковски, чија пумпа за добивање топлинска енергија од земјата, „Фонко“ веќе ја вградува во куќите во Македонија. И Тефик Амзаи за пронајдокот Направа за демонстрирање на движењата на планетите на сончевиот систем.

Најинтересна за македонските домаќинства е третата награда на физичарот Надица Ѓорѓиевска, која измисли ултразвучни бесшумни апарати за домаќинството и мотор на светлинска енергија.

Вели, доколку почне масовно да се произведува овој пронајдок би го изменил светот.

„Светлинскиот мотор претставува извор на енргија, кој што ја користи светлинската енергија. Потребни се инвестиции, тие го птпомагаат патентот“, изјави Надица Ѓорѓиевска, физичар.

Од заводот велат дека ќе продолжат да им помагаат на иноваторите да учествуваат на саеми по светот.

„Тоа значи еден голем начин да ги поттикнеме и да ги стимулираме другите, кои што во наредните години треба да конкурираат за патент на годината“, рече Бајрам Амети, дражавен завод за индустриска сопственост.

Научниците бараат поголема поддршка од владата и од домашните бизнисмени, за да не останат пронајдоците само на хартија.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=71905 - A1  19.12.2006  00:00



Posted By: beTon
Date Posted: 14-Aug-2008 at 23:28
КИРЕ ИЛИЕВСКИ
РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ЈА ПОТВРДИЈА МОЈАТА РЕВУЛУЦИОНЕРНА ТЕОРИЈА ЗА ГРАВИТАЦИЈА

интервју за ФОКУС - 28 март 2008









Posted By: beTon
Date Posted: 15-Aug-2008 at 01:02
Кире ИЛИЕВСКИ, македонскнот АЈНШТАЈН:
РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ЈА ПОТВРДИЈА МОЈАТА РЕВУЛУЦИОНЕРНА ТЕОРИЈА ЗА ГРАВИТАЦИЈА

Дали Македонија го доби својот Алберт Ајнштајн или Никола Тесла?
Ова сензационално прашање би можел да си го постави секој искрен соговорник на Кире Илиевски, автор на книгата Мемоарите на Алберт Ајнштајн', која минатата година беше првонаградена и промовирана во Македонија во издание на фондацијата 'Рамковски', а годинава влезе и во потесен избор на наградата за најдобар роман на 'Утрински весник'.
Станува збор за автор кој не е литерат, туку научник и истражувач, но романескното прикажување на тајните на неговата наука - теоретската физика, очигледно беше единствениот начин тие да допрат до јавноста. Кире Илиевски малку говорел во јавноста за своите спектакуларни откритија, а повод за овој разговор е информацијата дека врз резултатите од неговите истражувања, во моментов работи една научна институција од Руската федерација, која веќе ги потврдила сознанијата до кои тој стигнал во теоријата за гравитацијата. Сонот на Илиевски е да се произведе антигравитационо летало, со кое може да се патува на земјата и во вселената. Неговото второ откритие е уште посензационално Илиевски теоретски докажува дека е можно производство на перпетуум мобиле машина што ќе произведува енергија сама од себе, но тој проект бара уште доработка. Кире Илиевски, кој е велешанец, повеќе од 25 години се занимава со теоретска физика, индивидуално. По професија е економист, работел во туризмот, угостителството, хотелскиот менаџмент, производството на електромотори, трговијата. Живеел во Германија и Австралија, а сега со своето семејство живее во Струмица, од каде што сака на светот да му покаже дека светските научни откритија се можни и од тука.


ФОКУС: Објавивте роман кој се базира на научен труд. Зошто?
ИЛИЕВСКИ: Голема работа е што едно вакво дело доби прва награда како роман. Така што читателот и не очекува наука, но тоа е сепак наука презентирана на начин прифатлив за јавноста. Значи, во романот се скриени дискретни пораки од суптилна, фундаментална наука во областа на теоретската физика, која корените ги влече од метафизиката, од филозофијата воопшто. За разлика од наградата за романот, од науката допрва очекувам резултати.
ФОКУС: Во Македонија има институт за физика. Познавате ли други теоретски физичари?
ИЛИЕВСКИ: Не познавам. Кај нас се подучува применета физика, но теоретската физика е млада гранка дури и во светски рамки и практично, катедра за теоретска физика не постоела пред Ајнштајн, кој е најголемиот адут на оваа наука. Со него за првпат е извршена промена во начинот на размислување, не врз база на анализа на експерименталните резултати, туку врз база на претпоставки, односно како поглед на светот. Резултатите постоеле и пред Ајнштајн. но тој е прв кој така ги третира.
ФОКУС: Од каде Вие тргнавте во изучувањето и колку време тоа трае?
ИЛИЕВСКИ: Јас истражувам повеќе од 25 години. Почнав од сосема поинакви побуди. Ме интересираше зошто воопшто создаваме наизменична струја, сега за момент сум противник на мојот најголем идол во науката – Никола Тесла. Од првиот момент струјата постои како наизменична. Но Тесла ја открил првата експлоатација на наизменичната струја. Од таму почнав и се прашав дали можеме да произведеме чисто права струја, еднонасочна. Ако наизменичната струја еднаш има максимум, а друг пат нула напон, прашањето беше дали можеме да создадеме чисто права струја која постојано создава максимум напон, а со тоа да создадеме и максимум резултати. Односно дали можеме да создадеме перпетуум мобиле. Постојан максимален напон, проток на струја._Од таму почнав, а потоа истражувањата се проширија до бескрај.
ПЕТ ВЕКА ПРЕД ХРИСТА СЕ ЗБОРУВАЛО ЗА АТОМИ
ФОКУС: Со какви проблеми се судривте?
ИЛИЕВСКИ: Се судрив со одредени теоретски проблеми обидувајќи се да го надминам токму ова. И веројатно сум мегу првите што имаат некакви резултати кога станува збор за кружно магнетно поле кај чисто еднонасочната струја. Оти, познато е дека постои кружно магнетно поле само кај наизменичната струја. Дури подоцна сфатив дека де факто не постои кружно движење на наизменичната струја туку само имагинација што ја создава наизменичната струја како кружно движење. Разочаран од ова се откажав од идејата, но не се откажав од начинот на КОЈ пристапував, од претпоставката дека тоа мора да е возможно. Понатаму. фасцинантни ми беа неколку работи. На пример, што е тоа што и' овозможува на планетата земја перманентно да кружи околу сонцето, без оглед на теоријата на Исак Њутн за гравитацијата. Постојат две теории, на Њутн и на Ајнштајн, трета нема, но и ден денес останува отворено прашањето што е гравитацијата и што е тоа што и' овозможува на земјата перманентно да се движи околу сонцето, во ниеден момент да не запре. Тоа не е објаснето во науката. Има само безброј прашања на кои јас давам безброј одговори. Во физиката има и премолчени прашања, кои професионалците се плашат да ги постават или пак има општо прифатени ставови кои ние ги прифаќаме без докази.
ФОКУС: Тргнавте од движењето на земјата околу сонцето...
ИЛИЕВСКИ: Значи, ако е земјата во макросветот, во микросветот тоа е електронот, како дел од атомот кој перманентно се наоѓа во орбитата на одредено енергетско ниво. Така тоа се вика стручно. Никој досега не успеал да објасни зошто електронот се наоѓа на одредено растојание од јадрото на атомот. Јадрото на атомот е позитивно наелектризирано. а електронот е негативно. Ако тие взаемно се привлекуваат, како тогаш електронот никогаш не бива заробен од протонот? Која е таа сила, односно од каде дополнителна енергија во секој момент, во секој дел од секундата, да се одржи растојанието? Секој атом така функционира. Ова е клучното. што ни дава простор да размислуваме дали енергијата постојано се регенерира. И ако се регенерира, како се регенерира.
ФОКУС: Но, Вие се сомневате дека освен материјалниот постои и некој друг свет, кој ние како човечки суштества не можеме да го анализираме.
ИЛИЕВСКИ: За оние што ја прочитале книгата со големо внимание поставувам прашање дали можеме да го гледаме светот и алтернативно. односно дали материјалниот свет е единствениот свет, дека тоа што е материја можеби истовремено е и нешто друго. Односно, дали постои паралелно материјален и нематеријален свет. Тогаш влегуваме во делот на метафизиката. И јас би поставил прашање како можело пет века пред новата ера некој да зборува за атом: односно да објаснува нешто што како научно сознание е привилегија на крајот од 19-20 век. Како можел некој да прави сериозна пресметка на оддалеченоста на месечината од земјата пет века пред Христа, на оддалеченоста на сонцето од земјата, да го пресметува дијаметарот на земјата?
ФОКУС: Некои теории тврдат дека други вонземски цивилизации тоа го правеле или пак дека се работи за овдешна цивилизација, но дека исчезнала оти била уништена по удар на крупни небески тела.
ИЛИЕВСКИ: Во книгата тврдам дека ниедно големо небеско тело не може да ја удри нашата планета. Може да падне метеорче. Тие паѓаат постојано, но беззначајни се. Земјината топка има свој одбранбен механизам, преку својата гравитација. Значи, таа ќе ги стави во орбита сите поголеми предмети како што ја ставила месечината во својата орбита. Во прашање е игра на доминација. Екстремно големо тело не може да залута во вселената, тоа е ставено во одреден ред на механизам. И тука со Ајнштајн многу добро се разбираме. Тој тврди дека нема хаос во универзумот. Туку важат правила и јас го тврдам тоа и на еден перфектен начин ги објаснувам сите тие работи. Верувам дека е перфектен, затоа што луѓе од оваа научна област, не од Македонија, туку светски стручњаци. се обидоа да и' најдат маани на мојата теорија, но не успеаја.
ФОКУС: Што е суштината на Вашата теорија?
ИЛИЕВСКИ: Не е лесно да се објасни заради нашите фиксирани ставови. Тешко можете на верник да му објасните дека Бог не постои, ако тој верува во тоа. Тука се занимаваме со друг Бог, преносно, со наука поставена во светски рамки и таа постои, не можеме да ја негираме. зашто покажува резултати. Но има нешто друго. Има начин како да се објасни и прифати сето ова. Суштината на теоријата е една глобална теорија која е сеопфатна, практично ја врти целата физика на глава. Три независни теории произлегуваат од едно глобално размислување. Првата е таа што јас имам комплетно нов атомски модел. Односно, структурата на атомот и како тој функционира ја објаснувам на еден поинаков начин. Втората работа која ми е најдобро испитана и во која имам извршено и одредени експерименти кои покажуваат резултати, не само од мене, туку и од научни институции надвор од Македонија. Е антигравитацијата. Една од тие научни институции, која се согласува дека јас најверојатно сум во право. е од Руската федерација. Значи, јас објаснувам на свој начин што е гравитација, а од тоа на крајот треба да произлезе комерцијален производ - антигравитационо летало.

