Именување на улици и објекти |
Post Reply | Page 123 15> |
Author | ||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#1 Topic: Именување на улици и објекти Posted: 20-Aug-2008 at 01:26 |
|
ПО 17 ГОДИНИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА Градот конечно официјално ќе ги крсти улиците За две години пристигнаа околу 7.000 предлози за измена на имињата на 700 улици, вели Иван Катарџиев, претседателот на Комисијата за именување улици Во наредниот месец, по 17 години, улиците во Скопје
ќе добијат официјални имиња. Комисијата за именување улици во рамките
на Град Скопје ќе го достави на усвојување пречистениот список со улици
на Советот на град Скопје. Откако градскиот совет ќе го прифати
предлогот, во регистарот ќе бидат официјално запишани новите имињата на
улиците.Од Градот објаснуваат дека многу од нив биле сменети во 1996
година со Одлука на Советот, но дека таа паднала на Уставен суд поради
неусогласеност со законот. Оттогаш, во градот владее хаос со имињата на
улиците.Некои граѓани ги знаат улиците по новите имиња, а други по
старите. Особено деликатно е за странците, имајќи предвид дека на
мапите се испечатени нови имиња, а по улиците се останати стари табли.
Како пример може да се посочи булеварот Октомвриска револуција во
Карпош 3, кој е преименуван во 8 Септември, а никаде не го пишува тоа.
Или улицата Иво Лола Рибар, која по ново се вика Теодосиј Гологанов. Од Градот објаснуваат како течела процедурата за
систематизација на имињата од предлозите доставени од граѓани и правни
лица. Најпрво Комисијата побарала од Секторот за комунални работи на
Град Скопје да изврши систематизација на предлозите по азбучен ред, врз
основа на тоа дали се поднесени од физички или од правни лица.
Редоследот се правел и врз основа на областа на која се однесуваат,
односно дали се предлози од областа на историјата, културата, уметноста
и друго. Потоа било побарано да се достават мислења од релевантни
научни и образовни институции по основа на пристигнатите предлозите. Јорданка Ивановска |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #2 Posted: 30-Aug-2008 at 21:09 | |
КОМИСИЈАТА ЗА ИМЕНУВАЊЕ УЛИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ГРАДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДО 15 СЕПТЕМВРИ
Џорџ Буш и Бил Клинтон ќе добијат улица во Скопје До Комисијата за именување улици во Советот на Скопје стигнале околу 2.000 предлози за преименување на веќе крстените улици, како и за именување на оние што досега немаа име Комисијата за именување улици во Советот на Градот добила околу 2.000 предлози за промена на имињата на улиците во Скопје, како и за именување на оние улици што сега немаат име туку само технички број. Иван Катарџиев, претседател на Комисијата за иаменување улици, вели дека до средината на следниот месец Комисијата треба да одржи седница на која ќе се изјасни по предлозите и ќе состави конечна предлог листа која ќе ја даде на разгледување во Советот на Скопје. "Што и како ќе одлучиме не знам, бидејќи има многу деликатни предлози, како што е барањето да се преименуваат улиците Цветан Димов и Крсте Петков Мисирков во Чаир и да носат имиња на некои турски паши. Исто така проблематично е барањето некои улици да добијат имиња на нашите бранители, бидејќи ако го прифатиме ова барање, ќе мора да прифатиме и некои улици да ги носат имињата на борците на ОНА. Општина Чаир достави предлог за преименување на 140 улици, додека пак за Центар нема многу предлози. Имињата на некои улици се веќе надживеани и оправдано е тие да се променат, други пак воопшто немаат име", вели Катарџиев. Меѓу овие предлози се и оние своја улица во Скопје да добијат поранешниот и сегашниот претседател на САД, односно Бил Клинтон и Џорџ Буш. Катарџиев вели дека овие предлози Комисијата најверојатно ќе ги прифати, иако има градска одлука улиците да не се именуваат по живи луѓе. "Кога се работи за политичари кои бил благонаклони кон нашата земја и помогнале во нејзина афирмација и развој, не би требало да има проблем Буш и Клинтон да добијат своја улица", вели Катарџиев. Тој објасни дека откако Советот ќе одлучи по пртедлог листата, таа се дава во Владата на усвојување, а потоа повторно се враќа во Советот на Скопје. Катарџиев рече дека не може да каж е дали годинава конечно ќе заврши постапката за преименување на улиците во Скопје, бидејќи шест месеци пред избори не може да се носат вакви одлуки. "Следната година на пролет ќе имаме локални избори и согласно законското ограничување Комисијата ќе може да работи некаде до 20 октомври. Дотогаш комисијата ќе достави предлог листа до Советот на Скопје, но дали Советот ќе побрза да ја стави листата на дневен ред, не можам да кажам", вели Катарџиев. http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156301&idg=8&idb=2462&rubrika=Skopje |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #3 Posted: 30-Aug-2008 at 21:18 | |
