build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Предлог: Турбо кружен тек (3 краци)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Предлог: Турбо кружен тек (3 краци)
    Posted: 14-Oct-2011 at 02:41
Се обидов малку да го разработам турбо кружниот тек кој е наменет за прекрсување на булевар со споредна улица, односно два примарни крака и два споредни. Тука се работи за три примарни, одноно од исто значење. Скопје има две вакви раскрници поголеми, онаа кај Влада и онаа на Тобако во Аеродром. Да не објаснувам многу сликата нека каже, внимавав на евентуални конфликтни точки при влез и излез, освен нели стандардните кои ги има на влез и каде е регулирана предноста. Процентите се одлив од вкупно 100,00% прилив, при еднаков прилив на сите три ленти, односно капацитет на кружниот тек колку може да опслужи, не познавајќи ги конкретните приливи на конкретни раскрсници.

Една интересна работа која ја има кружниот тек е што за вртење кон лево има две можности прикажани на сликата иако за црвената никој не би имал мотив да ја користи зашто ја има третата која е целосно одвоена од кружниот тек. Но сепак се дадени два одлива во проценти и средниот одлив во заграда.

Тоа што ме натера да ја разработам оваа опција е најавата за изградба на класичен кружен тек кај Влада со новата сообраќајница, која сепак не вклучив тука зашто нели се работи за хипотетичко решение и затоа е надвор во нова нишка, не раговараме за конретен постоечки или иден проект туку концептуално како предлог.

Сепак не сум сообраќаен инженер ниту па имам можност да извршам симулација за како ова ќе функционира, иако се обидувам да преведем некоја метода од други обласни на инженерство врз раскницава, но како за естетски бенефит, без притоа многу да се влијае на сообраќајните карактеристики позитивно или негативно, ова е добро решение. Сепак мислам дека од сообраќаен аспект ваквите раскрници најдобор се регулираат со семафори, но за во град не е лошо малку и за естетика да размислиме, доколку на конкретна локација е можно и просторно и без да се влијае на сообраќниот аспект.



Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.