build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 21-Feb-2012 at 13:06

Иловица треба да се продаде на голема рударска компанија, смета „Цезарс Рипорт“

Канадската компанија „Еуромакс Рисорсис“ неодамна беше премет на анализа од „Цезарс Рипорт“, агенција која се занимава со истражување на пазарот и која го посети проектот Иловица во кој „Еуромакс“ истражува бакар и злато. Иловица се наоѓа северно од грчката граница во близина на Струмица.

Актуелната проценка за ресурсите во наоѓалиштето Иловица на канадската компанија е 99,5 тони злато и 728 илјади тони бакар, но „Цезарс“ во својот извештај објави дека очекува овие бројки да се зголемат на 140 тони злато и 1,137 милиони тони бакар, кога ќе биде извршена новата проценка подоцна во текот на ова тромесечје од годинава.

Проектот е отворен во сите насоки, но воглавно кон исток и југоисток, „па постои значителен потенцијал за нагорна корсекција на ресурсната база,“ се вели во ивештајот.

„Нашите главни прашања во однос на Иловица се ниската концентрација и откопувањето на рудата. Просечната густина во моментов изнесува 0,32 грама на тон злато и 0,23 отсто бакар (според проценките од 2008 година), при што од овие количества можат да се откопаат 60 отсто. Сепак, ние сметаме дека нивото на откопување би можело (и би требало) да оди нагоре, откако ќе се направат дополнителни металуршки тестови,“ се вели понатаму во извештајот.

„Цезарс“ смета дека „најдобро решение за Иловица и за Еуромакс би било проектот да биде продаден на голема меѓународна рударска компанија, откако ќе биде извршена новата проценка или за се најде партнер за заедничко вложување.“

http://www.plusinfo.mk/vest/34172/Ilovica-treba-da-se-prodade-na-golema-rudarska-kompanija-smeta-Cezars-Riport

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 23-Feb-2012 at 12:10

„Алшар“ ја губи заштитата, Владата го дава на концесија

Министерството за животна средина, надлежно за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона. Со тоа почнува постапката за издавање на рудникот богат со ретките минерали талиум и лорандит, на заинтересирани концесионери

 
 
%20  

Локалитетот Алшар, заштитената еколошка зона, единствена во светот со поголеми количества од минералите лорандит и талиум, чија вредност според количеството руда во рудникот се проценува на околу 1,5 милијарда евра, ќе се дава под концесија - како рудник.

Првиот чекор за остварување на оваа идеја на Владата е „Алшар“ повеќе да не биде споменик на природата. Потоа ќе се утврдува точната економска вредност на рудата на локалитетот во близината на селото Мајдан на Кожув Планина, за најпосле рудникот да им биде даден под концесија на заинтересирани инвеститори.

Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежно за чување и за заштита на овој посебен локалитет, пред неколку дена во собраниска процедура пуштило закон за укинување на постојниот статус на „Алшар“ како заштитена зона.

Како што пишува во поднесениот закон на министерот за животна средина Абдилаќим Адеми, целта е да се искористи економската вредност на веќе утврдените постојни количества антимон, арсен и злато, со што „Алшар“ може да биде економски интерес на поголем број инвеститори. Во рудникот во близината на Алшар се проценува дека може да се искористат 20 тони злато.

Талиумот најголемиот адут на рудникот

Заштитениот статус на „Алшар“ ќе се укинува и за да се дозволи искористување на двата минерала по кои тој е особено познат и единствен во светот - лорандиот и талиумот, кои тука се наоѓаат во најчиста форма и во најголемо количество. Пред да стане заштитена зона, на локалитетот беше почната меѓународна научна експедиција „Лорекс - експерименти за лорандитот“, која прекина зашто ваков тип истражувања се забранети во еколошки локалитети.

Во „Алшар „се наоѓаат 50.000 тони руда, која содржи 2 отсто арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум, што го прави рудникот најбогато и единствено наоѓалиште на талиум во светот. Талиумот, отров посилен и од арсенот, и лорандитот, како негов минерал, се единствените супстанции што можат да ги детектираат и задржуваат неутрината - вселенските честици со директно потекло од Сонцето. Ако се успее да се одвои неутриното од талиумот, науката полесно ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Тоа ќе значи создавање нов моќен извор на еколошки чиста енергија што може да ги замени фосилните горива, чии резерви секој ден се намалуваат и кои ја загадуваат животната средина. Според досегашните сознанија, во „Алшар“ има најмалку 500 тони талиум, кој се наоѓа во лорандитот. Вредноста на килограм талиум на светските берзи е околу 5.000 евра, што значи дека резервите во „Алшар“ вредат околу 1,5 милијарда евра.

До денеска тоа богатство воопшто не е искористено. Поголема сума за испитувања на рудникот (околу 150.000 евра) досега издвоила само владата на Анте Марковиќ. Македонските научници денес добиваат едвај од пет до десет илјади евра годишно за да го истражуваат „Алшар“.

Во 2009 година, сопартиецот на Адеми во ДУИ, поранешниот министер за екологија Неџат Јакупи, го прогласи „Алшар“ за заштитена зона, што значи дека таму можат да се вршат исклучиво активности што нема да ѝ и наштетат на природата. Во зоната на строга заштита може да се одвиваат научноистражувачки активности од домашни истражувачи, но под строго утврдени правила. Заради одржување на карактеристиките на локалитетот, тој е под постојан мониторинг на Управата за животна средина.

Кој сѐ
допре до Мајдан?

„Алшар“ е стар 15 милиони години. Рудникот бил користен уште во римскиот период. Со векови го буди интересот на странски научни експедиции и на цели држави што бараат концесионерство за искористување на различните минерали, со кои располагаат рудникот и ридот. Уште пред стотина години руда од „Алшар“ испитувале елитните универзитети во Прага, Виена и во Будимпешта, кога биле пронајдени дотогаш непознати минерали.

За време на Османлиската Империја од овој рудник Турците ископувале злато.

Од 1913 до 1923 година рудникот бил под концесија на француска фирма, која најмногу ја експлоатирала антимоновата руда, која е тука со највисок квалитет, а која се користела за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Истражувања на „Алшар“ се извршувале особено последниве пет децении, и тоа не поради златото и антимонот, туку поради лорандитот и талиумот. Особено голем интерес имало од САД и од Русија за време на 1980-тите години.

Во 1988 година, фирма од Рино, Калифорнија, почна со истражувачки активности, по кои „Алшар“ беше посочен како најперспективно наоѓалиште за испитување злато и други благородни метали. Според сведоштвата на рударски инженери, вклучени во истражувањата, тогаш во „Алшар“ била направена подготвителна лабораторија од која се издвојувал килограм чист минерал што се испраќал во САД за анализа. За ова истражување била формирана и мешаната фирма „Мак-Минко“ (македонска рударска корпорација), во која влегоа фирмата од Рино и „Рудкоп“ од Кавадарци како домашен концесионер.