Свесен сум дека форумов налага дистанцирање од политика, но ова го гледам како проблем на градот па затоа и ќе си дозволам на кратко да се осврнам на проблемот без искажување на личен став!. Не гледам проблем улици да носат имиња по македонски бранители. Не треба да се прави некој кантар со борците на ОНА. Како што ни е познато на сите во наредниот период треба да се донесе закон за оваа група на луѓе позната како "борци на ОНА", па во тој закон треба да бидат содржани сите вакви работи. Дали ќе има пензии или не. Дали ќе може да се крстат улици и инфраструктурни објекти или не. Со еден збор нивните права и обврски ќе се преточат во закон и ќе нема повеќе на своја рака да се превземаат потези. (иако се сомневам). Значи сега слободно може да се крстат улици по македонски бранители, ама нормално нема Дижонска да ја прекртат во "Брат Љубе". Треба во предвид да се има и демографската структура на градот. А за борците на ОНА ќе треба да се почека законот па ќе видиме дали и тие ќе се "удостојат" со ваквото право на именување улици по нив, или не! Нема да завземам став како треба да гласи законот, пошто сепак форумов не треба да служи за искажување лични политички ставови. Само сакав да се осврнам како тоа би требало да се реши на најлесен начин, без предизвикување непотребни доплнителни проблеми.
Неможам да заклучам на кој начин се јакне нашата меѓународна позиција. Подобро ќе биде да се тргнат сите имиња на странски политичари и револуционери*, одколку да се додаваат нови. Имаме сеуште улица "Чегевара" - јужноамерикански револуционер, "Хо Ши Мин" - виетнамски политичар, луѓе кои се косат со америчката политика. Како и да е....... у секој случај! * вклучувајќи ги и оние од СФРЈ кои немале директен удел за Македонија, а многу се такви. Ако постов не е во согласност со основните начела на форумот ќе го повлечам, но сметам дека е во согласност. Edited by lslcrew - 30-Aug-2008 at 21:39 |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #4 Posted: 01-Sep-2008 at 22:03 | |
ПО 15 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ЗНААТ НОВИТЕ НАЗИВИ НА ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ОБЈЕКТИ
- Имаме многу предлози од верски карактер. Иако ова се случува во сите делови на градот, посебно е застапено во Чаир каде се бара преименување на голем број улици и населби според имињата на џамии, борци на т.н. ОНА, или на личности од албанското минато. Има и барање за преименување на улици како што се Цветан Димов и Крсте Мисирков во име на бегови и паши од турската историја. Се бараат и нови имиња за месни заедници, за што би требало да се изјаснат самите жители. Секако има и барања за именување на улиците по македонските бранители, или пак, се бара целата населба кон Чаир да се преименува во Св. Богородица, вели Иван Катарџиев, претседател на комисијата за именување на улиците. Тој потенцира дека во Скопје има неколку стотини улици кои воопшто немаат име, туку се заведени под број, или пак улици како што е Сталинградска кои ги надживеало времето. Има и граѓани кои ја потенцираат потребата од поставување на имиња според големината и важноста на објектите. -Во Кисела Вода една уличка го носи името на Крсте Мисирков. Неприкладно е мала сервисна уличка од неколку метри да носи име на личноста која е од огромно значење за македонскиот идентитет, смета жител на Кисела Вода. Катарџиев, пак, напоменува дека сите барања ќе бидат внимателно
разгледани, при што нема да се дозволат конфронтации од политички или
верски карактер. По разгледувањето на предлозите, листата ќе биде
доставена до Владата, а ако биде одобрена таа ќе оди на усвојување пред
градските советници. Според надлежните во Градот, последната измена
била извршена 1996 година кога биле преименувани 34 улици, 7 булевари и
4 плоштади. Мостот "Октомвриска револуција" е преименуван во "8
Септември", а населбата Синѓелиќ во Методија Андонов-Ченто. Оттогаш е и
името на плоштадот Македонија, кое претходно било Маршал Тито.