ГРАВИТАЦИЈАТА Е МАГНЕТИЗАМ
ФОКУС: Што е според Вас гравитацијата?
ИЛИЕВСКИ: Според мене, гравитацијата е магнетизам. Денес професионални тимови, па дури и стручњаци на НАСА тврдат дека во универзумот, во оној дел што ние го подразбираме под празен, меѓугалактички простор, регистриран е магнетизам и никој не може да објасни од каде е неговото потекло. Јас тврдам дека гравитацијата е магнетизам. Ако гравитацијата е магнетизам, тогаш можеме да ја победиме само со магнетизам. Односно да ви дадам пластичен пример. За да полетате од едно тело, кое има гравитациона сила (на пример гравитационата сила на земјата е 9.81 метар во секунда), за да ја победите таа сила вам ви треба противсила. Од школските учебници по физика ни се познати првата и втората космичка брзина. Со втората космичка брзина ние ја напуштаме планетата земја. Но, ако отидете на тело на кое има 10 пати поголема гравитација, ќе ви треба 10 пати поголема сила за да го напуштите. Мојот евентуален производ 6и можел без оглед на условите во кои се наоѓа, да ја користи постоечката гравитација за да го напушти небесното тело.
ФОКУС: Гравитацијата е проблем за летањето во вселената, нели?
ИЛИЕВСКИ: Да. НАСА веќе планира да направи олеснето летање до Марс, со тоа што ќе гради бази на месечината каде што гравитацијата е помала. Од друга страна, одредени приватни компании се обидуваат тоа да го направат на поинаков начин, прво со комерцијално полетување со авион. а потоа, колку што се оддалечувате од земјата каде што е помала гравитацијата, со ракетен погон. На висина од 50 км. над земјата има далеку помала гравитација, а над 330 км. таа полека исчезнува. Се поставува прашањето, каде е таа гравитација што ја држи дури и месечината во земјината орбита? Не треба да сте стручњак за да поставите такво прашање. Па дури и тоа, како сонцето ја држи земјата во својата орбита, ако земјината гравитација завршува на 340 км.? Значи, докажано е дека над триста и кусур километри сте природен сателит на земјата, или вештачки, сеедно, а потоа сте во аут. А ако дојде под тоа ниво, сателитот се урива на земјата, како што неодамна се сруши американскиот шпионски сателит. Значи, има тука една сфера, еден појас, едно ограничување кое е многу мало. А ние зборуваме за универзална гравитација според Њутн, или според Ајнштајн, која ништо не менува во суштина. Ајнштајн вели дека телата се движат таму каде што има најмал отпор за да се движат. Ајнштајн де факто не поседува теорија за гравитација. Да не бидам погрешно разбран, тој е голема личност, но кога е во прашање гравитацијата таа е само апстрактно третирана од негова страна и има прескокнати заклучоци за кои нема објаснување како стигнал до нив. Практично, јас ја пополнувам таа празнина помеѓу Њутн и Ајнштајн, ако може така да се каже.
ФОКУС: Во што се состои третото откритие?
ИЛИЕВСКИ: Третото прашање кое сериозно го поставувам е дали е возможен перпетуум мобиле. Да го кажете тоа вака апансас, ќе ве сметаат за луд, нели. Значи, машина која создава доволно енергија за сама да се движи и да има вишок енергија да обавува некаква работа. Со други зборови, вашиот автомобил, ако еднаш збрмчи никогаш повеќе да не треба да му ставате бензин и да си работи. Тоа е со јазикот на лаик. Но, од аспект на стручњак по физика 6и звучело вака: дали некој може да го побие вториот закон за термодинамика, кој е клучен и вели дека енергијата може само да ја менува формата, а ни случајно не може да се создава нова енергија. Да не зборуваме за создавање нова енергија надвор од вложената. Се поставува прашањето дали овој закон на термодинамика е одржлив во секакви услови. Односно, дали не постојат некакви негови лимити. Многу убав пример за тоа е што се случува кога еден систем ќе изладиме до апсолутна нула, односно кога ќе му ја одземеме целата енергија. Кога еден систем е на апсолутна нула, Антигравитационото летало подразбира летало за движење на земјата односно замена за она што е автомобилот, потоа летање како замена за авионот, со тоа што не е ниту како хеликоптерот, со пропелер, ниту пак е на млазен или ракетен погон. Станува збор за еден сосема поинаков погон на движење. И тоа ќе биде супституција на се што денес подразбираме под летање. Значи, се што се движи ќе се движи поинаку. Нема потреба од автопатишта. Се менуваат сите превозни средства на земјината топка и надвор од земјината топка, меѓупланетарно и интергалактички.
Вториот комерцијален производ, ако успешно сум го докажал тоа дека вториот закон за термодинамика има свои гранични вредности, е производ што овозможува производство на неограничени количества енергија, што значи елиминирање на потребите од енергенси на земјината топка. Еднаш стартувате во погон и засекогаш имате енергија. Замислете на минус 273 степени целзиусови, а такви простори во универзумот има безброј, тогаш се максимизира магнетизмот! Сега вие објаснете што е тоа, му одземате се што е енергетско во него, а тој дава максимум магнетизам. Тоа е докажано
експериментално. Моето прашање е дали магнетизмот ќе го третираме како енергија или како нешто што создава енергија. Заклучокот е кога на системот му се одзема целата енергија, тој дава максимум магнетизам кој може да биде третиран како енергија или може да биде генератор на енергија. Мислам дека ова им било јасно на нашите претци, на прачовекот.
ФОКУС: Како можело да им биде јасно?
ИЛИЕВСКИ: Исто како што им била јасна и Питагорината теорема, која воопшто не е на Питагора. Тоа е теорема земена од денешните територии на Ирак, помеѓу Тигар и Еуфрат, на Сумеријците, на сумериската култура која има развиено сериозна математика. Јас мислам дека тоа е клучот. Ова е веќе политика, а не филозофија, да се објасни како дошло до прекин на таа цивилизација. Како дојдовме до тоа што денес го нарекуваме старогрчка наука, старогрчка филозифија, старогрчка математика.
ФОКУС: Како се  да почнува од времето на античка Елада.
ИЛИЕВСКИ: Да. И што е уште поважно, сите тие сознанија пред Елада, значи 4-5 век пред нашата ера, се запишани како митологија. Значи, ние почнуваме од митологија, или на дотогашните сознанија им е ставен предзнак 'митологија' за секогаш да се заборави дека постоеле. Запад има сериозен интерес за тоа.
ФОКУС: Западната цивилизација почива на античката грчка цивилизација.
ИЛИЕВСКИ: Тука лежи и проблемот на Македонија во релација со Грција. Или, она што се случува во Ирак. Библиотеката во Ирак е уништена од воена сила, нели. Јас го избегнав сето тоа во мојата книга да не создавам впечаток дека сум антигрчки расположен. Но, светот почива на тие работи и контролата на умот преку финансиите, а подоцна преку културата и се  останато, преку надградбата, е направена со еден сериозен фалсификат. Можеби е веќе созреано времето, благодарение на глобализацијата, на поместувањето на интересите, да се расчисти со оваа митологија.
Ако воопшто е митологија, зашто како тогаш располагала со такви сознанија. Второ, како се јавуваат одредени ад хок сознанија во науката мотор со внатрешно согорување или електромотор, на пример, кој можете секаде да го ставите во употреба. Сам независно да произведува енергија. Сите други извори на енергија, како сончевата, ветерниците итн. се примитивни. Како за големо откритие на 20 век, ние зборуваме за ветерницата која работи на принципот на водениците и за генераторот што го направил Никола Тесла. Ако е тоа револуција во науката, тогаш ова е исто така огромна револуција. Значи, веќе не зависиме ниту од соларна енергија, ниту од нафта, ниту од никаков ресурс. Се што се движи и што постои, зашто и материјата постои, благодарение на енергијата, ќе произведува енергија. Оти може, оти универзумот функционира така. Ова е потешко да се изведе, но можно е. Всушност, на сто години еднаш се случуваат такви работи, а јас мислам дека сега е моментот. И ако сега не се случи тоа, тогаш постои опасност хидрогенот да влезе како погонско гориво, како алтернатива. каде што нема сериозна евиденција за сукцесивно научно истражување, туку наеднаш имате некое екстремно научно откритие како кај Ајнштајн? Јас читав и еврејска филозофија која е клуч за овие работи. Знаеме кој денес го контролира светот. И ми беше нужно тоа да го видам за да можам така да размислувам. Кога почнав така да размислувам, многу работи ми станаа појасни. Некои откритија не можат да се објаснат, но се плод на многу работа, мака, прочитани дела.
ФОКУС: Што друго читавте?
ИЛИЕВСКИ: Поминав 4-5 г. во една од најголемите библиотеки во Австралија, практично не излегував од библиотека. Читав теоретска физика и филозофија. Теоретската физика ја анализирав многу пати, ја класифицирав, па пак ја анализирав. Потоа кај мене созреа идејата што е тоа гравитација. А, ако вие денес сакате да прочитате што е тоа гравитација, ви гарантирам дека и да превртите 100 библиотеки нема да најдете одговор. Не постои комплетна теорија.