Во 1996 година фирмата од Калифорнија паднала во финансиска криза и побарала партнер за завршување на проектот до фаза на процена на рудните резерви. Во 1997 година партнер за оваа цел станува англоавстралиската фирма „Рио–Тинто“, една од најголемите рударски корпорации во светот. Дополнителни испитувања беа правени до пред 12 години, но тие не дадоа резултат, а „Алшар“ во меѓувреме стана заштитена зона.

Последен пат диви истражувачи со одредено количество собрани минерали беа фатени во 2009 година. Четворицата германски и двајца унгарски државјани беа фатени од локалната полиција како вршат ископување, собираат минерали и кристали од рудникот и ги складираат во комбе со германски регистарски таблички. Во комбето беше пронајдена руда тешка 400 килограми. Копачите тврдеа дека минералите им биле потребни за научноистражувачки цели, иако престојот во Македонија им бил туристички и немале дозволи за вршење геолошки истражувања.

Каде се наоѓа Алшар?

Локалитетот Алшар се наоѓа 40 километри јужно од Кавадарци, кај селото Мајдан, на планината Кожув, во близината на македонско-грчката граница.

Границата на споменикот на природата, Алшар, почнува од возвишението Рудине (964 м), од каде што води на северозапад и се спушта на раскрсницата на земјениот пат што води за селото Мајдан.

Оттука границата продолжува по земјениот пат во јужен правец кон селото Мајдан и по него води до вливот на Провалска Река во Мајданска Река. Површината на споменикот на природата Алшар изнесува 120,4 хектари.

Во близина на селото е рудникот, кој го добил името „Алшар“ според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито.

Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри. Обложени се со калдрма, денес многу оштетена.
Лево, на двесте метри од „Алшар“, има еден вечно зелен рид, кој никој не го посетува поради големата концентрација на отровниот талиум. Во близината се наоѓаат и извори со топла вода, а на крајот на селото Мајдан, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кој ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат просториите во своите домови. Тоа е, исто така, значаен локалитет поради посебните растителни видови: алшарска темјанушка и арсенската темјанушка, кои претставуваат македонски ендемити.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22312912278&id=9&prilog=0&setIzdanie=22513
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 10-Mar-2012 at 22:40

Огражден лежи на бакар и злато

10.03.2012 - 15:15 |

Десетгодишните истражувања покажале дека над селата Иловица и Штука се крие наогалиште кое има околу 4,5 пати повеке руда во споредба со ископот на Бучим.

Добиените резултати од истражувањата на  компанијата  ,,ФЕЛПС Доџ-Вардар,, укажуваат на тоа дека во блиска иднина овде треба да никне  еден од најголемите рудници во Југоисточна Европа.

Првиот човек на  општина Босилово смета дека овој проект ке биде многу значаен за  целиот микро регион бидејки се најавува една од најголемите инвестиции од осамостојувањето на државата.

-Ќе се работи за една доста голема инвестиција од некои можеби и 700 милиони евра ,мегутоа зборуваме за еден подолг период кога капацитетот би работел оптимално.Тука се очекуваат и голем број вработувања директи,а и секако индиректни, вели Љупчо Колев - градоначалник на општина Босилово

Големи очекувања  од отварањето на рудникот имаат и жителите на селата Иловица и Штука. Велат сето ова ке значи многу за сите,а пред се за младите.

-Се надеваме дека ке се отворат пред се повеке работни места,ке се згрижат многу луге и крајот ке почне да живее бидејки ке влезат свежи пари, вели Ѓорги Трајков од селото Иловица

-За младите тоа ке биде супер. Сигурно ке се вработи многу млад кадар, рече Славе Алаѓозовски од селото Штука

Потенцијалните концесионери веке подготвиле и физибилити струдија со која гарантираат  дека отварањето на рудникот нема да има никакво влијание врз животната средина, посебно врз земјоделските  површини од кои во моментов егзистира најголем  дел од населението во овој регион.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ograzden-lezi-na-bakar-i-zlato

Back to Top
mackomk123 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote mackomk123 Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 12-Mar-2012 at 17:31
Не се разбирам многу во целава работа со руднициве и рудниве богатства,па ако може некој да ми објасни,зошто рудниците се даваат под концесии на фирми од странство? Каков бенефит има државата од тоа,освен по некое ново вработување(рудари).Рудата претпоставувам ќе ја извезува фирмата што ќе ја експлоатира и со тоа и целиот ќар ке иде во нивен џеб.Со оглед на бројкиве кој се презентирани,конкретно за Огражден станува збор за милијарди долари вредна руда.Зар не може рудник да биде во државна сопственост или тоа беше случај само во стариот систем.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 12-Mar-2012 at 19:06


http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=207&PID=117618#117618

Истражувања и експлоатација можат да вршат правни и физички лица, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница во Македонија. Концесијата за експлоатација на минерални суровини може да се додели врз основа на јавен конкурс или по барање на заинтересираните лица. Во услови на пазарна економија секој кој е спремен да инвестира во рудници е добредојден. Придобивките за државата, покрај оние наведени на линкот погоре + надоместоци за концесија и дополнителни дозволи, се исти како оние во сите останати сектори (нови вработувања, приходи од придонеси, даноци итн.). Државата (преку јавно претпријатие) сѐ уште може да експлоатора руда, но инвестициите во оваа област се мерат во стотици милиони евра а се враќаат за неколку децении. Со нашата економија и технолошки развој, ние не сме доволно моќни за вакви вложувања.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 27-Mar-2012 at 19:55

Руски „Солвеј“ во 2014 ќе почне со изградба на рудник за бакар кај Пехчево

Руската фирма „Солвеј“, која е сопственик на рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш, ги интензивира истражувањата на новото рудно наоѓалиште „Кадиица“ кај Пехчево. Заменик-менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов, вели дека во април ќе почнат деталните хидро-геолошки истражувања.

- До еден Институт во Москва доставивме проба за утврдување на технологијата на експлоатација и работа на рудното наоѓалиште „Кадиица“ и очекуваме дека резултатите ќе бидат позитивни, рече Николов.

Според досегашните истражувања на рудното наоѓалиште „Кадиица“ има резерви од над 100 милиони тони бакарна руда.

- Во 2014 година очекуваме дека ќе почнеме со градењето на новиот современ рудник, зашто есплоатацијата на бакарната руда ќе се врши по пат на лужење без деградација на површината. Во овој рудник предвидено е за почеток да се вработат околу 100 лица, вели Николов.

Тој додаде дека годинава ќе  немаат поголеми истражувања на рудното наоѓалиште „Боров Дол“, кое се наоѓа на територија на општините Штип и Конче, бидејќи ги очекуваат измените во законот за минерални суровини.

http://www.plusinfo.mk/vest/38204/Ruski-Solvej-vo-2014-kje-pochne-so-izgradba-na-rudnik-za-bakar-kaj-Pehchevo

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 23-Apr-2012 at 11:13

Ќе се вадат бакар и злато од Иловица?! Се отвора најголемиот рудник во ЈИЕ?!

Катерина Попоска
Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во Иловица под планината Огражден, кој е најголем и во Југоисточна Европа?! Канадскиот инвестициски фонд Еуромакс чека да добие концесија за експлоатација на минералните суровини
789.250


тони бакар се потенцијалите на сè уште неотворениот рудник кај Иловица, дознава „Капитал“

130


тони злато лежат под планината Огражден кај месноста Иловица

4


пати поголеми се резервите на бакар и злато во сè уште неотворениот рудник кај Иловица во споредба со резервите на радовишки Бучим

Под Огражден лежат речиси 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато, ексклузивно дознава „Капитал“. Податоците од десетгодишните детални геолошки истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс доџ Вардар, кои се држеа во тајност, покажуваат дека месноста Иловица го крие досега најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа.

Ексклузивните податоци до кои дојде „Капитал“ покажуваат дека со рудни наоѓалишта од точно 789.250 тони бакар и 130 тони злато, Иловица располага со рудни резерви четири пати поголеми од потенцијалите на радовишки Бучим. Останатите детали од децениското истражување кај Огражден сè уште не се обелоденуваат во јавноста.

Дека Иловица е на чекор до отворање рудно окно покажува и фактот што Министерството за економија веќе е во постапка да му издаде концесија на канадскиот инвестициски фонд Еуромакс, кој пак, во ноември минатата година ја купи Фелпс доџ Вардар, со што ги наследи сите геолошки истражувања во Иловица.

„Во процесот на истражување на потенцијалите на овој локалитет досега инвестиравме над четири милиони долари, а во следниот период планираме да инвестираме неколку стотици милиони долари во целосна изградба на рудникот и сите придружни објекти. Висината на инвестицијата ќе зависи од големината на рудникот“, изјавија од Еуромакс ексклузивно за „Капитал“.

Од Министерството за економија потврдуваат дека веќе ги скенирале сите информации од целокупниот извештај на Фелпс доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко. Неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“ покажуваат и дека најдлабоките бушотини под планината Огражден, Фелпс Доџ Вардар ги направил на 850 метри под земјината површина, кои биле пресудни за комплетирање на сликата за Иловица, македонското Елдорадо.

Еуромакс, канадски инвестициски фонд кој бара концесија за Иловица

„Во процесот на истражување на потенцијалите на овој локалитет досега инвестиравме над четири милиони долари, а во следниот период планираме да инвестираме неколку стотици милиони долари во целосна изградба на рудникот и сите придружни објекти. Висината на инвестицијата ќе зависи од големината на рудникот.“

Од Министерството за економија тврдат дека веќе тече постапката за да им доделат концесија за експлоатација на минералните суровини на канадски Еуромакс, фирмата-сопственик на Фелпс доџ Вардар.

„Сега се води постапка за додeлување концесија за експлотација на фирмата Фелпс доџ Вардар. Процедурата за регулирање на концесијата за експлоатација е во тек, односно се прибираат мислења од надлежни органи за да се усогласи просторот кој е предмет на барање на концесија за експлоатација од аспект на животна средина, земјоделство, шумарство, води, пристапни патишта, споменици на културата и друго. По ова следува постапка на нивно проследување во владина процедура за носење одлука за доделување концесија и склучување договор за концесија“, велат од Министерството.

Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во ЈИЕ?

Иако потенцијалниот инвеститор во Иловица не кажува колку би ги чинело отворањето надворешен ископ на рудата кај Иловица, анализирано според досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, проценува дека отворањето рудно окно е инвестиција од околу 700 милиони евра.

Мештаните од Иловица со нетрпение очекуваат децениски најавуваната инвестиција конечно да се случи, со што очекуваат економски да заживе овој дел од Македонија.

Николајчо Николов
претседател на Асоцијацијата за рударство

„Бучим годишно преработува околу четири милиони тони руда. За капацитет како Бучим количината на рудата од Иловица значи работа за околу 150 години. Овие количини, на кои се претпоставува дека лежи Иловица, се многу големи и ќе имаат огромно влијание врз економијата од повеќе аспекти.“

„Во Југоисточна Македонија ова е заспана мечка, која треба да се разбуди. Ова ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, некои од соселаните низ годините велеа и дека од работниците на терен слушнале и дека се откриени количества ураниум, но никој ништо не потврди со сигурност“, изјавуваат жители на Иловица.

Отворањето рударско окно, можеби најголемо на просторот на Југоисточна Европа, на македонската економија може да ѝ донесе повеќекратни придобивки. Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, потврдува дека ако кај Иловица навистина се отвори рудник со надворешен ископ, тоа ќе биде рудник чии капацитети ќе бидат дури четири пати поголеми споредено со ископот на радовишкиот рудник за бакарна руда Бучим.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83134/kje_se_vadat_bakar_i_zlato_od_ilovica_!_se_otvora_najgolemiot_rudnik_vo_jie_!.aspx?iId=2704

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 23-Apr-2012 at 11:37

Австралискиот партнер на „Силекс“ за истражување на злато и бакар ќе добие нов газда

Австралиската компанија за истражување на руди „Кленси Експлорејшн“ лансираше понуда за купување на помалата рударска компанија „Џенезис Рисорсис,“ чие седиште е, исто така, на австралискиот континент.

„Џенезис“ спаѓа во групата на  мали компании за истражување на руди (junior miner). Ваквите рударски компании по правило се занимаваат само со истражување, но не и со експлоатација. Откако ќе откријат богато наоѓалиште, тие го продаваат или самото наоѓалиште или правата за понтамошно истражување и/или експлоатација на големите мултинационални рударски компании.

„Кленси“ минатата недела понуди 8 австралиски центи по акција за „Џенезис“, кои би ги платила со сопствените акции, значи не во кеш, при што со оваа понуда помалата компанија е проценета на 4,2 милиони австралиски долари. Акциите на „Џенезис“ на берзата, инаку, чинеа 6,8 австралиски центи.

Во изјавата по повод лансирањето на понудата „Кленси“ објасни дека смета оти има техничка експертиза и пристап до финансиски ресурси кои се потребни рапидно да се забрзаат токму истражувачките работи во рамките на проектот за истражување на бакар и злато на Плавица во близина на Кратово, кој го работи „Џенезис“ во соработка со „Силекс“ од Кратово.

„Кленси“, исто така, додава и дека овој проект е комплементарен со проектите што компанијата ги работи во Нов Јужен Велс. Новата комбинирана компанија би имала значителен бизнис во областа на истражувањето на рудите со проекти во Квинсленд и Северната територија на Австралија, како и во Европа. „Џенезис“ се уште нема одговорено на понудата.

Точно пред една година „Џенезис рисорсис“ ја објави својата проценка за нова и дотогаш неексплоатирана жила на метали проценети во износи од 45,4 тони злато и 8.000 тони сребро во рамките на својот проект во близина на месноста Плавица во општина Кратово, а пренесе американскиот неделник за рударство „Mining Weekly“, според соопштение на компанијата. Тоа беше прва процена направена во месноста Плавица според правилата на меѓународниот Заеднички комитет за резерви на руда. Во рамките на проектот е откриен и ресурс со проценет износ од повеќе од 14.787 тони бакар со просечна чистота од 0,28 отсто.

„Џенезис“ го потпиша договорот со „Силекс“ во декември 2007 година за концесиите врз Плавица и Црн Врв, месности во близина на Кратово, кои официјално беа доделени од страна на Министерството за економија на владата на РМ. Во рамките на договорот меѓу двете компании, интересот на „Џенезис“ изнесува 62 отсто и компанијата целосно го финансира истражувањето и студијата за економска оправданост, а исто така и управува со сите операции во рамките на проектот. Остатокот од проектот е на „Силекс.“

Самиот проект, пак, е составен од две лиценци за истражување кои покриваат околу 200 квадратни километри во карпатскиот вулкански лак, сегмент кој поминува низ Југоисточна Европа и има огромни потенцијали за откривање на минерализација на злато, бакар и сребро.

http://www.plusinfo.mk/vest/40922/Avstraliskiot-partner-na-Sileks-za-istrazhuvanje-na-zlato-i-bakar-kje-dobie-nov-gazda

Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 24-Apr-2012 at 00:49
Капитал“ дознава:

Ќе се вадат 790.000 тони бакар и 130 тони злато од Иловица?! Се отвора најголемиот рудник во ЈИЕ?!

Катерина Попоска
Ќе%20се%20вадат%20790.000%20тони%20бакар%20и%20130%20тони%20злато%20од%20Иловица?!%20Се%20отвора%20најголемиот%20рудник%20во%20ЈИЕ?!

Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во Иловица под планината Огражден, кој е најголем и во Југоисточна Европа?! Канадскиот инвестициски фонд Еуромакс чека да добие концесија за експлоатација на минералните суровини

„Во југоисточна Македонија ова е заспана мечка, која треба да се разбуди. Тоа ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, селаните велат и дека се откриле и количества ураниум“, изјавуваат за „Капитал“ жители на Иловица

Под Огражден лежат речиси 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато, ексклузивно дознава „Капитал“. Податоците од десетгодишните детални геолошки истражувања на американско-бугарската компанија Фелпс доџ Вардар, кои се држеа во тајност, покажуваат дека месноста Иловица го крие досега најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа.

Ексклузивните податоци до кои дојде „Капитал“ покажуваат дека со рудни наоѓалишта од точно 789.250 тони бакар и 130 тони злато, Иловица располага со рудни резерви четири пати поголеми од потенцијалите на радовишки Бучим. Останатите детали од децениското истражување кај Огражден с$ уште не се обелоденуваат во јавноста.

Дека Иловица е на чекор до отворање рудно окно покажува и фактот што Министерството за економија веќе е во постапка да му издаде концесија на канадскиот инвестициски фонд Еуромакс, кој пак, во ноември минатата година ја купи Фелпс доџ Вардар, со што ги наследи сите геолошки истражувања во Иловица.
„Во процесот на истражување на потенцијалите на овој локалитет досега инвестиравме над четири милиони долари, а во следниот период планираме да инвестираме неколку стотици милиони долари во целосна изградба на рудникот и сите придружни објекти. Висината на инвестицијата ќе зависи од големината на рудникот“, изјавија од Еуромакс ексклузивно за „Капитал“.

Од Министерството за економија потврдуваат дека веќе ги скенирале сите информации од целокупниот извештај на Фелпс доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко. Неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“ покажуваат и дека најдлабоките бушотини под планината Огражден, Фелпс Доџ Вардар ги направил на 850 метри под земјината површина, кои биле пресудни за комплетирање на сликата за Иловица, македонското Елдорадо.
Од Министерството за економија тврдат дека веќе тече постапката за да им доделат концесија за експлоатација на минералните суровини на канадски Еуромакс, фирмата-сопственик на Фелпс доџ Вардар.
„Сега се води постапка за додeлување концесија за експлотација на фирмата Фелпс доџ Вардар. Процедурата за регулирање на концесијата за експлоатација е во тек, односно се прибираат мислења од надлежни органи за да се усогласи просторот кој е предмет на барање на концесија за експлоатација од аспект на животна средина, земјоделство, шумарство, води, пристапни патишта, споменици на културата и друго. По ова следува постапка на нивно проследување во владина процедура за носење одлука за доделување концесија и склучување договор за концесија“, велат од Министерството.

Ќе никне ли најголемиот рудник за бакар и злато во ЈИЕ?

Иако потенцијалниот инвеститор во Иловица не кажува колку би ги чинело отворањето надворешен ископ на рудата кај Иловица, анализирано според досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев, проценува дека отворањето рудно окно е инвестиција од околу 700 милиони евра.

„Овој проект Ќе биде многу значаен за целиот регион, бидејќи се најавува една од најголемите инвестиции во рударството од осамостојувањето на државата. Можеби инвестицијата ќе достигне и 700 милиони евра, меѓутоа зборуваме за еден подолг период кога капацитетот би работел оптимално. Тука се очекуваат и голем број вработувања, директни и индиректни“, неодамна изјави градоначалникот Колев.
Мештаните од Иловица со нетрпение очекуваат децениски најавуваната инвестиција конечно да се случи, со што очекуваат економски да заживе овој дел од Македонија...

Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 23 април 2012 година (понеделник).
отворив нова тема не сум сигурен дали има во друга нишка.
Ова ке биди добар поктик за Мак економија.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 24-Apr-2012 at 12:01
Пет инвеститори во трка за кичевско Тајмиште

Една индиска, две турски и две домашни компании се во трка за кичевскиот рудник за железна руда Тајмиште. Овие потенцијални инвеститори веќе подигнале тендерска документација со намера да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште. Од Министерството за економија очекуваат тендерска документација да подигнат и инвеститори од Русија, Холандија, Велика Британија и од Бразил.

Според информации од Министерството, од инвеститорот ќе се услови и да изгради фабрика до рудникот и во првите три години да вработи до 2.000 луѓе.

Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие околу 150 милиони тони висококвалитетна железна руда, доволни за рудникот да работи во следните 30 години. Проценките се дека резервите на железна руда гарантираат експлоатација во следните 100 години.

Тајмиште не работи веќе 15 години.
http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83187/koj_e_euromaks,_potencijalniot_investitor_vo_ilovica_!.aspx?iId=2705
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 24-Apr-2012 at 12:10

Американци и Руси фрлија око на македонското рудно богатство

Три огромни наоѓалишта на бакар и на злато чекаат да бидат откриени. Дел од нив може да иницираат и изградба на топилница за бакар на наша територија, што би значело огромен економски бум не само за тој регион туку и за целата држава. Само во „Иловица“ ќе се вработат околу 700 лица, кои со солидна работа ќе ја вратат инвестицијата на инвеститорот за четири години

 
 
%20  

Отворањето нови рудници ќе донесе нови работни места

Македонија ново елдорадо?

Македонија може да стане ново елдорадо за ловците на злато и на друг вид благородни метали. Нашата земја е неизбежна на патот по кој поминува благородната нишка што изобилува со злато, олово, цинк и бакар. Новите рудници во земјава можат значително да влијаат на подобрување на економската состојба. Експерти велат дека отворањето нови рудници ќе донесе нови работни места, инвестиции, зголемување на извозот на металите, девизен прилив и зголемен економски пораст генерално.

Освен последните случувања и промени што се случуваат со рудникот „Алшар“ и отворање на вратите за можна негова експлоатација и давање под концесија, од каде што би се ваделе злато и лорандит, сѐ погласно е барањето на неколку американски, канадски и руски фирми за ископ на македонскиот метал, пред сѐ бакарот и златото, кој, според нивно истражување, го има во големи количества во делот околу селото Иловица на Огражден, помеѓу Конче и Штип кај Боров Дол, како и она во Пехчево познато како Кадиица. Илјадници милиони евра лежат во македонските ридови и чекаат доделување концесија на заинтересираните фирми за експлоатација.

Во Иловица истражувања

Засега е познато дека американската „Фелпс доџ Вардар“ од 2004 година интензивно врши испитување на повеќе локации на планината Огражден, особено во близината на селото Иловица. Се бараат злато и бакар, бидејќи добиле информација дека на Огражден се крие огромно богатство од бакар што имал значителен процент на злато. Тоа го покажале и испитувањата преку неколкуте дупчења направени досега. На длабочина од 800 метри добиле смеса полна со бакар и злато. Процентот на бакар и на злато бил многу поголем од оној во рудникот „Бучим“ во Радовиш. За оваа активност државните органи досега не сакаат многу да откриваат.

- Фирмата „Фелпс доџ Вардар“ веќе има концесија за вршење детални геолошки истражувања и истата фирма има доставено барање за доделување на концесијата за експлоатација. Токму ова барање е во постапка на решавање. Постапката за доделување на концесијата е во тек, односно се усогласува просторот со неопходните мислења од надлежните органи. Во согласност со Законот за минерални суровини прво е потребно да се регулира концесијата за експлоатација, а потоа следува регулирање на дозволата за експлоатација - велат во Министерството за економија.

Седумгодишните истражување во атарот на селото Иловица во општината Босилово покажаа дека во блиска иднина овде ќе никне еден од најголемите рудници за бакар и злато во Југоисточна Европа. Во поголемиот дел од вкупно триесетина дупчења, од кои најдлабокото е близу 700 метри, утврдени се рудни резерви на бакар и злато, кои, во согласност со содржините на металите во рудата и нивната континуирано растечка цена на светската берза на метали, се мошне погодни за економска експлоатација.

- Сѐ уште е рано да се зборува за бенефиција, од причина што сѐ уште не е подготвена техничка документација за проектот, според која би имале претстава за сето она што се планира да се реализира како дел од проектот. А подготвувањето на техничката документација е неопходен дел од постапката за регулирање дозвола за експлоатација, што е следна фаза по добивањето концесија за експлоатација, што е моментално во процес на решавање - велат од Министерството за економија, каде што се работат сите постапки.

Вработување на 700 лица

Истражувањата покажале дека содржината на бакарот се движи од 0,19 до 0,30 проценти по тон руда, а на златото од 0,20 до 0,45 грама по тон руда. Овие содржини се побогати и повеќе ветувачки ако се споредат со содржините на бакар и злато што се експлоатираат во „Бучим“, единствениот рудник за вакви метали во Македонија. Во овој рудник од тон руда се добиваат 0,22 проценти бакар и 0,22 грама злато.
Локалитетот Иловица по количеството на рудата што се очекува да биде многу голема, би требало да биде едно од најголемите рудни наоѓалишта за бакар и за злато во Југоисточна Европа. Експертите што ја следат оваа проблематика велат дека рудникот може да иницира и изградба на топилница за бакар на наша територија, што би значело огромен економски бум не само за тој регион туку и за целокупната држава. Според првичните информации и предвидувања, рудникот во Иловица ќе има капацитет од 20.000.000 тони руда годишно, а инвестицијата за изградба на рудникот би била околу 627.450.000 американски долари. Ќе се вработат околу 700 лица што со солидна работа ќе ја вратат инвестицијата на инвеститорот за четири години.

Богатството на Кадиица

На врвот Буковиќ кај Пехчево, каде што се спојуваат Малешевските Планини и планината Влаина, на надморска височина од 1.700 метри, минатата година почнаа геолошки истражувања за новиот рудник за бакар „Кадиица метал“.

Ако се покаже точно дека станува збор за богатство од околу 100 милиони тони оксидна бакарна руда, тогаш ова подрачје ќе живне во економска смисла, а позитивно ќе влијае и на економската состојба на целава држава, вели Николајчо Николов, претседател на Македонска асоцијација на рударство и директор во „Бучим“

- До крајот на годинава ќе бидат познати првите резултати од истражувањата што се во тек, по што може да почне изградба на нова фабрика за оксидно-бакарни руди. На овој терен очекуваме околу 100 милиони тони сурова руда - вели Николајчо Николов.

Засега единствена пречка за да се доведат докрај истражувањата во местото Боров Дол во близината на Конче се археолошките ископувања што не се завршени.

- Нерешениот статус на археолошкиот локалитет е за местото каде што треба да се лоцира рудникот. Ние вложивме 60.000 евра во археолошките истражувања за побрзо да завршат, но досега нема ништо. Овој рудник содржи околу 40 милиони тони руда, а ќе работи во склоп на рудникот „Бучим“ од 2020 до 2030 година - информира Николов.

Од десет квадратни километри простор на кој ќе се вади бакарна руда, две третини се во општината Конче, а една третина во штипскиот атар.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42412912144&id=10&prilog=0&setIzdanie=22563
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 03-May-2012 at 18:34

Како да профитира државата од рудникот кај Иловица?!

Катерина Попоска
Експертите потенцираат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот инвестититор е да произведува рафиниран, чист бакар, а не само да го ископува и да го извезува рудното богатство, кое се проценува дека е најмалку четири пати поголемо во споредба со радовишки Бучим

фото: Филип Поповски

Државата не сме да дозволи потенцијалниот инвеститор во рудникот кај Иловица да профитира на штета на државата, предупредуваат геолозите и рударските експерти. Откако „Капитал“ неодамна ги обелодени ексклузивните информаци од десетгодишното истражување на рудното богатство под Огражден, експертите алармираат дека Владата мора да води сметка за државните интереси при издавањето концесија за експлоатација на најмалку 790.000 тони бакар и 130 тони злато кај Иловица. Во спротивно, штетите ќе се бројат во милијарди евра. Според сегашните цени на бакарот и на златото на светските берзи, ова македонско Елдорадо „тежи“ неверојатни 10 милијарди евра! Експертите потенцираат дека најмалку што може да се бара од потенцијалниот инвестититор е да произведува рафиниран, чист бакар, а не само да го ископува и да го извезува рудното богатство, кое се проценува дека е најмалку четири пати поголемо во споредба со радовишки Бучим.

Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет, Александар Димитров, за „Капитал“ предупредува на можните грешки при давањето под концесија на рудникот кај Иловица, за да избегне склучување на „штетен договор“ за македонската економија. Внимателно со издавањето дозвола за експлоатација на рудникот во Босилово, порачува Димитров, кој додава дека токму од начинот на експлоатација на рудното богатство кај Иловица и од видот на дозволата ќе зависи колку ќе профитира Македонија на подолг рок.

„Државата треба да го обврзе инвеститорот да го затвори целиот циклус на производство на катоден чист бакар - од ископ на руда и производство на бакарен концентрат до негова преработка, до метален бакар и метално злато и производство на финални производи, како бакарни жица, бакарни кабли, трансформатори, електромотори и многу други производи од бакар и бакарни легури. Многу е важно при доделувањето на дозволата да се инсистира, односно во договорот инвеститорот да се обврзе дека во текот на експлоатацијата на рудникот и изградбата на производните капацитети ќе ги примени највисоките стандарди за заштита на животната средина. Само на овој начин во околината на Струмица, покрај рудникот, ќе се изградат фабрики во кои директно ќе се вработат неколку илјади работници, а индиректно во Струмичко и во цела Македонија за овие фабрики ќе работат неколку десетици илјади работници. Ова е важно затоа што искуството покажува дека ако на самиот почеток не се постават овие правила, тогаш може да ни се повторат катастрофалните грешки направени со изградбата на некои индустриски капацитети во минатото“, оценува Димитров.

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, обелодени дека канадскиот инвестициски фонд Еуромакс веќе е во постапка за добивање концесија за експлоатација на рудното богатство кај Иловица. Оттаму потврдуват дека веќе ги скенираат сите информации од целокупниот извештај на Фелпс Доџ Вардар, компанија која од 2002 година почна да ги истражува скриените рудни богатства во Струмичко, а веќе од лани е сопственост токму на канадски Еуромакс.

„При дупчењето на првата дупка резултатите вклучуваат 345 метри бакар со концентрација од 0,24% и злато во износ од 0,32 грама на тон, како и 153 метри концентрации на бакар од 0,3% и злато во износ од 0,45 грама на тон. Во втората дупка, која се наоѓа на јужниот дел од наоѓалиштето, е откриена 413,6 метри сулфидна минерализација до нивото од 0,19% бакар и 0,20 грама злато на тон“, пишува во извештајот на Еуромакс.

Иако потенцијалниот инвеститор во Иловица, Еуромакс, не кажува колку би ги чинело отворањето на надворешен ископ на рудата, анализирано според досегашните рудни резерви на кои лежи Огражден, познавачите проценуваат дека отворањето рудно окно и фабрика за производство на бакар би чинело околу 700 милиони евра.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83583/kako_da_profitira_drzhavata_od_rudnikot_kaj_ilovica_!.aspx?iId=2717

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 07-May-2012 at 18:13

Поништен тендерот за продажба на Тајмиште поради голем интерес на странски компании

Тендерот за продажба на рудникот Тајмиште поништен. Според првичните информации надлежните институции на овој чекор се одлучиле од две причини.

Прво, неочекувано за реактивирање на рудникот има голем интерес од познати странски компании. Тие бараат почетната цена да биде повисока од утврдената во поништениот тендер кој заврши на 4 овој месец.

Второ, познати светски корпорации побарале приоритет во новите услови задолжително да биде изградба на топилница близу ископот.

Процените се дека инвестициониот влог и бројот на вработените ќе биде многу поголем од досега планираните 300. До 20 јуни сите заинтересирани ќе треба да ги достават понудите, а владата да реши кога ќе го распише тендерот.

Тајмиште располага со 150 милиони тони високо квалитетна железна руда. Идниот газда без проблеми би можела да работи 30 години и покрај резервите кои гарантираат сигурна експлоатација од 100 години.

Поради тоа Тајмиште го меркаат познати компании од Америка Турција, Англија, Бразил, Мексико, а деновиве интерес пројавиле и компании од Русија и Кина.

На Тајмиште чека и Кичево. Ќе бидат вработени најмалку 500 работници, а во следната година уште 100 работници во рудникот за железо.

Индиректно во производниот процес преку други фирми со 500 вработени кои ќе бидат ангажирани околу експлоатацијата и функционирањето на рудникот и топилницата.

Зоран Момироски

07.05.2012, 18:20
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=90983
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 08-May-2012 at 16:04
ne znam so koj pamet se prodavat vakvi resursi koga trebat da ostanat vo drzavni race i na ovoj, izvini za off-topic..
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 12-May-2012 at 07:37

Огражден ќе стане најголем рудник на злато

Кај струмичкото село Иловица се кријат резерви од 505 милиони тони бакарна и златна руда

Иван Бојаџиски



Штип – Со инвестицијата од 700 милиони евра за нов рудник за бакар и злато ќе се заокружат осумгодишните геолошки истражувања на планината Огражден кај струмичкото село Иловица. Испитувањата потврдија дека на оваа локација се кријат резерви од 505 милиони тони руда. Податоците ги потврдуваат минатогодишните истражувања, но надлежните соопштуваат дека има простор за откривање нови количини. Новиот концесионер, канадската компанија „Еуромак ресурсис“, кој ја купи македонската подружница на американската фирма „Фелпс Доџ“, е подготвена кај Иловица да изгради рудник. За тоа е информирано и Министерството за економија, од каде што се чека одобрување на барањето за концесија, обелоденија луѓето од оваа компанија.

„Осумгодишното истражување само ги потврди нашите поранешни претпоставки дека на Огражден има импозантни резерви на бакар и злато кои се најголеми во Југоисточниот дел на Европа. На крајот од годинава дојдовме до резултат кој ни гарантира производство на 917.000 тони бакар и на 134.475 тони злато. Со нови, дополнителни истражувања, овие вредности можат значително да бидат зголемени, но сега е веќе јасно дека треба побргу да се помине на втората фаза, односно на добивање концесија за експлоатација што ќе значи изградба на нов рудник за бакар и злато“, вели Марин Александров, доктор по геологија, стручен консултант на компанијата која инвестира во геолошките истражувања.

Американската компанија „Фелпс Доџ“ уште во 2000 година пројави интерес за геолошки истражувања на Огражден, но концесијата ја доби дури четири години подоцна. Од тогаш до крајот на минатата година, со мали прекини, главно преку зима, се извршени ископи од над 1.500 метри.

„Откако ги констатиравме вредностите го изработивме елаборатот за геолошките рудни резерви и го доставивме до Министерството за економија. Во елаборатот се содржани сите испитувања, студијата за изводливост, како и студијата за влијанието на новиот рудник врз животната средина. Компанијата ’Еуромак ресурсис’, уште во ноември минатата година до Министерството за економија има поднесено барање за концесија за експлоатација и сега се чека на решението за кое компанијата е убедена дека ќе биде позитивно“, појаснува Александров.

Според елаборатот направен од компанијата, во услови на проектирана годишна експлоатација од 20 милиони тони руда, рудникот, со сега утврдените резерви и резервите кои допрва ќе се утврдуваат, ќе може да работи над 50 години. Двата најголеми рудници за бакар во Југоисточна Европа се во Бугарија. Тоа се „Асарел“ и „Елаците“, кои на годишно ниво преработуваат по 12 милиони тони руда, за осум милиони помалку од проектираната вредност на „Иловица“. Единствениот македонски рудник за бакар и злато „Бучим“ има за петпати помало годишно производство од она кое ќе го остварува новиот рудник со кој ќе бидат оддалечени само 40 километри.

Комплексот „Иловица“, според проектот, ќе зафаќа површина од 15 квадратни километри од кои 11 километри ќе бидат под објекти. Во овој рудник ќе има меѓу петстотини и илјада вработени, што ќе зависи од технологијата со која ќе се работи. „Иловица“ ќе има и индиректно значење за развојот на регионот бидејќи за своите активности ќе поврзува и многу други фирми со што бројот на семејства кои економски и социјално ќе профитираат ќе биде значително поголем. Александров смета дека отворањето на новиот рудник, за што е потребно време од најмалку пет години, ќе го актуализира и прашањето за изградба на топилница за бакар, со највисоките технолошки и еколошки стандарди, со што би се отворила можност за неколку стотици нови вработувања.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EC2A8C453433784EA6CFCEC029BEF21F
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 18-May-2012 at 19:37

СЕ РЕСТАРТИРА НАЈГОЛЕМИОТ РУДНИK ЗА ЖЕЛЕЗО ВО ЗЕМЈАТА

Резервите во „Тајмиште“ повторно интересни

За рудникот, кој беше затворен пред 20 години, се интересирале компании од Турција, Индија, Русија, Украина, Норвешка и една наша фирма


По 20 години откако беше затворен, рудникот „Тајмиште“ кај Зајас кој во минатото важеше за најголем рудник за железо во Македонија ќе биде рестартиран. Владата вчера распиша јавен повик за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини во „Тајмиште“ за период од 30 години, со можност истиот да биде продолжен за уште еден период, но не подолг од 30 години.

- Иницијативата за рестартирање на рудникот дојде од компании од други земји. За него кај нас се интересираа фирми од Турција, Индија, Русија, Украина, Норвешка и една наша фирма, вели министерот за економија Ваљон Сараќини.

Според министерот, во овие разговори како можна инвестиција била спомнувана сума од 150 милиони долари за негово рестартирање и отворање на околу 1.000 работни места во период од четири години. Сараќини посочува дека како услов кој од наша страна се поставува на идниот концесионер е за пет години да отвори капацитет за преработка на железото, што ќе значи и дополнителна инвестиција и отворање нови работни места.

Иако експлоатацијата во „Тајмиште“ беше прекината пред две децении, се проценува дека тој с` уште има резерви кои за денешните услови и за цените на светските берзи се интересни за експлоатација. Содржината на железна руда се движи 29-32 отсто и содржината на железо во концентрати добиени со сепарација се движи 38-42 отсто. Според студијата и истражувањата кои за овој капацитет беа правени во шеесеттите години од минатиот век од страна на „Рудници и железарница - Скопје“, минералните слоеви почнуваат на длабочина од неколку сантиметри па до длабочина од повеќе од 20 метри. Во однос на минералниот состав, евидентирано е присуство на силикати на железо и на сидерит.

-Процените се дека овој рудник има резерви на железна руда за период од 150 години, вели Сараќини.

Познавачите на овој бизнис велат дека „Тајмиште“ ја има целата потребна инфраструктура, вклучувајќи го и објектот во кој би можела да се преработува, а исто така постои и железничко поврзување до Скопје. Ваквата руда инаку нема да биде интересна за користење во постојните челичарници, бидејќи тие работат со технологија за добивање челик со преработка на старо железо. Вака добиената руда треба да се преработува во челичарници со класична технологија, односно со високи печки. Во светот околу 60 отсто од челичарниците работат со оваа технологија, додека 40 отсто преработуваат старо железо.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01F4152438379146A0A1C61DED11F6F3

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 18-May-2012 at 19:38

„Еуромакс Рисорсис“ продолжува со нови дупчења на Иловица

Канадската компанија „Еуромакс Рисорсис“, која истражува бакар и злато во месноста Иловица во југоисточна Македонија, од своето седиште во Ванкувер, Бритиш Колумбија, извести дека започна со нови дупчења на длабочина од 4.000 метри во правец на југ-југоисток од досегашните истражувања, а со оглед на тоа што податоците од досегашните истражувања индицираат значителен потенцијал за зголемување на ресурсите во оваа насока.