Булеварот АВНОЈ тогаш е преименуван во АСНОМ, "Едвард Кардељ" во
"Александар Македонски", а ЈНА во "Свети Климент Охридски". Нови имиња
добија и булеварот Југославија, кој сега е "Никола Карев", а булеварот
"Маркс и Енгелс" стана ВМРО. |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #5 Posted: 06-Oct-2008 at 11:24 | |
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #6 Posted: 13-Oct-2008 at 18:07 | |
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #7 Posted: 06-Dec-2008 at 01:34 | |
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #8 Posted: 06-Dec-2008 at 02:04 | |
Јас велам да не ми го рчкаат мојот драг булевар Маркс и Енгелс, да ги остават на мира пошо баш се актуелни овие месеци на криза на капитализмот!
Се согласувам дека дел од имињата треба да се променат, посебно на оние револуционери од бившите братски републики, АМА ТОА ДА НЕ ОДИ ПО ПАРТИСКА ЛИНИЈА. Еве на пример Гемиџиите нека имаат булевар. Исто така можеме да крстиме некои булевари и улици по познати светски пејачи или групи, со што би привлекле внимание и туристи. Еве на пример улица БОБ МАРЛИ со еден споменик би ни довел светска слава! Ова не важи за ЏОРЏ БУШ и КЛИНТОН дефинитивно. |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 06-Dec-2008 at 02:18 | |
Нормално дека не треба да иде по партиски линија. Ова прашање е можеби за нијанска политичко одколку урбано. Се слагам од потребата улица да добијат гемиџиите и сличните дејци. Сепак без ралика на различните ставови, и "југословенското ропство"* е дел од нашата историја и не треба да го негираме параноично. Треба и тој период да си добие улици. Не гледам воопшто проблем доколку во Скопје има улица Тито. Сепак тоа е наша историја, може би заедничка со некој околу нас, но пак е наша историја. Исто така треба големината на личноста да соодветствува со големината на улицата.
Бојан се слагам дека треба да имаме и улици како "Боб Марли", "Бугарски пасош", "Криминална Транзиција", "Улица ФИРОМ", термини кои ја обележале најнова историја. Таквите имиња, помалку комични, се некако поблиски до народот пошто сепак е дел од нивниот живот и го имаат видено со свои очи. Ни треба по некое вакво име, ем за промоција на градов, ем онака чисто ради скеч. Но да не заборавиме и имиња како "Итар Пејо","Али Баба и 40 разбојници". А нормално треба да се најде место и за "Ѓорѓи Колозов" (мојот фаворит-царот) итн.... *Се мисли на егзистенцијално-економскиот аспект. Edited by lslcrew - 06-Dec-2008 at 02:19 |
||
Б.Ѓ.Т
Senior Member Joined: 15-Nov-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 311 |
Quote Reply #10 Posted: 06-Dec-2008 at 04:26 | |
a moze i grujo ke krsti edna ulica po nego,i brane itn.sekoe lice od parlamentot po edna ul.za da ne se raspravaat koja kako da se vika
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #11 Posted: 28-Dec-2008 at 23:03 | |
Јас ќе се прекрстам сам во Филип или Александар бидејќи очигледно се и секој во оваа земја ќе се вика така во блиска иднина....
