build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Проблеми со водоснабдување и водоводи (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблеми со водоснабдување и водоводи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20932
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 06-Oct-2024 at 13:52
(ВИДЕО) Струмица останува без пивка вода и со неизвесност до кога



https://360stepeni.mk/video-strumitsa-ostanuva-bez-pivka-voda-i-so-neizvesnost-do-koga/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20932
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 13-Oct-2024 at 14:35
(ВИДЕО) Гостивар: Да се пие водата или не – прашањето е сега



https://360stepeni.mk/video-gostivar-da-se-pie-vodata-ili-ne-prashaneto-e-sega/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20932
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 13-Oct-2024 at 14:36
(ВИДЕО) Кој ја мати водата во Струмица



https://360stepeni.mk/video-koj-ja-mati-vodata-vo-strumitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20932
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 13-Dec-2024 at 19:49
ДЕСЕТ ДЕНА ТЕЧЕ ВОДА И ПОПЛАВЕНА Е УЛИЦАТА НИКОЛА ПАРАПУНОВ ВО СКОПСКИ КАРПОШ 4, „ВОДОВОД“ НЕ ГО ПОПРАВА ДЕФЕКТОТ



Десет дена е поплавена улицата Никола Парапунов во Карпош 4 во Скопје кај стара телевизија, а ЈП „Водовод и канализација“ не го поправа дефектот. Поради дефект на водоводната мрежа секој ден се губи голема количина вода, но на терен не се интервенира. На улицата се поставени тараби во делот од каде тече вода, а покрај улицата Никола Парапунов поплавени се и околните улици.

Според информации на САКАМДАКАЖАМ.МК ,станува збор за голем дефект односно на иста линија има дефект и кај мостот „Обединети Нации“ и на улицата Никола Парапунов. За да се санира дефектот мора да се исклучи водоснабдувањето на цело Скопје.

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Тони Миновски не одговараше на нашите телефонски повици и пораки за каков дефект станува збор, зошто не се санира и се дозволува десет дена да тече и да се губи вода.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/deset-dena-teche-voda-i-poplavena-e-ulitsata-nikola-parapunov-vo-skopski-karposh-4-vodovod-ne-go-poprava-defektot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20932
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 15-Dec-2024 at 19:36
На 21 декември „Водовод и канализација“ ќе го затвори главниот градски цевковод за да санира дефект во скопски Карпош 4

Главниот градски цевков, додаваат од Претпријатието, ќе биде затворен до завршување на интервенцијата

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на 21 декември ќе го затвори главниот градски цевковод Ф1600мм што се наоѓа во кругот на касарната во скопската населба Ѓорче Петров. Причина за затворањето, како што велат оттаму, е санирање на дефектот поради кој неколку дена има излевaње на вода на улицата „Никола Парапунов“ во населбата Карпош 4.

Главниот градски цевков, додаваат од Претпријатието, ќе биде затворен до завршување на интервенцијата.

Од „Водовод и канализација“ велат дека имаат изготвено сложен оперативен план за санација, а покрај оваа локација опфатена е поправка и на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“.

„Затвoрање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било во 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира истиот“,се вели во соопштението од „Водовод и канализација“.

Со реализацијата на овој зафат, покрај тоа што се врши санација на овие дефекти, од Претпријатието велат дека дирекно ќе се намали и загубата на вода од нивно протекување и ќе се овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош.

„Системска промена на пет децении стари затварачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа. Со воспоставувње на зони како адекватен метод за контрола на загубите на вода се овозможуваат услови за значително редуцирање на времето потребно за санација на дефекти, а овој зафат е дел од фундаменталната стратегија во намалување на загубата на вода во водоводниот систем“,додаваат од „Водовод и канализација“.

https://360stepeni.mk/na-21-dekemvri-vodovod-i-kanalizatsija-ke-go-zatvori-glavniot-gradski-tsevkovod-za-da-sanira-defekt-vo-skopski-karposh-4/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20932
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 19-Dec-2024 at 18:08
ВОДА ВО СКОПЈЕ ЌЕ НЕМА ОД 22 ЧАСОТ УТРЕВЕЧЕР И В САБОТА ДО ПОПРАВАЊЕ НА ДЕФЕКТОТ

Од утре (20 декември) во 22 часот Скопје ќе остане без вода. Од дежурниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ велат дека затворањето на главната водоводна цевка ќе почне утревечер, а на санирање на дефектите ќе се работи в сабота сѐ до нивно поправање. Колку точно време главниот град ќе биде без вода не се знае.

Како што велат од претпријатието, вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, односно Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска улица до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско Поле, Новоселски Пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково и Орман. Останатите корисници ќе бидат без вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ нема информација дали ќе бидат поставени цистерни со вода во болниците, но и низ градот.

За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Покрај оваа локација, од „Водовод и канализација“ велат дека ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод, и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар Партизански одреди со улица Никола Парапунов.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/voda-vo-skopje-ke-nema-od-22-chasot-utrevecher-i-v-sabota-do-popravane-na-defektot/?fbclid=IwY2xjawHRMi5leHRuA2FlbQIxMQABHdm7PaQORROTQ-Bp4jTbPZ2xht_zz-TO91Cobigm_Y0ecT-sFIhBhhQUBg_aem_aL2TA4uKxCVw1smNxMouyg
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20932
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #87 Posted: Yesterday at 12:57
САНАЦИЈАТА Е ПРИ КРАЈ, ПУШТЕНА Е ГЛАВНАТА ЦЕВКА И ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ВОДА, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД“

Пуштена е водата во главаната водоводна цевка во Скопје и за неколку часа ќе има вода во домовите, велат од ЈП „Водовод и канализација“. Од претпријатието информираат дека активностите се во завршна фаза односно поправени се дефектите кај Порта Влае, мост Обединети нации и на булевар Партизански одреди во Карпош 4, за што беше потребно затворање на главната цевка.

Во моментов се работи на завршување на последната постапката за реконструкција на затварач Ф700 на улица Никола Парапунов.

„Овој зафат се одвива независно од останатите и за него не е неопходно затворање на главниот довод. Затоа полнењето на главната цевка веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Од Институтот за јавно здравје апелираат граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на резидуалниот хлор и водата во мрежата може да потрае и до 1 час. Може да се очекува водата за пиење по пуштањето во водоводната мрежа да ја промени бојата, добие невообичаен мирис, да има видлива заматеност или евентуално ситни зрнца или песок.

„Непосредно после доаѓањето на водата во водоводните цевки во домовите, потребно е да се испуштат сите чешми во домот да истечат неколку минути, па да се провери дали органолептичките својства се во ред, па дури потоа да се пие. Најдобро е во текот на првите часови после пуштањето на водата во водоводната мрежа, граѓаните сè уште да консумираат пакувана вода, сè до добивањето на известување од јавното претпријатие дека водата е исправна и безбедна за консумација“, велат од Институтот за јавно здравје.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sanatsijata-e-pri-kraj-pushtena-e-glavnata-tsevka-i-za-nekolku-chasa-skopje-ke-ima-voda-velat-od-vodovod/?fbclid=IwY2xjawHTjBRleHRuA2FlbQIxMQABHZgya3KThxEu_KQMEGe8UCY15srUlSeMCJjrdFV8MTVgJsmCFrc42JNZtQ_aem_QdmOuznn12RE3fhrpcZWqA
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.