build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Осветлување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3627
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 04-May-2010 at 02:21









битен момент кај осветлувањето е разбирањето на самата појава светлост! пред се светлината е електромагнетно зрачење http://en.wikipedia.org/wiki/Light   -   http://theimghost.com/images/emspecckc.jpg кое во опсегот од 380 до 780 нанометри (0.00078 mm) светлосна бранова должина koja е видлива за човековото око, додека различна фреквенција во овој распон на радијација емитира различна боја видлива за човечкото око... http://science.howstuffworks.com/light3.htm

освен брановата должина и фреквенција за светлината побитни се уште четири фотометриски големини(величини) односно http://www.handprint.com/HP/WCL/color3.html#photounits -  http://www.symmetry.co.rs/Kostic__Fotometrija__SY295___2006_.pdf

- Светлосен Флукс (Φ) http://en.wikipedia.org/wiki/Luminous_flux количеството на светлосна емисија е познато како Светлосен Флукс а се мери во единица Лумен http://en.wikipedia.org/wiki/Lumen_(unit)   -   http://www.divinelighting.net/UI/Informations.aspx?i=chart

- Светлосен Интензитет (I) http://en.wikipedia.org/wiki/Luminous_intensity
представува количеството светлина (светлосен флукс) во единечен просторен агол, т.е. интензитетот на зрачењето (протокот на фотоелектрони - поголем интензитет = поголем број на фотоелектрони), а се мери во единица Кандела http://en.wikipedia.org/wiki/Candela

- Осветленост (E) http://en.wikipedia.org/wiki/Illuminance претставува светлосен флукс по единица осветлена површина, а се мери во единица мерка Лукс http://sr.wikipedia.org/sr/Лукс  -   http://en.wikipedia.org/wiki/Lux   -   http://repairfaq.cis.upenn.edu/sam/icets/basicp.htm

- Сјајност (L) http://en.wikipedia.org/wiki/Luminance е единствена фотометриска големина која окото непосредно ја чувствува, а претставува мерка за светлосен отсјај, т.е. сјајноста на одредена точка од осветлената површина во даден правец, а се мери со единица мерка Кандела на метар квадратен http://en.wikipedia.org/wiki/Candela_per_square_metre





преку разбирањето на сите овие големини, како и стандардизираната имплементација на осветлување ентериер и екстериер во архитектурата на човек може да му биде појасно зошто и како одреден инжињер за осветлување предлага ваков или онаков проект за одреден простор и за одредена цена http://www.mts.net/~william5/library/illum.htm некогаш се постигнува приближно ист ефект но со различен тип на светлечко тело... http://www.divinelighting.net/UI/Informations.aspx?i=chart уште побитно е да се знае дека не е само еден параметар кој е посреди, туку исто битно е и врз каква површина и врз каква боја паѓа светлината, како и која боја како делува на присутните во просторот, нешто што повеќе е засебна наука но комплементарна на осветлувањето просторhttp://en.wikipedia.org/wiki/Color_psychology слично како што е битно колку архитектот или инжињерот за осветлување е уметнички поткованhttp://books.google.com/books?id=hjn25a01jGgC&lpg=PP1&dq=Designing%20with%20light нешто што зависи и од материјалите кои се користат во просторот [1] [2]

кај нас оваа област Осветлувањето http://en.wikipedia.org/wiki/Lighting треба да е покриена со предмет "осветлување во архитектурата" на архитектонски, но по светот постојат посебни дипломски и постдипломски студии за Осветлување, најблиску во италија... заедничко светско тело во оваа област е PLDA http://en.wikipedia.org/wiki/Professional_Lighting_Designers_Association   -   http://www.mts.net/~william5/links1.htm









Edited by Max - 20-Feb-2012 at 01:00
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3627
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 03-May-2010 at 01:24


Најверојатно малкумина имаат чуено за Англичанецот Х.Дејви, Американецот Ј.Стар или Русинот А.Лодигин, но многумина секако чуле за Томас Алва Едисон, официјалниот пронаоѓач на електричната светилка - стандардната сијалица. Причината е само поради фактот што Едисон во 1880 година вешто прв го пријавил ова како свој патент и ја промовирал светилката на Светската изложба во Париз.

Дури 40 години пред Едисон Англичанецот Х.Дејви ги направил првите светилки по принцип на пропуштање на електрична струја низ проводник до негово зажарување и со тоа ослободување на светлина. Бидејќи како проводник применил платина, светилката била прескапа за масовна употреба. Американецот Ј.Стар на истиот принцип наместо платина употребил јаглерод, а во 1840 Русинот А.Лодогин првпат применил волфрам, истиот материјал кој и денес се применува кај класичната светилка со зажарено влакно.

Еден сосема краток преглед на начините за добивање светлина за потребите на човекот би бил следниот :
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_light_sources
http://en.wikipedia.org/wiki/Electric_light

- Отворен пламен: со согорување на дрво, нафта, маснотии и слично. Светлината се појавува поради натриумот кој се наоѓа во овие материјали.

- Согорување на гас: гасни светилки се применуваат уште од 1885 година, но поради опасноста од експлозија многу малку или воопшто не се применувале во станбени објекти.

- Класични стаклени светилки со зажарено влакно: електричната струја поминува низ влакна од осмиум или волфрам и ги зажарува до светење. Овие материјали се применуваат бидејќи имаат голема отпорност на топење, повеќе од 3.000 Целзиусови степени.

- Халогени лампи: функционираат како обичните светилки, само што сега во нив е воведен и гас (бром или јод) кои хемиски се поврзуваат со атомите на согорениот волфрам и повторно се зафаќаат на влакното. Со тоа двојно се зголемува трајноста на светилката.

- Неонски лампи: електрични празнења во живина пареа предизвикуваат краткобранова УВ-светлина. Со помош на дополнителен гас светлината се пренесува на ѕидовите на цевката. Немаат рамномерен спектар на светење т.е. треперат, во однос на класичната светилка трошат 50 проценти помалку и траат шест пати подолго.

- Енергетски-штедливи светилки (CFL-Compact Fluoroscent Light): спомнатите неонски лампи се сведени во форма на класична светилка. За да се избегне треперењето се употребуваат радиоактивни гасови (криптон или тритиум) кои при употреба не се штетни, но нивното фрлање по употребата е проблематично.

- LED-диоди (LED-Light Emitter Diode): со проток на струја низ некој полупроводник се добива светлина. Но нивната инсталација во комерцијални објекти е сло- жена бидејќи се напојуваат со еднонасочен напон, се уште не се поефикасни од енергетските светилки, интензитетот на светлината која ја произведуваат е мал, па се употребуваат најмногу во автомобилска индустрија и сообраќајна сигнализација.

~

Класичната светилка троши 95 % од енергијата за греење на волфрамовото влакно, а само дополнителни пет проценти за зажарување до добивање светлина. На енергетски штедливата светилка и треба само 20 % од енергијата потребна на класичната светилка при ист ефект.

Уште во осумдесеттите години на 20 век почнаа првите иницијативи за замена на конвенционалните светилки со енергетски штедливи, како основа на енергетската ефикасност. Дваесет години подоцна тоа и се случи: Австралија е првата земја која, со еден преоден период од три години, ги забрани конвенционалните светилки. Ваков закон веќе има и во Куба, а во Калифорнија со примена ќе почне од 2012 година.

Во Германија тукушто почнува дебата на оваа тема. Иако енергетските светилки се пронајдени минатиот век и нивните предности се јасни, сепак нивната примена се уште е релативно мала, само секое четврто семејство во Германија користи ваков тип светилки. И тоа покрај докажаното дека една штедлива светилка наместото на класичната од 60 W, иако поскапа при купување, во текот на нејзината употреба (трајност 15 години) носи заштеда од 150 евра.

Дебатата за евентуална забрана на користење на конвенционалната светилка во Германија е многу интензивна. Што би значело ова за зголемување на заштедата на енергија може само грубо да се пресмета: според Екоинститутот, доколку од сегашните 25 % употребата на штедливи светилки во Германија би се зголемила на 75 % тоа би значело една годишна заштеда од 6 милијарди кWh. Значи би можела да се затвори една поголема постојна термоцентрала! Дебатата е силно поддржана од производителите на светилки, на глобално ниво годишно се трошат 12,5 милијарди обични светилки.

Секако, интересно е да се одговори на некои прашања во врска со енергетско-штедливите светилки:

- дали употреба на овие светилки е економски исплатлива?
Секако. Високата куповна цена се компензира преку нивната долготрајност и ниската потрошувачка. Една замена на конвенционална светилка од 60W со соодветна нискоенергетска од 11W значи годиш на заштеда од 8 евра. Конвенционалната светилка трае приближно 1.000 работни часа, а нискоенергетската преку 15 години.

- дали овие светилки се употребуваат само во постојано осветлени простории?
Не. Можат да се употребат во сите простории, освен во скалишни простории, бидејќи нивната употреба таму е краткотрајна и со кратки паузи.

- дали енергетски штедливите светилки имаат постојано иста неестетска форма?
Не. Се произведуваат светилки во секаква форма.

- kаде се фрлаат искористените "прегорени“ светилки?
Секако не во обичниот домашен смет, туку производителот е должен да ги земе назад искористените светилки. Со кршење на стаклото се ослободуваат штетни материи кои не смеат да се допираат или вдишуваат. Поради тоа во детските соби овие светилки мора да бидат дополнително заштитени.

Георги Трајановски, дипл, инг. арх ( georgi.trajanovski@cimonline.de)
(Авторот е ЦИМ-експерт во МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија)

Порта3 - бр.81 - http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=243&Itemid=0




Edited by Max - 03-May-2010 at 02:38
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.242 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.