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BF8801930BF6C344B62A5418CCC2853D |
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #12 Posted: 28-Dec-2008 at 23:36 | |
а пази го ова, ќе се вика Филип втори а внатре ќе има статуи од александар
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #13 Posted: 28-Dec-2008 at 23:52 | |
Апел до владата да престане да си игра Disneyland!
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #14 Posted: 28-Dec-2008 at 23:54 | |
Ништо ново... Наместо да се замислат и да видат дали можеби треба нешто да корегираат во ваквиот нивен пристап, кога ќе наидат на критика по правило тераат понатака со уште поголема мотивација. Баш добар и зрел пристап...
Веќе не е проблем само оваа „античка офанзива“, туку и тоталната неприкладност во тоа каде ја применуваат. Каде на друго место на планетава автопати и стадиони се именуваат по личности од антиката??? Она со автопатот на пример изгледа уште потрагикомично во контекст на тоа дека фондот за патишта уште не ја научил сопствената нумерација на патиштата (онака како што е нормално да се идентификуваат), што во последно време упорно ни го демонстрира со поставување неточни патокази. Ама кого го интересираат такви „банални“ работи кога може да се чукаме во гради дека имаме „Автопат Александар Македонски“, без разлика што тој автопат е далеку од докомплетирање, а со темпото со кое работат на случајот нема ни да биде готов во блиска иднина. Edited by Cloverstack - 29-Dec-2008 at 00:52 |
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #15 Posted: 26-Jan-2009 at 21:38 | |
Токму така именувањето нема никаква идеолошка заднина и е сосема на место. |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #16 Posted: 27-Jan-2009 at 01:14 | |
Сега малку отидовме накај именувањео улици и јас сакам да додама нешто досека сме тука, па после може на соодветно место да иде муабетов. Улиците освен што се користат за домашни херои и празници, често и се користат во мечудржавните заслуги. еве скоро Милошоски нешто Украина незнам некоја прича имаше. Тука се сеќавам виетнамски амбасдор ли делегат ли беше бил многу пријатно изненаден од улицата Хо Ши Мин и мислам дека дури и некаква донација ситна имаше за улицата...
|
||
anDarko
Senior Member Joined: 12-Oct-2008 Online Status: Offline Posts: 204 |
Quote Reply #17 Posted: 27-Jan-2009 at 09:57 | |
и јас само еден мини коментар сега и овде, иако не е темава за именувањето. Се плашам дека Ленинградска кај нас не е наречена според битката, туку едноставно според градот, кој повеќе така не се вика. Исто како само уште ние си имаме улица Титоградска! ...и Ленинова...и Маркс и Енгелс...и Социјалистичка Зора...и Иво Лола Рибар...итн итн...
има милион други имиња и начини за да се изрази нашата почит кон држава како Русија...Ленинград едноставно не е...останавме единствено ние (и уште единствено можеби Белорусија) кои од сите бивши комунистички држави во Европа ги задржавме идеолошки обоените улични имиња (кои се променети само на хартија).... али доста за ова, сосема друга тема е... |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #18 Posted: 24-Feb-2009 at 23:13 | |
Edited by lslcrew - 24-Feb-2009 at 23:14 |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #19 Posted: 24-Feb-2009 at 23:15 | |
"11 Октомври" како што наслушнав треба да биде "Никола Кљусев"! само незнам дали имињата на месните заедници кореспондираат со имињата на населбите, односно даи ова ќе бидат новите имиња на населбите?!
|
||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #20 Posted: 24-Feb-2009 at 23:32 | |
зависи по која логика се гледаат работите, пример ако драчево има една месна заедница и населбата ќе го носи тоа име, но доколку има повеќе месни заедници најверојатно се оди со некое трето име! ова сега незнам како е регулирана месната заедница според новиот закон за децентрализација, можно е и да си тера по старата дефиниција sr.wikipedia.org/sr-el/Месна_заједница, него мене ме чуди врз основа на што општинатиа си зема за право да именува МЗа кога за такво нешто логично е непосредно да одлучат самите жители на таа заедница!
|
||
Post Reply | Page 123 15> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |