build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Авиокомпании и линии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Авиокомпании и линии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 241242243
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4841 Posted: 02-Oct-2024 at 18:58
Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно во Македонија, најави Мицкоски

Од февруари идната година, Македонија ќе ја посетат околу 35 илјади туристи, преку германскиот туроператор Ер - Ес - Де. Секојдневно по 1 авион со околу 190 туристи од Германија, Фрнација, Велика Британија се очекува да слетува на скопскиот аеродром.

Целта е преку оваа соработка на владата и компанијата да се развива културолошкиот туризам. За една година се очекува бројот на ноќевања да достигне 140 илјади плус од сегашните, а со доаѓањето на туристите тоа, според премирот ќе значи дополнителни 30 милиони евра за македонскиот туризам, што заедно со сместувањето, транспортот и останатите трошоци бројката би достигнала 50 милиони евра.

„Овие 35 илјади туристи ќе бидат на балканска тура, која започнува со 1 ноќевање во Скопје, Црна гора, албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевања, и завршува со 2 ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија....бројот на ноќевања кои што ќе ги имаат овие туристи претставува практично од 10 до 15 % од вкупниот број на ноќевања кој што ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада

„Туроператор кој работи на културолошки патувања и планиараме да донесеме 35 илјади гости следната година почнувајќи од февруари. Мислам дека во иднина не очекува многу голема работа.“- Кристијан Франк – сопственик на „Ер Ес Де“

Од Владата велат целта на соработката со германската компанија е поддршка на туризмот, а токму тоа е и причината туризмот да се поврзе со министерството за култура. Очекуваат во иднина бројот на туристи од сега планираните 35 илјади да се удвои, но за тоа како што посочи Мицкоски ќе треба државата да вложи во сместувачки капацитети, кои ќе бидат атрактивни за овој тип на гости.

https://kanal5.com.mk/germanski-turoperator-kje-nosi-35-000-turisti-godishno-vo-makedonija-najavi-mickoski/
Carpe diem
Back to Top
kokimih View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jan-2017
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote kokimih Quote  Post ReplyReply #4842 Posted: 09-Oct-2024 at 08:49
Има ли некои информации во врска со резултатите од Јавниот повик за субвенционирање авиолинии? До сега не видов некоја објава, а рокот за доставување беше до 07.10.2024
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 91
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4843 Posted: 09-Oct-2024 at 11:05
mislam deka ke se objavat na 10.10
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 91
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4844 Posted: 15-Oct-2024 at 09:18
nema nikakvo info za javniot povik, nekoj da nema neshto povekje info do kade se rabotite?
Back to Top
kokimih View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jan-2017
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote kokimih Quote  Post ReplyReply #4845 Posted: 25-Oct-2024 at 11:37
Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул

Аеродромот во Скопје ќе се поврзе со Дубаи, со Барселона, со Лион и со Штутгард , а охридскиот аеродром со Истанбул и со Базел Милхауз.
Во текот на наредната година двата аеродроми во земјава, Скопскиот и Охридскиот ќе се поврзат со нови шест авиолинии, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски, кој на прес конференција ги соопшти резултатите од неодамнешниот јавен повик. Така, Скопје ќе се поврзе со Дубаи, со Барселона, Лион, Штутгард , а охридскиот аеродром со Истанбул и со Базел Милхауз.

„Повикот кој што го распишавме во месец септември за нови авионски линии ги дава првите резултати“, изјави Николоски додавајќи дека шесте нови авионски линии до скопскиот и охридскиот аеродром треба да донесат бројни нови туристи во Македонија и да го олеснат патувањето на нашите граѓани во странство.

Така, од 30 март 2025 година два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Дубаи – Скопје со „Флај Дубаи“, исто така од 30 јуни 2025 годинас два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Барселона – Скопје, од 30 јули 2025 година три пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација, како и три пати неделно на релација Скопје – Штутгард – Скопје, со што се отвора западниот дел на Германија, а тука е и Франција. Од Охридскиот аеродром два пати нделено ќе се лета на релација Охрид – Базел Милхауз – Охрид, и можеби најзначајната новина за нашиот туристички бисер е летот на „Туркиш ерлајнс“ ќе почнува редовно да лета од Охридскиот аеродром веќе од 30 март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид.

„Што значи дека Охридскиот аеродром го отвораме како дестинација кон најголемиот аеродром во Европа и аеродром кој што има најмогу конектинг летови, што е нова страница за аеродр0мот“, истакна Николоски.

Четирите авиолинии, до Штудгарт, Барселона, Лион и Базел Милхауз ќе ги оперира „Визер“, појасни Николоски.

Тој посочи дека овие шест дестинации се директно поврзување со Дубаи, Барселона, со Штутгард, со Лион, со Базел и со Истанбул, и ќе донесат бројни нови туристи во Македонија, но исто така ќе овозможи и полесно патување за македонските граѓани.

„Во процес сме на подготовка на втор повик кој што ќе се објави во наредните недели и кој што треба да донесе нови дестинации за што има интерес. Се надевам дека кон крајот на ноември или во декември ќе може да презентирам неколку нови дестинации кои што ќе летаат до охридскиот и до скопскиот аеродром“, рече Николоски.

Тој додаде дека во летниот период од скопскиот аеродром оперирале 47 дестинации, а од охридскиот осум, додека во зимскиот 33 од скопскиот и четири од охридскиот аеродром. Целта е во 2025 година да има 200 илјади патници плус на двата аеродроми.

https://nezavisen.mk/vo-2025-godina-shest-novi-aviolinii-od-skopje-kje-se-leta-kon-dubai-barselona-ohrid-se-povrzuva-so-istanbul/
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 91
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4846 Posted: 25-Oct-2024 at 12:42
Тресела се гора, родио се миш

Од преку 10 нови дестинации како се шпекулираше, резултатите се доста разочарувачки, незнам како може да се дават субвенции за Базел. Ниту нива авио компанија како што беше најавено, ниту пак некои поинтересни дестинации како Мадрид, Прага или пак конекции до Рим, Минхен, Париз, Амстердам.
И повторно, Wizz во главна улога...
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Online
Posts: 67
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4847 Posted: 25-Oct-2024 at 13:37
Stvarno slab tender. Barem Dubai i Barcelona se vratija, isto Istanbul - Ohrid e jaka destinacija, sto otvara novi moznosti. Ama pak falat destinaci kako Praga, Minhen, Amsterdam.

Se nadevam deka vo vtorata runda ke se pojavat poveke novi ruti.

Mos vreme e da se razmisle za nova makedonska avio kompanija. Ili pak nesto vo model kako AirBaltic za da es etablire eden regionalen prevoznik so baza vo 2-3 gradovi niz Balkanot.
Back to Top
arangarosa View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Sep-2015
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote arangarosa Quote  Post ReplyReply #4848 Posted: 03-Dec-2024 at 09:22
https://www.exyuaviation.com/2024/12/easyjet-plans-return-to-skopje-with-new.html

easyJet наводно ќе започне летови од Орли (Париз) до Скопје.

Позитивни новости, но не можам да разберам како ја прекинаа линијата до Женева каде што немаат конкуренција и има многу поголем „гасто“ потенцијал, а воведуваат летови до Париз.

Во секој случај, Орли е каде-каде подобра алтернатива од Бове.
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 91
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #4849 Posted: 13-Dec-2024 at 11:24
6 novi letovi ke bidat objaveni do krajot na ovoj mesec, za slednata godina spored Ministerot, any guesses koi bi mozele da bidat tie?
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Online
Posts: 67
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #4850 Posted: 14-Dec-2024 at 16:43
Originally posted by laziale

6 novi letovi ke bidat objaveni do krajot na ovoj mesec, za slednata godina spored Ministerot, any guesses koi bi mozele da bidat tie?


Kade e ovo objaveno?

Sigurno nekoj WizzAir linii. Mos Praga, Leipzig, Larnaca, i nekoja linija za Polska ili Spanija.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1743
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #4851 Posted: 16-Dec-2024 at 20:22
Салзбург - Аут, од април ја нема во систем на Виззаир
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
SkMk View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 18-Jul-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote SkMk Quote  Post ReplyReply #4852 Posted: 24-Dec-2024 at 14:12
ОД МАРТ ПОЧНУВААТ ЛЕТОВИ МЕЃУ СКОПЈЕ И АМСТЕРДАМ СО НИСКОБУЏЕТНАТА КОМПАНИЈА „ТРАНСАВИА“

Нискобуџетната холандско-француска компанија „Трансавиа“ од март ќе почне со летови меѓу Амстердам и Скопје. Билетите се пуштени во продажба од денеска, соопшти авиокомпанијата.

Од септември 2008, кога престана да лета МАТ, ова ќе биде првпат аеродромот „Схипхол“ и македонскиот главен град да бидат поврзани со редовен авиопревоз.

Компанијата е подружница на групацијата „Ер Франс – КЛМ“. Првиот лет ќе биде на 2 март 2025. Ќе лета двапати неделно.

Оваа линија ќе биде конкуренција на „Визер“ кој ја поврзува Македонија и Холандија преку Ајндховен, град кој е на 125 километри од Амстердам. „Визер“ сега лета четири пати неделно до Ајндховен.

„Трансавиа“ не е непозната за македонскиот авиособраќај. Со оваа компанија беа организирани чартер летови за холандските туристи до Охрид уште во 1970-тите.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-mart-pochnuvaat-letovi-megu-skopje-i-amsterdam-so-niskobudhetnata-kompanija-transavia/

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 241242243

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.734 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.