Posted By: beTon
Date Posted: 15-Aug-2008 at 01:06
ФОКУС: Какво е искуството од средбите со авторитети од оваа област. Ве испитуваат ли дали држат вашите теории?
ИЛИЕВСКИ: Стручњаци од Австралија се обидоа со постоечките теории да ме соборат. Но не успеаја во тоа. Да имав практичен производ, не мораше никому да му објаснувам, иако и тоа не е доволно. Во светот на науката мора да имате теорија да го браните тоа што сте го произвеле. Можете да имате антигравитационо летало ама ако немате теорија што го поткрепува, нема да ви веруваат. Како што му правеле на Никола Тесла, кога проверувале дапи има жици под водата кога докажал дека може со помош  на електромагнетен бран да се пренесува струја. Значи, направени се и експерименти кои водат кон тоа дека јас сум во право во врска со антиграватицијата. Не поседуваме се уште летало, блиску сме до тоа, но сепак далеку.
ФОКУС: Што е потребно? Многу пари?
ИЛИЕВСКИ: Не знам дали требаат многу пари, потребно е големи умови да се соберат на едно место и малку пари и ќе има резултати.

ЈА ГУБАМ БИТКАТА СO ПРИМЕНЕТАТА НАУКА
ФОКУС: Имате ли други иновации?
ИЛИЕВСКИ: Јас сум налравил голем број работи за кои сум сметал или дека се неважни или дека се очигледни, за подоцна да сфатам дека некој ги презентира како нови сознанија. Зборувам за периодот кога бев во средно училиште. Имав интересни идеи кои добро ги обработував без да бидам свесен дека имаат тежина. На крајот констатирав дека перманентно ја губам битката во делот на применетата наука во однос на западниот свет.
ФОКУС: За какви производи станува збор?
ИЛИЕВСКИ: На пример, за електромагнетен шрафцигер. Поради тоа што поправив радио како дете и ми паѓаа шрафовите во радиото, направив електромагнетен шрафцигер.
ФОКУС: Тогаш не постоеше такво нешто?
ИЛИЕВСКИ: Не. Потоа, заштитни склопки, електромотори, соларни колектори, пепо тркало на автомобил за паркирање, сензор за паркирање... На село имав проблем со следење прва и втора програма на МТВ, па морав да направам контролор, со кој ќе ја вртам антената по потреба. Подоцна во Германија видов дека тоа почна да се произведува. Имав еден куп такви ситни пронајдоци, но сфатив дека ја губам трката со индустријата. И затоа, од аспект на местото каде што живеам, се определив да работам фундаментална физика, чиста теорија при што не е важно каде живеете. Дури, колку сте подалеку од цивилизацијата, толку ви е почист мозокот, поблиску сте до небото.


ХИТЛЕР БИЛ К0НТР0ЛИРАН
ФОКУС: Што значат тие револуционерни теории ако се применат?
ИЛИЕВСКИ: Го менуваме светот во суштина. Атомскиот модел, како откритие, може да заврши во рамките на апстракцијата. Но практичното е што од теоријата произлегуваат два сериозни комерцијални производи. Едниот е антиграватиционото летало, а вториот машина која може да создава доволно енергија за да се храни себе си и да обавува одредена работа. Но и атомскиот модел открива нешто друго. Дали материјалниот свет е материјален, односно дали истовремено со материјалниот свет паралелно постои нематеријален свет. Дали ние коегзистираме истовремено во ист универзум, во ист простор. па дури и во исто време. Дали постојат два света? Дали се во прашање еден или повеќе светови?
ФОКУС: Вашата теорија дава објаснување за тоа?
ИЛИЕВСКИ: Мислам дека мојата теорија доволно објаснува. Поставува прашања и дава одговори. Дали сонот е јаве или јавето е сон. Дали можеме да воспоставиме комуникација сами со себе од другата страна. Дали нашиот материјален свет може да воспостави комуникација со својот нематеријален свет. Или кој свет е примарен, најпосле.
ФОКУС: Поставувате и други прашања од вселената?
ИЛИЕВСКИ: Ме интересираше како функционира една галаксија, дали постои опасност да се судрат галаксиите, има прашање дали сите ѕвезди се исти, а јас тврдам дека ѕвездите што се поблиску до центарот на галаксијата, се условно речено со потешки метали, и според последните сознанија во науката, на база на снимките со телескопи од вселената, се покажа дека е навистина така. Објаснувам зошто постојат елипсите на планетите. Зошто нивните движења околу сонцето не се кружни, туку елипсоидни. Многу одамна имам напишано дека Плутон не можеме да го сметаме за планета. Дури и мојот син во Австралија на школо пишуваше тема, а со моја помош напиша дека Плутон не е планета, а сателитите на Сатурн не се сите што ги знаеме. За тоа беше критикуван, за по неколку месеци училиштето да му прати писмо со извинување дека сме биле во право. Има безброј други работи. Одговорив зошто Американците со нивната сонда го промашија Марс - заради неточно пресметување на гравитацијата...
ФОКУС: Дали е проблемот што сте во Македонија, не сте заминале на некој научен институт во светот да го примените знаењето?
ИЛИЕВСКИ: Иако сум во години, имам отворена понуда да работам за еден од контракторите на НАСА. Но, јас имам малку македонски инает во мене. Ја сакам оваа земја, сакам да им покажам дека сум појак од нивните институции. Оти по многу нешто, освен во Швајцарија, можат вода да ми носат. Во Швајцарија постои една од најголемите институции во оваа област, каде што се вложени милијарди долари, а следните три години илјадници научници ќе работат со нови 90 милијарди долари буџет. Станува збор за астрономски цифри. Американците трошат неколку пати повеќе средства од сите во светот заедно, потоа тука се Јапонија, Индија, Русија. Тие луѓе трошат толкави буџетски средства и не верувам дека лесно 6и прифатиле, некој аутсајдер, што во некој подрум во Македонија седнал и веднаш прескокнал цела епоха. Зашто, ова се епохални откритија. Имаме комплетно нов приод, сите работи во кои тие продолжуваат да талкаат во џунглата, јас ги објаснувам поинаку.
ФОКУС: Во книгата ги откривате деталите. Можат ли да се применат тие практично според книгата?
ИЛИЕВСКИ: Во добар дел - да. И не ми е криво. Кога станува збор за гравитацијата и за можноста за производство на антигравитационо летало, освен ситните детали како тоа би можело да се изведе, се' друго е дадено. Ако некој го прифати, научен институт и сл., лесно е проверливо и применливо. Ако се насочи научната мисла во таа насока за период од една година било која сериозна научна институција во светот може да даде резултат и да направи антигравитационо летало.
ФОКУС: Тоа би можело да се направи во Русија?
ИЛИЕВСКИ: Најјаки научници во таа област има во Русија и Америка. Русите имаа и предимство, зашто САД се нови во овие работи но вложија сериозни пари и ги купија најдобрите научни умови. Германија пред Втората светска војна беше водечка сила во оваа област, но потоа се што не беше отепано, беше однесено во САД. Можеби и Втората светска војна имала и други цели.
ФОКУС: Сугерирате дека не држи теоријата оти Хитлер сакал да го пороби светот, да создаде една раса.
ИЛИЕВСКИ: Ве поканувам да срушиме еден селски кмет за да видите колку е тоа тешко. Зборуваме за молер кој го поробил светот или се обидел. Многу работи се сменија по него. По Втората светска војна имаме комплетно научно, економско, политичко преструктуирање. Ве прашувам дали Хитлер случајно го направил тоа што го направил? Или некој го поставил таму за да обави одредена функција. Мислам дека крупниот капитал, ама не германскиот, туку американскиот, го поставил и го поддржувал и кога Хитлер во одреден момент мислел дека има доволно моќ да им се спротивстави на своите спонзори. тогаш го суредија. А не пред тоа. До Втората светска војна од она што знам од теоретската физика, Германија е најјака, а потоа се Англија и Франција, и малку Италија и Русија. Останатиот свет не постои во оваа област. Клучот е Германија. Сум живеел таму и не видев толку памет во тие луѓе. Ме чуди како дошле до таква сериозна наука, а не се толку интелегентни. Педантни се, дисциплинирани, коректни во работата, но во Германија нема сериозен дух што би можел да го направи тоа во науката. Силната автомобилска индустрија денес не е некоја креација, во прашање е модел, механизам, познат во науката, во физиката, мотор со внатрешно согорување, разработен до перфекција, како што го прави и Јапонија. Но тука нема креација. А имале креативност се' до Втората светска војна. Потоа имаме поместување, доминантни стануваат други. Концентрација на интелект има во Русија, но и САД, покрај концентрацијата на интелект, купуваат ум, и присилно дури. Со атомската бомба Германија предничела пред светот, украдена е технологијата, па дури и миграцијата на Ајнштајн во САД јас не ја гледам како случајна. Ајнштајн е под присила однесен во Америка. И живеел до крајот на животот во куќен притвор. За тоа има доволно докази.
ФОКУС: Ајнштајн бил инструмент...
ИЛИЕВСКИ: Исто како и Хитлер. Верувате ли дека има некоја голема фигура во светот што не е контролирана. Се' е контролирано.
ФОКУС: Тоа е теорија на заговор.
ИЛИЕВСКИ: Заговор - да, но не е теорија. Мислите дека Хитлер случајно дошол на власт? Австриец да дојде на власт во Германија? Едноставни се одговорите ако едноставно ги гледате работите. Истото му се случило и на Наполеон. И тој е Корзиканец кој доаѓа во Франција без да биде француски државјанин. Станува император на Франција, не само прв воин. Притоа, Католичката црква треба да даде согласност за да стане император. Значи, постои некој што контролира. Но зошто? Нему толку му било важно да влезе во императорската елита, па дури и да фалсификува дека бил од моќна лоза. Од Сумеријците па наваму некому му било важно каде припаѓа. Можеме ли да зборуваме за можна вонземска интервенција, односно дека сите оние што припаѓале на таа лоза биле нешто посебно. Александар Македонски во одреден момент вели - јас сум полубог. а полубогови биле тие што се мешани помеѓу жена земјанка и некакво друго суштество, некаков Бог. При рушењето на Трир, неговиот оружар ќе запише дека Александар има божјо потекло, зашто силен светлосен зрак ги урнал портите на градот кој го освоил. Ако го поврземе сето ова, тогаш не знам дали зборуваме за конспирација или за сериозна анализа.
ФОКУС: Глобализацијата е позната уште од Александар кога се говори за еден свет диктиран од еден центар.
ИЛИЕВСКИ: Знаете кој се спротивставил на таква идеја? Исус Христос. Но тој вели - ќе ги примиме и необрежаните. Симболично, значи, и тие што не се привилегирани. Под обрежани Исус можеби подразбира симболика на нечија вонземна интервенција. Како ќе ги објасните цртежите во пештерите во кои се сликани луѓе со скафандери. Или, нацртани летала во форма на чеклас. Чеклас е врвот на житарицата кај јачменот, односно плодот од каде што излегува, во форма на триаголник. Така, имаме летала во форма на триаголник сликани во пештерите. Во науката е познато дека чекласот е најаеродинамична форма, најдобро го сече воздухот, и најдобро завршува на крајот во капка на солза. Тоа е природна форма. Но, ние имаме цртежи на човек сместен во нешто како летало, човек кој седи во средината на такво летало. Такви цртежи има безброј низ светот. Кај старите цивилизации, кај Инките, Мајите и сл.

Македонски работи ПОТРЕБЕН Е СТЕЧАЈ НА ДАСКАЛИТЕ
ФОКУС: Што в потребно кај нас да се направи за развој на науката?
ИЛИЕВСКИ: Владата на Груевски добро почна и се надевам дека ќе реализира дел
од идеите. Ние требаше уште во 1991 г. Да направиме пресврт. Најмала е инвестицијата во мозокот. Требаше да направиме коренита промена на нашиот школски систем. Од тука требаше да почне се'. Не можеме со кадрите кои се школувани во друг систем, не можеме сега со несоодветни лекови да лекуваме одредена болест. Со социјалистички методи да лекуваме капиталистички болести. Кога би бил јас премиер, ако Груевски го прочита ова ќе ми биде многу драго, би спровел стечајна постапка, значи во стечај би ги ставил цела бирократија, вклучувајќи ги и даскалите во Македонија. Па погледајте што се учат нашите деца во школите. На нашите универзитети, ние и ден денес имаме папагалско повторување. Социјалистички, ништо да не разбираш, но реторички да повторуваш за да бидеш послушник. Нам нв ни требаат послушници, туку креатори, не можеме ние со таа гарнитура. Мораме најпрво да инвестираме во образование. Овој момент е пресуден и го охрабрувам премиерот да го направи тоа. Сепак, драго ми е што среќавам млади луѓе кои имаат голема љубов кон оваа наука, теоретската физика, и благодарение на интернет денес, имаат многу сознанија. Значи, знаењата се проширени вонинституционално. Тие луѓе инсистираат на разговор, доаѓаат кај мене на седенки, среќавам исклучителни личности. Повеќето од нив рекоа дека не ги разбрале моите теории во целост, но им се многу интересни, со коментар зарем може сето тоа да биде толку едноставно. Инаку, јас многу работи ги поткрепив со математика, иако не сум математичар. Ги ставив во необврзувачкиот дел за читателот, зашто секогаш кога некој ќе сака да биде злобен, и ќе каже дека ова е фикција, има доволно материјал за да го сепнам и да престане да зборува. Но, ме чуди што ниту една институција не се јави и не реагираше, а се јавија многу индивидиуалци кои ми рекоа дека ова нужно мора да стане обврзна литература, на пример во гимназиите, во природно-математичките средни школи. И дека би било пожелно како предмет да се стави и на факултет. 



ЗАПАД НЕКА РАБОТИ ЛОН-СЕРВИС ЗА НАС
ФОКУС: Има ли Македонија капацитет да произведе научници генијалци?
ИЛИЕВСКИ: Генијалец се раѓа меѓу будали, во слабо опкружување. Немате голем избор. Едната е да залутате и да ве сметаат за човек што не знае што прави, односно границата е многу тенка. Ако не успеете, тогаш сте луд. Тука ни е шансата. Ние не можеме да се натпреваруваме со Америка во производство на компју тери. Нам ни останува чистиот ум, да го погледаме небото и да прашаме дали ние можеме нешто да направиме. Да - можеме! Се почнува од умот. Но, тоа што нам ни е потребно, е една посериозна лабораторија која би работела и екипа не само од Македонци, да не се залажуваме дека ние можеме нешто сами да направиме.
ФОКУС: Толку ли сме ние далеку?
ИЛИЕВСКИ: Дали сте биле некогаш во Министерството за наука во Македонија? Таму еднаш влегов и разговарав и ги замолив да ги избришат масите од прашина, но и тоа не е  направено. Тие ми одговорија дека финансираат само професори. Цело време тврдиме дека школскиот систем ни е катастрофа, а ги фаворизираме истите професори и на нив се  потпираме. Во тоа е проблемот. Фарадеј немал титула. Никола Тесла немал титула. Значи, ако не сте професор, ништо. Ми рекоа дека единствено ќе дадат пари за некој што ке направи проект за соработка со Кина, од областа на економијата. Јас сум економист по професија и ја ценам како наука, но економска наука во Македонија досега немам видено. Тука има само квази-економисти. Никогаш не сум добил помош од институции. Вклучително и литературата со која располагам. Се' сам сум обезбедил. Не располагам со лабораторија со која можам да испитувам нанотехнологија, но за сметка на тоа, со пет жици и три пара клешти, имам доволно опрема за елементарно докажување на моите теории.
ФОКУС: Не ви е потребно ништо повеќе?
ИЛИЕВСКИ: Кога Ото првпат го направи дизел моторот, моторот на внатрешно согорување, го направил многу скромно. и кога се обиделе да го стават во функција, тој експлодирал. Освен Ото, сите околу него биле разочарани. Само Ото знаел дека штом има толкава енергија, само треба да се контролира. Значи, денес сме во таа фаза. а знаеме каде отиде автомобилот. Денес зборуваме за перформанси, за стил, за ентериер, никој веќе не зборува како функционира тој мотор. Секој може да направи мотор. Ние сме сега во фаза дали ќе направиме мотор, дали воопшто ќе  профункционира, и за тоа не е потребна толку многу сериозна технологија, а најпосле, таа технологија се купува. Ние ќе работиме во Македонија, а одреден елемент може да биде изработен во Лондон. во Њујорк. било каде, особено во Калифорнија каде што имаат сериозни научни институции и универзитети. Значи. потребна е сума пари која 6и овозможила да профункционира работата, работењето, да се собере тимот.
ФОКУС: Што ќе правите сега?
ИЛИЕВСКИ: Морам да го завршам она што го започнав. Досега работев теорија. сега морам да направам практичен производ. Или ќе го направам или ништо не сум направил. Ова еден ден ќе предизвика револуција во научната мисла, доволно е и тоа што е напишано и секој што добро ја познава таа тематика ќе сфати дека тука има нешто сериозно и ќе дојде моментот кога тоа ќе направи пресврт во научната мисла. Но, од друга страна, пак, ќе ми биде драго некој малку повеќе да се позанимава во оваа држава, не за мене. но заради другите. Со образование можеме да бидеме на светско рамниште. И ако за себе тврдиме дека сме паметни луѓе, дека имаме потенцијал, тогаш правилно да го насочиме и да станеме рамноправна, научна сила во светот. Поради тоа што сме малку развиени. Оваа област е иста како туризмот. Во туризмот колку си помалку технолошки развиен, толку ти се поголеми шансите да имаш квалитетен еко-туризам. И тоа Македонија го има. Ние можеме да продаваме домати, еколошка храна и теоретска физика, поради тоа што теоретската физика се развива под чисто небо и со чист дух. Таму каде што има веселба, каде што има добра ракија, каде што има убави чувства, каде што емоциите се чисти. А ние го имаме тоа. За теоретска физика не е потребна сериозна лабораторија кога ќе дојде во комерцијален производ, тогаш ќе ги плаќаме светските лаборатории да работат за нас. Зошто па се ние да работиме лон-сервис, шнајдери да сме, еднаш тие нека работат за нас.

                                   
.                                                  Applause

.                                    Applause     Applause     Applause

.                                                  Applause



Posted By: axel
Date Posted: 13-May-2010 at 17:40
Applauseza lugeto od mikrosam

http://www.kurir.com.mk/index.php/biznis/48-biznis/12462-microsam - Микросам- доказ дека македонското знаење и експертиза се апликативни на странските пазари
Четврток, 13 Мај 2010 12:06
Доказ дека македонското знаење и експертиза се апликативни на странските пазари
Од 13 до 15 – ти мај, македонската  компанија за дизајнирање и производство на современи, компјутерски управувани машини со висока технологија  „Микросам“ од Прилеп,  на оригинален и впечатлив начин ќе го прослави својот 20 годишен јубилеј под мотото „20 години извоз на знаење“. Преку  тридневен перформанс и практично претставување на четирите главни области на делување – механика, роботика, автоматика и програмирање,  Компанијата ќе се обиде непосредно,  на едноставен начин да им ја доближи високата технологија и технолошки достигнувања на граѓаните на Република Македонија. 

Акционерското друштво „Mикросам“, чиј тим за успеси во врвната технологија го претставуваат едуцирани и докажани научни кадри, произведува машини што се користат во автомобилската, авионската, вселенската индустрија, потоа, индустријата за транспорт на нафта и гас, за транспорт на вода и отпадни води, и делови за потребите на хемиската индустрија.

Портфолиото што зад себе го има овој реномиран домашен бренд со светско реноме, е само доказ за успесите постигнати во изминатите две децении. За тоа време компанијата испорача преку 100 производни линии, во повеќе од 25 земји од целиот свет.  Денес, Микросам ги пласира своите производи речиси во сите земји во регинот, членките на Европската Унија, потоа Русија, Кина и Јапонија.
 
Деновиве на најпрестижниот саем во светот „ JEC COMPOSITES SHOW“, што се одржа во Париз, каде се претставуваат најголемите фирми од подрачјето на авио техниката, вселенската техника и производството на композити, екипата на Микросам Прилеп за првпат го покажа своето, досега најголемо технолошко достигнување - Машина наменета за производство на критичните делови на авиони и сателити. Тимот кој ја конструираше и реализира оваа машина е составен од група искусни инженери и група млади стручњаци меѓу кои се наоѓаат и неколку програмери кои со успех ја завршиле Академијата на Микросам. Освен во Македонија, ваков тип на машина се произведува досега во САД, Франција и Шпанија. Производството на ваква машина претставува врвно достигнување во технолошкиот развој на фирмата, а соодветно и на државата.

Покрај овие основни активности, од 2007 год. Микросам во рамките на своето работење ја основа и Микросам Академија-та каде основната задача е едукација и тренинг на млади талентирани кадри. Целта на оваа академија е младите и талентирани кадри од Македонија преку бесплатна обука од врвни професори да добијат напредни знаења за програмирање, математика и проектирање со современи софтверски програми.

Во 2009 год. Микросам го основа „Институтот за современи композити и роботика“ чија цел е да изгради соодветна истражувачка инфраструктура, која низ интердисциплинарен пристап ќе ја развива фундаменталната и применета наука во областа на современите композити и роботиката, со посебен акцент на нивната применливост, создавајќи услови за лидерска позиција на домашниот и меѓународните пазари.

http://www.kurir.com.mk/index.php/biznis/48-biznis/12462-microsam


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 04-Jun-2010 at 10:39

Македонец со револуционерен изум: Електронска книга во ролна

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/161/profile - Ивана Терзиевска
04 јуни 2010, 09:40
 

Еден од најинтересните изуми во последно време може да му се препише на 22 годишниот Македонец Драган Тренчевски од Скопје.

Тој дизајнираше електронска книга (eBook) или екран кој може да се завитка во ролна, а иновацијата е наречена eRoll. “Книгата“, откако ќе се свитка во ролна има форма на мал цилиндер и е помало и од обичен полициски пендрек.

Со оглед на тоа што се поактуелна е интернет генерацијата и се почесто обилните хартиени книги ги заменуваме се електронски , овој изум кој користи напредна технологија и флексибилни  материјали, заштедува време, може да се користи секаде, а што е најинтересно зафаќа многу мал простор.

Екранот на eRoll е на допир (touchscreen) и нема потреба постојано да се вртат страници.  Дизајнот го зачувува екранот заштитен, бидејќи откако ќе го прочитате она што ви треба, екранот повторно се враќа во цилиндерот.

Слични вакви пронајдоци се мегапопуларниот Ipad или Kindle кои исто така имаат tochscreen,  но имаат цврст екран и иста функција како иновацијата на младиот Тренчевски

http://www.makfax.com.mk/#109143 - http://www.makfax.com.mk/#109143


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 03-Dec-2010 at 23:00
Прв македонски суперкомпјутер

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид денеска беше претставен првиот македонски суперкомпјутер.

Компјутерот е со 260 процесорски единици и капацитет на обработка на три илјади милиони пресметки во секунда.

Се работи за нов компјутер со високи перформанси, целосно создаден од студентите и асистентите на универзитетот.

Суперкомпјутерот, преку интернет-поврзување ќе биде достапен до сите заинтересирани корисници, пред се високообразовните институции.

Можностите на првиот македонски суперкомпјутер ќе бидат претставени на презентацијата закажана за 20 декември.

http://www.makfax.com.mk/_tools/refinedSearch#236016%2Fprv_makedonski_superkompjuter


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2010 at 17:40
Звучи интересно, но битно е пред се да најде примена... да почекаме па да видиме.




Posted By: axel
Date Posted: 21-Dec-2010 at 19:17
Македонски патент на годината
 
Владимир%20Филевски
Филевски вели дека има заинтересирани за неговиот пронајдок
Засилувач за 50/60 херци на елетрични аудиосигнали за нисконапонски звучници денеска во Скопје беше прогласен за патент на годината во Република Македонија.

Златни медали и специјални награди добија уште осум други пронаоѓачи. Патент на годината се доделува по 17 пат.

Пронаоѓач на патентот на годината е електроинжинерот Владимир Филевски.

Новина

Новината на неговиот пронајдок е тоа што ако тој се употребува во земјите кои користат понизок напон во мрежното напојување, ќе нема потреба од мрежен трансформатор и овој производ ќе биде поевтин од тие што сега се нудат на пазарот.

Филевски смета дека неговиот патент е поинтересен за компаниите отколку за државата.

-„Државите и според законот се интересираат за специфични патенти. Ова е обичен патент, обичен производ кој е за широка потрошувачка, каде што пред се треба да бидат заинтересирани фирми кои произведуваат вакви производи. Во Македонија знаеме, не постојат такви фирми, со странски фирми еве, веќе стапив во контакт, има заинтересирани“.

Марин Гавриловски е адвокат и застапник за индустриска сопственост. Тој за БиБиСи појасни дали пронаоѓачите од Македонија се чувствуваат позаштитетни во земјата или кога нивните патенти ги пласираат во земји од Европската Унија и во светот.

-„Тоа зависи од земја до земја и од територија до територија. Државата дава право на заштита, меѓутоа, колку е тоа ефективно зависи од тоа колку функционираат другите органи во државата, на пример судовите, Министерството за внатрешни работи, царината“.

Иако на манифестацијата беше најавен министерот за економија Фатмир Бесими, тој не дојде.

Колку Македонија се интересира за тоа какви се' патенти има во Државниот завод за заштита на индустриската сопственост, институција каде што се пријавуваат изумите?

Ирена Јакимовска е раководител на одделението за патенти.

-„Пријавите од доверлив карактер што доаѓаат се препраќа до ресорното министерство, дали е тоа Министерството за одбрана или Министерството за внатрешни работи. Досега немаат пројавено интерес државата да ги користи овие пронајдоци. А, што се однесува од аспект на поддршка за реализација на патентите имавме такви случаи, како што е изградба на кулата на соцето, прототип на асеизмичка градба на зграда“.

Успеси

Пронаоѓаштвото во Македонија има традиција од 30 години. Досега во земјата регистрирани се околу 13.000 патенти.

Држач за запалки со можност за закачување на кутија од цигари, чистење на загадени почви со космичка енергија, специјална хартија за искористена мастика за џвакање, противпожарен апарат кој огнот го гасне за неколку секунди, осумстепена пренапонска заштита, лесна тула за градба, космичко одгледување пчели кои даваат мед со својство на најскапата печурка на светот-тартуфот, се само дел од македонските пронајдоци.

http://www.time.mk/read/3765d16c25/960db6c69e/index.html


Posted By: axel
Date Posted: 14-Aug-2011 at 11:11

80 – годишен иноватор од Пехчево прави машини за обработка на дрво

Како од шега прави машини враќајќи му ја топлината и благородноста на дрвото, 80-годишниот Јован од Пехчево. Најпознатиот иноватор во овој крај, столар и некогашен директор и денес е неуморен и секојдневно своите идеи за олеснување на производството и поквалитетен производ ги преточува во машини.

Дарбата дадена од Бога, облагородена со скромност и упорност, го води низ животот посветен на производство на изработки од огревно дрво. Во неговиот погон, 16 машини се лично направени од него, а останатите се модифицирани. Во долгиот работен век има 4 патентирани иновации, а тој е единствен во светот кој успеал од цел трупец да извади готов производ и идејата да ја патентира.

„Јас сум роден иноватор уште како дете правев санки и велосипеди. Останав сираче на 12 години, на 17 години имав своја занаетчиска фирма, правев инструменти, гитари и сам свирев“, вели Јован Станоевски, иноватор.

Животот го посветил развивајќи го стопанството во Пехчево. Неговата сушална за пелени се извезувала и во Англија, дрвените штипалки за алишта кои вработиле над 200 луѓе, се продавале како алва низ цела поранешна Југославија. Машината за изработка на стакло создала погон стаклара и вработила над 450 пехчевци, а со машините за производство на масивно дрво, целата масива на „Симпо“ Врање се произведувала во пехчевски „Напредок“.

„ Дрвото ми е преокупација,јас го преработувам материјалот на дребонзи, го ставам трупот на дребунгот и вадам од него масив, тоа е благодет. Кога видов дека сега лепат од 4 дела една ногарка, а секое лепење покажува различна боја или е потенок материјалот и потоа тоа се раздвојува, тоа ме натера да правам“, вели Јован Станоевски, иноватор.

Денес не остана ништо од фабриките градени благодарејќи на неговиот изум и локал патриотизам.

„Се чувствувам многу повреден. Денес „Напредок“ работи едвај, ја продаваат од тој на оној, работевме создававме, сега го продаваат други, ги лажат работниците, многу жално стана. Јас не успеав да го уновчам моето знаење и мојата дарба. Задоволен сум единствено што имам толку многу луѓе вработено и на улица ме поздравуваат и благословуваат“, вели Јован.

Го оставивме стариот иноватор кај еден од неговите поседени изуми, сушалната, адаптирана просторија каде ја вади влажноста од изработените дрвени производи. Староста не му ја зела енергијата, но за разлика од младоста денес го води мислата да изработи што подобар производ и да обезбеди пласман за егзистенцијата на семејството,целото ангажирано во малиот погон во Пехчево.

Даниела Такева

http://www.time.mk/read/NONE/d7e07cf9a0/index.html


Posted By: axel
Date Posted: 20-Sep-2011 at 08:08
voa moe da odi tuka

Скопјанец дизајнира „мерцедес“

Младиот скопјанец Славчо Таневски направил дизајн за автомобил „мерцедес“ што ги воодушеви Германците поради што веднаш му понудиле работа

Маја Томиќ


Славчо Таневски, 23-годишен скопјанец, студент на дизајн во Минхен, од неодамна стана член на реномираната германска компанија „Мерцедес - Бенц“. Средношколецот од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, кој една година студирал на Машинскиот факултет, а студиите ги продолжил во Германија, подготвил дипломска работа, автомобил АИДА од марката „Мерцедес Бенц“. Трудот ги воодушевил првите луѓе од фирмата, по што тие веднаш оствариле контакт со талентираниот Таневски и му понудиле работа на неопределено време. Тоа било вистинска реткост во досегашната практика на „Мерцедес Бенц“, каде што најчесто се нудат работни места за определен период.

Таневски и ова негово посебно достигнување беше презентирано на вчерашната прес-конференција на „Мерцедес Бенц Мак ауто стар“, при што младиот Таневски посочи дека ова вработување за него значи голем поттик во натамошното работење и добар почеток на кариерата.

Инаку, по повод 125-годишниот јубилеј на „Мерцедес“, „Мерцедес - Бенц Мак ауто стар“, преку конкурс реши да го бара најдобриот млад дизајнер во Македонија. Конкурсот започна вчера, а ќе трае до 19 декември годинава, односно 125 дена. Целта е да се изработи дизајн-студија под насловот: „Мерцедес дизајн на иднината“.

Како што истакна Владица Кокаловиќ, директор на маркетинг и односи со јавноста во „Мак ауто стар“, оваа компанија, како една од најстарите во автомобилскиот бизнис во Македонија, досега поддржала голем број проекти од разни области од општествениот живот.

„Така и сега, ’Мерцедес Бенц Мак Ауто Стар“, како социјално одговорна компанија, има намера преку овој конкурс да им овозможи на сите студенти, млади луѓе и невработени, до 30-годишна возраст, да ја искажат својата способност и талент и да креираат дизајн што ќе се базира на досегашниот развој на ’Мерцедес‘ во изминатите 125 години, како и врз основа на денешните вредности на брендот“, посочи Кокаловиќ.

Директорот за патнички возила на оваа македонска компанија, Марко Јовановски, истакна дека „Мерцедес Бенц Мак ауто стар“ е компанија што се грижи за младите, особено за оние со изразен спортски и динамичен дух, но и за повозрасните, чиј престиж и успех постојано се следи преку имиџот и филозофијата најдобрите секогаш го сакаат најдоброто.

„Тоа е главен мотив во изминатите 125 години и токму во духот на нашиот слоган - 125 години иновации сакаме да продолжи успешната приказна и во Македонија, преку конкурсот за најдобар дизајн“, изјави Јовановски.

Инаку, компанијата прв пат го распишува овој конкурс, а планира да стане тоа традиција. За студентите поблиску да се запознаат со целата идеја, ќе има неколку предавања на факултети. Додека условите за учество на конкурсот, како и процедурата за изработка на проектот, можат да се погледнат на веб-порталот www.mercedes-benz.mk или да се добијат директни одговори на адресата : marketing@makautostar.com.mk.

Победникот ќе биде објавен на крајот на јануари следната година и ќе биде награден со патување во седиштето на „Мерцедес Бенц“ во Штутгард.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A7C3DBAE4E97C499E98CB65219403DE


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Dec-2013 at 13:15
Делфина (Delfina)

Што е „Делфина“?

„Делфина“ е едноставна, интерактивна, едукативна аудио-визуелна Андроид апликација, која е наменета за стимулација на развој на говорот и јазикот, визулно препознавање на печатните букви од македонското кирилично писмо, стимулирање на аудитивната перцепција и развој на фонемската дискриминација на секој глас, богатење на детскиот речник со нови зборови, формирање на нови претстави и поими. Стимулација на усвојување на поим за број и броење, запознавање и усвојување на броевите од 1 до 10. Поттикнување за воочување и именување на геометриските форми, круг, триаголник, правоаголник, квадрат, овал и ромб, стимулирање на препознавањето и именувањето на основните бои.

За кого е наменета „ Делфина“?

Апликацијата е наменета пред се за децата со посебни образовни потреби, децата со аутизам, за децата/учениците кои имаат пречки, отстапувања во говорно-јазичниот развој, имаат развојни и индивидуални потреби за помош и поддршка во однос на усвојувањето на буквите, броевите, боите и формите. Апликацијата ќе можат да ја користат родителите, дефектолозите, логопедите, и сите оние чија дејност е стимулација и третман на говорно – јазичната патологија.

Зошто и како настана „Делфина“?

„Делфина“ е производ на шеснаесетгодишното работно искуство на м-р Елена Ташкова вработена како дефектолог – логопед во ООУ „Гоце Делчев“- Штип, екипата на “Бест Солушн“ студиото за изработка на Андроид апликации и игри, и две млади дами Симона Андонова (10 години) и Викторија Андонова (6 години). Преку синергија на искуство, компетентност, љубов, хуманост, креативност и детска желба да се помогне на „различниот“, се изработи оваа едукативна Андроид апликација на македонски јазик. Позитивните примери, светските искуства и резултатите од употребата на компјутерот, таблетот, телефонот во дефектолошко – логопедскиот третман, недостатокот на пазарот на едукативни апликации на македонски јазик за оваа намена, беа дополнителен поттик, идејата да резултира со готов производ.

Како се користи „ Делфина“?

„Делфина“ е поедноставена, но истовремено функционална, интерактива, интересна и забавна апликација наменета за усвојување на основните бои, форми, букви и броеви. Илустарциите се јасно структуирани со реалистичен дизајн, стимулативни бои и контрасти, аудитивна стимулација преку детски глас. Менито е едноставно и дава можност за самостојно користење, снаоѓање на екранот и активирање со допир. Можноста за повторување ќе придонесе за задржување и насочување на вниманието, стимулирање на развојот на моториката, координација око – рака, говорот и когнитивните способности, поттикнување и постигнување на самостојност.

Апликацијата може да се симне од линкот https://play.google.com/store/apps/details?id=com.BestSolution.Delfina - https://play.google.com/store/apps/details?id=com.BestSolution.Delfina

-------------
За сè има вторпат


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 10-Mar-2014 at 22:11

21 vek zasega najdobro otkritie tuka premierot Nikola Gruevski

ke zazhivee zdravo nishkava naskoro, ochekuvam deka ke isfinansiraat i nekoj srednoshkolski i univerzitetski inkubator ko shto e Dom na narodna tehnika i pak neka mu vratat ova starovo ime za da se znae deka od narod za narod bi trebalo da se stimuliraat inovacii, pred se so filantropski akcent da se motiviraat mladite ili nadeznite

uste da gi dresiraa ruralno mladite ko Tesla nekogash onaka zivot na selo vo priroda, so po tri cetiri saati spienje, i reshavanje lokalni rebusi dodeka trgnat sredno il fakultet podocna v grad

[tube]qrc7ZZ_cCaE&start=15000[/tube]

inventivno nema Shto broime sitno dodeka da go ulovime neutrinoto jasno vo ova potencijalno bi pomognale i site oni 100 i kusur labosi so koi gi opremija drzavnite fakulteti no ke treba za ova i eden fakultet za astrofizika kade bi im posakal dobredojde na brucoshite Vlatko Stefanovski

-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 12-Mar-2014 at 08:00

samo da ne pochneme da brkame indeksi so ogled deka bi se ugushile vo kvantitet a ne kvalitet, a koja i da e presudata utre na vakvite pojavi od toa ne treba da se plashime ili demoralizirame

glavno e da se ima podrshka i strategija a potem i fokus na megjusebna sorabotka na inspiriranite, kako bi otpeale poharmonichni vibracii i teoretski i tehnoloshki no ne samo zaradi podobar kvalitet na zhivot tuku i za opstanok i spas od eventualni idni skori kataklizmi ko globalno zatopluvanje ili zaladuvanje, iscrpuvanje na energetski i prehrambeni resursi, i posredi niv ekoloshko-ekonomska samoodrzlivost, vo pricip treba i posvesno nasochuvanje na grupi i institucionalno preku institutite i fakultetite na odredena problematika no so predznak inovacija, jasno nagradena, no za ova bi trebalo paralelen fond koj dopolnitelno bi gi upatuval individualnite i kolektivnite potencijali

http://www.globalinnovationindex.org/content.aspx?page=GII-Home - http://www.globalinnovationindex.org/content.aspx?page=GII-Home


-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 20-Jun-2014 at 22:39

и тука да ги поздравиме ентузијазмот и упорноста на Војо Ушевски за подобро утре на сограшаните па и пошироко доколку првиве престанат да се подбиваат туку и самите не седнат нешто да смислат ил поеностават

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2984&PID=174745#174745 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2984&PID=174745#174745

така и со Ванчо Димитров тераа сеир па излезе дека му го откупија патентот

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=112543#112543 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=112543#112543



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 16-Jul-2014 at 18:34

[tube]5-R8IZJvTpk[/tube]

i taka edno vreme Penov sakashe da kreva kaskadi po Vardar zaradi vodostojot, pa eve i ekstra fajde od niv

pretpostavuvam stanuva zbor za hidraulicna pumpa no da vidime dali vo patentot ima neshto pospecifichno shto bi ja napravilo poefikasna vakvata pumpa!?

http://en.wikipedia.org/wiki/Hydraulic_pump#Radial_piston_pumps - http://en.wikipedia.org/wiki/Hydraulic_pump#Radial_piston_pumps

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3008&PID=168815#168815 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3008&PID=168815#168815


-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: gjoko
Date Posted: 16-Jul-2014 at 23:21
вероватно оди на помал проток(помал Ф) за повеќе време за да се добие поголема висина на пумпање


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 09-Nov-2014 at 18:21

https://web.archive.org/web/20150321161635/http://fokus.mk/makedonskite-inovatori-sozdavaat-izumi-i-patenti-ama-makedonskata-drzhava-gi-ignorira/ - http://fokus.mk/makedonskite-inovatori-sozdavaat-izumi-i-patenti-ama-makedonskata-drzhava-gi-ignorira/

https://web.archive.org/web/20140620054231/http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/85768-patenti-na-godinata-avtomobil-na-voda-krem-od-lesnici-sistem-za-recikliranje - http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/85768-patenti-na-godinata-avtomobil-na-voda-krem-od-lesnici-sistem-za-recikliranje

https://web.archive.org/web/20141113130433/http://emagazin.mk/кои-се-петте-најоткачени-македонски-п/ - http://emagazin.mk/кои-се-петте-најоткачени-македонски-п/ - без Ѓезвето за благо и горко кафе пописов тапа

им недостасуват уште фрактални полици [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=481&PID=24708#24708 - 1 ][ http://www.umbra.com/usd/conceal-floating-shelf-collection - 2 ]

-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв



Print Page | Close Window