build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар Хасан Приштина(Качанички Пат)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Хасан Приштина(Качанички Пат)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар Хасан Приштина(Качанички Пат)
    Posted: 06-Apr-2023 at 14:19
Од ФБ на Артан Груби, мислам дека беше време..
--------------------
Владата веќе наменски додели 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот "Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат “Качанички пат" (во Визбегово) до скопската обиколница.

Во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот.


Edited by my Macedonia - 06-Apr-2023 at 14:19
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Apr-2023 at 17:08
ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ДАДЕ НА АРСОВСКА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТОТ КОН КОСОВО ДА ГО НАПРАВИ БУЛЕВАР, ОБЈАВИ ГРУБИ



Владата ќе му даде на Град Скопје три милиони евра за реконстукција и проширување во булевар на Качанички пат, објави денеска на својот фејсбук профил вицепремиерот Артан Груби, кој се пофали дека се одобрени дополнителни пари за да се реконструира патот кон Косово.

„Во разговорот со градоначалничката Данела Арсовска, која е одговорна за реализација на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за почеток и доизградба на оваа важна сообраќајна артерија кон градот“, напиша Груби.

Владата, како што вели Груби, веќе дала три милиони евра на Град Скопје за овој проект, а со овие дополнителни 3 милиони евра вкупно се дадени 6 милиони евра колку што е вредноста на проектот.

За Качанички пат или улица Хасан Приштина нема проект, што значи дека допрва Град Скопје треба да распише тендер за проектирање и изградба на булеварот.

Овој потег сега е во очајна состојба, патот е со дупки, асфалтот е распукан, нерамен, насекаде има ѓубре и се крева прашина, бидејќи нема пешачки патеки туку земја.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-ke-dade-na-arsovska-3-milioni-evra-za-patot-kon-kosovo-da-go-napravi-bulevar-objavi-grubi/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Apr-2023 at 11:29
Едноставно клучката на пресекување помеѓу обиколницата и овој пат мора да биле полна детелина и никакви други компромиси. Тоа што е направена грешка при изведбата на обиколницата и не е направена тогаш целосно клучката е голема грешка што сега е единствена шанса да се исправи. Никакви изџвакани кривини и кружни текови не требаат, локални бизниси ако треба ќе се поврзат и ќе добијат излез на автопат преку околна патна мрежа на подалеку од клучкава.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1144
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Apr-2023 at 16:37
Тешко тоа да се реализира. Барем ќе одат со средишно зеленило што ќе спречи дифтарски потези како на Пластичарска (ако може да се верува на скицата во темата за Момин поток, за делот до бул. Словенија).
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Apr-2023 at 17:02

Од скицата мене ми изгледа како средишно зеленило да има до пругата, а потоа низ индустриската зона се стеснува булеварот. Dunno
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Jul-2023 at 10:09
Проблеми во проширувањето на „Качанички пат“ – Арифи: Узурпирано е државно земјиште, треба итно да го ослободат



https://mk.tv21.tv/problemi-vo-proshiruvaneto-na-kachanichki-pat-arifi-uzurpirano-e-drzhavno-zemjishte-treba-itno-da-go-oslobodat/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20752
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Nov-2024 at 17:50
Ќе се реконструира и проширува булеварот „Хасан Приштина“, од клучката со булеварот „Словенија“ до обиколницата

Град Скопје ќе го реконструира и проширува булеварот „Хасан Приштина“, познат како Качанички пат, на потегот од клучката со булеварот „Словенија“ до обиколницата. За таа цел, распишана е јавна набавка за избор на најповолен изведувач – фирма.

– Реконструкцијата опфаќа проширување на постојниот профил на булеварот во ширина од 20 метри и опфаќа четири сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри, разделен појас од два метра и зелен појас по двата надворешни раба, во ширина од два метри – информираа од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека должината на транзитната магистрална улица е 3.462 метри.

– Проектот е започнат минатата година. Во тоа време се изготвуваше проектната документација за овој сложен проект, чија изградба е предвидена по завршувањето на постапките – потенцираат градски власти.

На 20 јануари годинава, Град Скопје склучи договор во вредност од 7,7 милиони евра, со фирмата „Бауер“, за изградба на клучка на булеварот „Словенија“, на вкрстувањето со Качанички пат. Станува збор за втората фаза од проектот – изградба на клучка и булевар на потегот од Момин Поток до булеварот „Словенија“, со цел растоварување на сообраќајот во овој дел од градот.

Парите за овој проект Град Скопје ги доби од Владата. Се работи за вториот дел од проектот за проширување во булевар на Качанички пат, кој сега се вика улица „Хасан Приштина“ и за изградба на клучки кај Момин Поток и на булеварот „Словенија“. Клучката кај Момин Поток почна да се гради во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Во август лани, Градот, конечно, по две години градба, го заврши кружниот тек кај „Хубо маркет“.

https://www.vecer.press/ke-se-rekonstruira-i-prosiruva-bulevarot/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Nov-2024 at 21:12
Ова ќе биде некоја импровизација од типот Првомајска како компензација за Јужен Булевар во источниот дел, или Теодосиј Гологанов како компензација за ЈУжен Булевар во западниот дел. Или по едн алента за паркирање на пластичарска наместо 3+3 булевар со ограда. Така и тука, ќе се заташка нешто наместо сериозно решение. И тоа што го замислуваат ќе заглави со години како ПРвомајска пред Драчево.
А што убаво имаше идеја да се протне саглам булевар меѓу Визбегово и Бардовци до обиколница!
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.211 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.