Шарена Џамија - Тетово |
Post Reply |
Author | |
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply
#1 Topic: Шарена Џамија - Тетово Posted: 15-Sep-2011 at 10:45 |
Реставрација на фасадата на Шарена џамија со грант од САД
15.
09.2011 - 10:18:27
Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, и амбасадорот
на САД, Пол Волерс, денеска во Тетово ќе потпишат Договор за грант во
вредност од 94.700 американски долари наменет за конзервација и
реставрација на фасадата на Шарената џамија во Тетово.
Грантот е обезбеден преку Амбасадорскиот фонд за културна заштита, програма што е финансирана од Стејт департаментот на САД.
Од формирањето на Амбасадорскиот фонд за културна заштита во 2001
година, амбасадата на САД финансираше десет проекти во Република
Македонија.
Програмата беше востановена од Конгресот на САД за да им помогне
на земјите во развој да го зачуваат и одржат своето значајно културно
наследство.
извор: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=91792&kategorija=1 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #2 Posted: 10-Dec-2012 at 18:17 |
10.12.2012, 15:34
(ФОТО) Вратен стариот сјај на Шарената џамија во Тетово Ѕидното сликарство во внатрешноста на објектот е конзервирано и реставрирано со средства од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД и од македонското Министерство за култура Гојко Ефтоски На Шарената џамија во Тетово денеска, официјално беа завршени конзерваторско-реставраторските работи на ѕидното сликарство во внатрешноста на објектот со што му е вратен вистинскиот сјај на овој најрепрезентативен споменик на архитектурата и сликарството од времето на османлискиот период. За извршените работи се вложени околу 95 илјади американски долари како донација од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД и уште 500.000 денари, средства на македонското Министерство за култура. По тој повод, денеска во Шарена џамија, или како уште се нарекува Алаџа џамија, во Тетово престојуваа Пол Волерс, амбасадор на САД во земјава, и Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура, со соработниците. „Шарената џамија е споменик на архитектурата и сликарството. Овој импозантен објект на исламската уметност потекнува од 15 век и неговата монументалност најмногу се препознава во внатрешноста и надворешната декорација која е израз на врвните дострели на искусните мајстори од Дебар“, подвлече Канческа-Милевска. Според неа, Шарената џамија повеќе од пет века е симбол на градот Тетово, а зафатите што се извршени овозможија да и' биде вратена вистинската убавина. Реализацијата на проектот задоволува светски стандарди за заштита на еден споменик на културата, а на убавините и монументалноста ќе се воодушевуваат многу генерации. Амбасадорот Пол Волерс искажувајќи го своето воодушевување, рече дека амбасадата финансира 11 вакви проекти во Македонија за заштита на споменици на културата, а за Шарената џамија подвлече дека е најубавиот од нив. Тој смета дека со извршените конзерваторско-реставраторски работи, сега овој објект ќе биде уште попривлечен не само за тетовци и жителите на Македонија, туку и за многу туристи од странство. Очигледно беше дека Шарена џамија се наоѓаше во фаза да го изгуби големиот сјај и исклучивост со ѕидното сликарство, како во внатрешноста така и на фасадниот дел. За да се заштити биле изведувани интервенции во далечната 1978 година, а три години подоцна и конзервација. Конзерваторски работи се изведувани на фасадната декорација и во 1997 година кога целосно била реконструирана, а најмногу на долните и средишните делови, на местата што најмногу биле изложени на надворешни и атмосферски влијанија. Со сегашната донација на амбасадата на САД, ангажирани биле 15 конзерватори од Националниот конзерваторски центар на Македонија и негови надворешни соработници, предводени од м-р Владо Муковски, виш конзерватор за ѕидно сликарство. Завршените работи претставуваат најобемен зафат досега со употреба на најсовремени техники, технологии и материјали за конзервација, како и со примена на недеструктивни методи. Најновите откритија дадоа нова светлина за целосно и точно толкување на техниката, стилот и начинот на сликање на ѕидната декорација. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=15FC25D07DBC8C4CA98A2BC247713AFB |
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #3 Posted: 25-Jan-2013 at 18:15 |
Завршија конзерваторските и реставраторските работи на фасадата на Шарената џамија во Тетово Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Пол Волерс, во присуство на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, градоначалникот на Тетово, Сади Беџети, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, директорот на Националниот конзерваторски центар, Мемет Селмани, како и конзерватори од оваа установа, денеска го одбележаа официјалното завршување на конзерваторските и реставраторските работи на фасадата на Шарената џамија во Тетово. -Шарената џамија е културно наследство од исклучително значење. Токму затоа Министерството за култура води особена грижа за овој споменик на културата кој во изминатиот период, во повеќе наврати, беше конзерваторски третиран од страна на надлежните институции. Со поддршка на Министерството за култура беше реализиран проект за конзерваторско-реставраторски работи на ѕидното сликарство во внатрешноста на џамијата. Исто така се направи дренажа на објектот и заштита од атмосферски води, а се изработи и проект за конзервирање на челната фасада. Беа направени и други интервенции на влезниот дел, оградниот ѕид и други делови, истакна Канческа-Милевска. Таа додаде дека Министерството за култура во својата Годишна програма за 2012 година издвои и средства за конзервација и реставрација на фасадното сликарство (500.000 денари), кои заедно со грантот од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на Соединетите Американски Држави (во износ од 94.700 долари), овозможија овој објект кој повеќе од пет века е симбол на градот Тетово, да го врати својот сјај. -Денеска можеме да забележиме дека овој проект ги задоволува сите светски стандарди за заштита на еден споменик на културата и верувам дека уште многу години, многу генерации ќе се воодушевуваат на монументалноста на Шарената џамија во Тетово, додаде министерката за култура. Шарената џамија во Тетово е еден од репрезентативните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија. Овој импозантeн објект на исламската уметност потекнува од 15 век и неговата монументалност најмногу се препознава во внатрешната и надворешната декорација која е израз на врвните дострели на искусните мајстори од Дебар.
http://s1046.beta.photobucket.com/user/Makedonij/media/Dzamiji/3-3_zpsb213aa4b.jpg.html |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
Goki
Groupie Joined: 17-Jan-2013 Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #4 Posted: 25-Jan-2013 at 21:13 |
Simpaticna gradba. Odsekogas mi se dopagjala....
|
|
Граѓанин
Senior Member Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 233 |
Quote Reply #5 Posted: 25-Jan-2013 at 21:30 |
Да твореа денес тие дебарски мајстори, глава немаше да кренат од обвиненија дека создавале кич. Јас градбата воопшто не ја сметам за таква, но лесна аналогија е кога ќе се земе предвид што се коментира на далеку повоздржани градби денес.
|
|
Goki
Groupie Joined: 17-Jan-2013 Online Status: Offline Posts: 93 |
Quote Reply #6 Posted: 25-Jan-2013 at 21:32 |
Pa siguno i koga se gradela pagjale optuzbi, samo sto togas glavi pagjale, denes uzivame vo edna sloboda na demokratsko pcuenje i plukanje
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #7 Posted: 26-Jan-2013 at 22:01 |
инаку, што се однесува конкретно за темава, голем поздрав за реконструкцијата на ова ретко архитектонско/уметничко дело со кое што може да се пофалиме... штета што требаше да чека толку време, но битно се направи |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #8 Posted: 21-Feb-2013 at 20:17 |
ЗАВРШЕНО!
|
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #9 Posted: 05-Aug-2014 at 12:01 |
ЗАВРШЕНО !
Ставете стрелка бре |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #10 Posted: 06-Aug-2014 at 14:02 |
И од внатре е сосема необична
|
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |