build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов пазар во Велес

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Sep-2021 at 13:42




https://www.facebook.com/akocevski
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 17-Sep-2021 at 15:09
ВЕЛЕШКИТЕ ПАЗАРЏИИ ПРЕСЕЛЕНИ ПОКРАЈ ВАРДАР, ЌЕ ОСТАНАТ ТАМУ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОКРИЕ НОВИОТ ПАЗАР



Од утрово, велешани пазаруваат на нова, привремена локација, покрај Вардар, на паркингот спроти спортската сала на ОУ „Панко Брашнаров“. Таму ќе бидат сместени сите пазарџии додека не заврши изградбата на горниот дел од Градскиот пазар, односно додека не биде покриен.

„Тезгите се дислоцирани на паркингот, најдовме таму доволно простор. Вишокот тезги е однесен во базата на ЈКП ‘Дервен‘. Со новиот покриен пазар, пазарџиите ќе имаат и нови тезги, што ги набави ова јавно претпријатие. Горниот дел од пазарот треба да биде ставен во функција на почетокот на октомври“, кажа градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција.

Првични реакции од продавачите и купувачите нема. Има простор за минување и пазарење, па нема гужви.

Покривањето на горниот дел од Градскиот пазар го изведува фирмата „Бауер БГ“ од Скопје, а вредноста на градежните работи е 34 милиони денари. Роковите за изведба веќе беа надминати во два наврати и Коцевски најави дека фирмата ќе плати казна за тоа.

Изведувачот на градежните работи во долниот дел од пазарот е „БВ инженеринг“ од Битола, а вредноста е 50 милиони денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veleshkite-pazardhii-preseleni-pokraj-vardar-ke-ostanat-tamu-dodeka-ne-se-pokrie-noviot-pazar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 03-Nov-2021 at 17:52
ЗАБРЗУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАЗАР ПОБАРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ

Градоначалникот Колев денеска беше во увид на градежните активности на фаза 2 од новиот Градски пазар. Оствари средба со изведувачот на градежните зафати „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје“ и надзорниот орган од МБМ Инженеринг.
На состанокот се разговараше за текот на работните активности во изградбата на горниот дел на пазарот, но истовремено се укажа и на забрзување на динамиката на работа со цел што поскоро да се изгради пазарот и да се создадат соодветни услови за работа за продавачите на земјоделски и други производи.
Од страна на Градоначалникот беше укажано да се направи ревидирање на динамиката на работни активности.







https://www.facebook.com/opshtinaveles
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Jan-2022 at 15:35
ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ПАЗАРОТ

Денеска се изврши технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар. На техничкиот прием присуствуваа претставници на фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган пд МБМ Инженеринг, претставници од ЈКП Дервен како и од Општина Велес.
Присутните извршија увид на целиот објект и помошните простории. Во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани сите недостатоци утврдени при увидот на објектот.
Во меѓувреме се изработува металниот дел од оградата на пазарот. Во тек се подготовки за изработка на парапетен ѕид како и изработка на нова траса за фекалниот колектор.
Кога ќе се создадат соодветни услови тезгите од сегашната локација ќе бидат префрлени во новоизградениот дел на пазарот.







https://www.facebook.com/opshtinaveles
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Feb-2022 at 17:51
ОТПОЧНУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА ИЗГРАДБАТА НА ЗАТВОРЕНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Со подобрување на временските услови отпочнува со реализација Фаза 1 од проектот за „Градски пазар“ – Велес во која ќе се изгради затворениот дел од пазарот.
Градоначалникот Марко Колев, заедно со стручните служби и изведувачот „БВ Инженеринг“ од Битола направија увид на долната платформа каде што ќе се имплементира оваа фаза.
Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 50.248.059 денари и предвидено е да заврши до 15.09.2022 година.
Изведувањето на градежните активности нема да влијае на функционирањето на пазарот, односно дејноста непречено ќе се извршува на веќе завршениот горен дел. Градоначалникот Колев и Општината продолжуваат со заложбите за модерен и современ Велес за сите граѓани.





[URL][https://www.facebook.com/opshtinaveles/URL]
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-Jun-2023 at 13:43
ЗА ГОДИНА И ПОЛ ПРОБИЕН РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕНИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС



Изградбата на покриениот Градски пазар во Велес започна на 1 април 2021, со најава дека ќе заврши во октомври истата година, но Ниту по година и половина од овој рок градежните работи не се завршени. Последната најава е дека објектот, кој чини 86 милиони денари (околу 1,4 милиони евра) ќе биде завршен до половината на овој месец, откако сите претходни рокови беа пробиени.

Зошто толку се доцни со изградбата на покриениот Градски пазар во Велес, праша на седница на Советот советникот Марјан Николов. Градоначалникот Марко Колев детално објасни сѐ што се случувало изминатите две години. Притоа, потенцира дека пазарот бил во сериозен ризик да не биде завршен.

„И јас сега, а и претходниот градоначалник, сериозно се спротивставиме на одредени замисли на одредени луѓе. Кога видоа дека има цврст став од оваа страна, општинската, беше завршен горниот дел од пазарот и започна реализацијата на долниот дел. Беше потребна дислокацијата на колекторот кој минува под објектот, за што немаше проект, па мораше да се бара решение, бидејќи резервоарите за нафта за греење на ОУ ‘Панко Брашнар’ се многу блиску до стопите. Се бараше друга локација, што одзеде време. Па дојде енергетската криза, која значително ги зголеми цените на изградбата. Инвеститорот бараше разлики, не му дозволивме, па имаше пауза во работата“, кажа Колев.

Одолговлекувањето на градежните работи резултираше кредитот подигнат од Светска банка од 50 милиони денари, да биде намален на 30 милиони. Изведувачот на работите на покривање на долниот дел од пазарот, градежната фирма „БВ Инженеринг“ од Битола ќе биде казнета поради доцнењето.

„Фирмата ќе биде казнета пет милиони денари, согласно потпишаниот договор, кој дозволува казна до 10 отсто од вкупната вредност ако проектот не се заврши во договореното време. Имавме во два наврати продолжување на рокот, со анекси. За последниот да биде на 31 јануари годинава. Со оваа ситуација на доцнење треба како Општина да платиме од буџетот 20 милиони денари за изградбата на пазарот. Тоа е разлика од кредитот кој беше 50 милиони колку што чини градбата, до добиениот кредит од 30 милиони денари. Таа разлика ќе ја обезбедиме со пет милиони од казната кон изведувачот и 15 милиони од Општинскиот буџет, непланиран расход годинава. Тие ќе ги обезбедиме со ребаланс. Имавме трошоци за дислокацијата на колекторот што чинеше 3-4 милиони денари, еден милион за струја“, рече Колев.

Тој додаде дека поради доцнењето со изградбата, Светска банка го прекинала кредитирањето на објектот, па наместо 50 милиони ќе кредитираат со 30 милиони денари. Градоначалникот Колев рече дека бил во дилема дали да се продадат или да се изнајмува деловниот простор во пазарот, дали да се земат пари наеднаш или со кирија да се прибираат со години.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-godina-i-pol-probien-rokot-za-izgradba-na-pokrieniot-gradski-pazar-vo-veles/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15281
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 09-Nov-2023 at 18:12
ВЕЛЕС ДОБИ НАЈГОЛЕМ ПОКРИЕН ПАЗАР ВО РЕГИОНОТ

Велес доби нов современ покриен пазар, кој беше предаден за користење на Денот на општината 9 Ноември. Свечениот чин, сечењето на црвената лента го сторија актуелниот градоначалник Марко Колев и двајцата претходници Аце Коцевски и Славчо Чадиев, како и Снежана Дервишова, службеник која трите години беше задолжена за активностите за изградбата.

„Отвораме капитален објект, кој беше долго време потребен и на граѓаните и на продавачите. Тој долго време се работеше. Посакувам овој објект да го чуваме, граѓаните да можат да го користат, продавачите да се чувствуваат пријатно, безбедно и заштитено“, кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој ги покани на свеченост претходни градоначалници Коцевски и Чадиев, за кои рече имаат заслуга за постоењето на објектот. Колев се заблагодари за нивниот ангажман во започнувањето и реализацијата. Градоначалникот изрази благодарност и до Владата која издвои 40 милиони денари, средства со кои се градеше горниот дел од пазарот, како и до Светка банка за одобрениот кредит.

Покриениот градски пазар е најголема инвестиција на локалната власт во Велес, изминатите 30 години, од осамостојувањето на Македонија. Градежната парцела опфаќа 4.172 квадратни метри, од кои 3,4 илјади м2 се површина наменети за продажба. Поставени се 310 тезги за овошје, зеленчук, текстил, железарии и цвеќе. Во засебни простории се продаваат сирење и јајца.

„За мене овој пазар е најголем регионален пазар во Вардарскиот регион. Се надевам и очекувам дека ќе се чувствуваме покомотни при посетата како купувачи, така и за продавачите“, рече Чадиев.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veles-dobi-najgolem-pokrien-pazar-vo-regionot-najgolema-opshtinska-investitsija-od-osamostojuvaneto/

фотки од различни извори:








За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.