Иако проширувањето на минерализацијата во овие насоки би можела да се наоѓа на поголема длабочина од досега откриените ресурси, новите можни ресурси, кои се добиени преку моделирање би можеле да покажат дека и дупчењето во оваа насока може да произведе ресурси исплатливи за експлоатација и потенцијално да направи експанзијата на актуелните проценети ресурси ако истражувањето се покаже успешно.

Првото дупчење со шофра EOIC-1229 (види карта) е вертикална дупка која претставува исчекор од 200 метри од најблиската досега направена дупка и во моментов е на длабочина од 400 метри.

„Еуромакс Рисорсис“, минатиот месец првпат по 3 години објави сеопфатни резултати од своите истражувања извршени преку дупчења. Според проценката за дедуцирани (имплицитни) ресурси, до кои е дојдено според меѓународните стандарди кои се користат при ваквите истражувања, откриено е присуство на 789 илјади тони бакар и 130,6 тони злато.



 

Фотографии долу: брдото на Иловица, одрон на Иловица, патот до Иловица и жили со наоди од руда на Иловица

http://www.plusinfo.mk/vest/43231/Euromaks-Risorsis-prodolzhuva-so-novi-dupchenja-na-Ilovica
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 18-May-2012 at 20:10
лично се знам со сегашниот директор на `Тајмиште` кој ми кажуваше дека првата шанса за рестартирање на рудникот се имаше во 1999-2000 година кога го повикал тогашниот премиер Љупчо Г. и му побарал физибилити студија за исплативоста на повторното отварање на рудникот ,нормално со тогашните цени на железото кои беа доста пониски од сегашните.после тоа премиерот бил многу задоволен од прикажаното за исплативоста на рестартирањето на рудникот,и биле предвидени пари од продажбата на телекомот за рестартирањето.после тоа знаеме во какви води влезе РМ во 2001 и за какви глупости се потрошија парите.и така си живеевме до крајот несреќен живот во Кичево
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 22-May-2012 at 13:24

Фабрика за железна руда - услов за да проработи Тајмиште

Катерина Попоска
Покрај најавата за повторно експлоатирање на железната руда кај Тајмиште по 15 години, геолозите и металурзите најавуваат отворање на неколку нови рудни окна за бакар, злато, железо и никел

150

милиони тони
квалитетна железна руда најверојатно крие Тајмиште

789

тони бакар
и 130 тони злато се потенцијалите на сè уште неотворениот рудник кај Иловица

100

милиони тони
рудни резерви најверојатно крие Кадиица

Владата наметнува нови обврски за искористување на железната руда кај локалитетот Тајмиште, кај Зајас. Изградба на фабрика за преработка на железната руда и вработување на околу 1.000 луѓе во првите пет години е најновиот услов за заинтересираните инвеститори што сакаат да ги експлоатираат рудните богатства од Тајмиште.

Иако веќе една индиска, две турски и две домашни компании веќе подигнале тендерска документација за да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште, Министерството за економија ја прекина постапката и почна нова. Со новите услови државата сака да се осигура дека концесионерот нема само да ја експлоатира и да ја извезува железната руда, која се проценува на околу 150 милиони тони.

„Владата одлучи да ја прекине постапката за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини и да почне нова, во согласност со која се воведуваат нови услови за инвеститорот. Обврска за идниот инвеститор е да изгради погон за преработка на рудите на железо, што ќе придонесе за отворање нови работни места, односно зголемување на бројот на вработени“, кусо објаснуваат од Министерството за економија.

Преку новиот повик Министерството бара заинтересираните инвеститори за Тајмиште да одлучат дали сакаат максимум 60 години да ја искористуваат железната руда од Тајмиште. Иако од Министерството не ја откриваат проценетата вредност на локалитетот и на минералните суровини, токму највисоката понудена цена ќе биде пресудна кој во следните 60 години ќе стопанисува со рудното богатство кај Кичево. Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие висококвалитетна железна руда доволна за рудникот да работи во следните 150 години. Тајмиште не работи веќе 15 години.

Покрај Тајмиште, Министерството за економија нуди концесија и за отворање рудник кај Иловица, Струмичко. Се проценува дека овој рудник крие 790.000 тони бакар и 130 тони злато. За добивање концесија е заинтересиран канадскиот инвестициски фонд Еуромакс. Од фондот објавуваат дека ќе почнат со нови дупчења на длабочина од 4.000 метри во правец југ-југоисток од досегашните истражувања.

Стигнуваат и најави за отворање рудно окно кај локалитетот Кадиица, Пехчево. Деталните геолошки истражувања на неколку заинтересирани инвеститори, кои се кријат од јавноста, треба да покажат дали ќе се отворат и четири нови рударски окна во околината на Прилеп, Кичево и Кавадарци. Последните информации од геолозите во земјава се дека кај локалитетите Ракле и Црна Тумба во околината на Прилеп најверојатно има големи наоѓалишта на никел и железо. Кај локалитетот Арничко пак, во близина на Кавадарци, геолозите навестуваат дека длабоко под земјата најверојатно има резерви на хром. Истражувањата треба да покажат и дали кај локалитетот Стрелци во Осломеј може да се ископа значајно количество молибден и други метали.

Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, за „Капитал“ вели дека можното отворање нови рудници е значаен момент за рударството и за неговиот понатамошен индустриски развој.

„Во последните 5-6 години во Македонија не е отворен нов рудник. Очекуваме позитивни резултати затоа што ќе се отвораат нови фирми, а тоа ќе значи и нови вработувања и поголеми приходи во државниот и во општинските буџети од концесиските надоместоци“, вели Николов.

Отворањето нови рудници во земјава може значително да влијае на македонската економија, ако се земе предвид фактот дека во 2009 и 2010 година рударството учествуваше со 19%, односно со 18,2%.

http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/84311/fabrika_za_zhelezna_ruda_-_uslov_za_da_proraboti_tajmishte.aspx?iId=2747

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 22-May-2012 at 16:01
ова е паметно,да не се ставиме во позиција како Фени што зема само руда од Албанија и други држави и рудата ја топи овде,и нормално овде се прават пари.во случајот со фени РМ е во добивка,но можи да се случи со тајмиште и останатите рудници да е обратно.рудата да заминува од РМ во вагони.

грешката е што оваа мерка небила предвидена во веќе објавениот тендер,па целата работа ќе закасни една година
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.